Ми се случи два пати да ставам видео на стори,но видеото изгледа како да е снимено со алкател хаха мала шала. Има негде опција да биди видеото на стори исто како и што ми е снимено или такво ќе биди како снимено од стар телефон?
Прилично сум нова на инста па имав едно прашање Дали ако го направам профилот јавен ќе ми покажува ако некој што не ме следи или што нема инста ми ги прегледува објавите?
@Purplelilac уште едно нешто, доколку го направиш приватен профилот а сакаш да ставаш хаштази џабе е оти само следачите можат да ти ги гледаат објавите. @buba4e89 и мене ми се случува особено ако има многу сторина кочи и сам се исклучува инстаграмот.
@buba4e89 исто како што си го направила првиот така направи го и вториот профил. Само со друго име и емаил.
Кога ставаш видео на инста дали можеш да видеш кој го има видено? Оти отварам само покажува колку views има...
има ли опција да видам кој зачувал моја слика?Под сликата ми стои дека едно safe на сликата ми е направено ама не дава од кого е
Тоа е самата да си ја сејвнеш во твоја колекција.А нема опција да видиш кој ти ја сејвнал сликата.Само кој ти ја лајкнал.
@Feminka22 самата и немам сејф на своја слика секако направено.Немам потреба од тоа и онака ги имам сите тие слики во албум на моб.На ова мислев ова мислам покажува дека некој друг ја зачувал мојата слика.Тоа ме занимаше само дали може да се виде кој ама изгледа неможе.
На обична објава е ова? Јас со мојот телефон не добиваме апдејтс ама баш изгледа како да е зачувана, како што си правиме приватни албуми и колекции од работи кои сакаме да ги видиме пак. Разгледај во известувањата да не пиши од кој. Ако е story, тогаш немам идеа.
Ај кликни на тоа.Ако е празно значи сама си ја сејвнала.Врска немам искрено мислам дека нема талва можност.
@joy1 Дали профилот ти е бизнис профил? Бидејќи така излегува на бизнис профили колку што знам, другарка има таков и така излегувало ама не може да се виде кој ја има зачувано само колку мина.
Со многубројните слики во архива што ги имаме од скоро сите местенца низ градот, со другарка ми одлучивме да отвориме инстаграм профил каде што ќе правиме споредби. Ако ви се допаѓа идејата follow