Кога коментираш по giveaways ако оставаш повеќе коментари (нели дека повеќето бараат пријатели неограничено да тагнуваш) гледај да оставиш да поминат барем 10 секунди пред следен коментар, а не одма по претходниот. Така мислам дека нема да ти забрани Инстаграм коментирање. Би требало за брзо да ти ја тргнат забраната.
Ај само тоа,јас сум во Еу и другарка кога ми пишува кажува дека не може да ми прати нешто. Одредени инста профили воопшто не се достапни да ги гледам. Има други правила за еу на инста.
Има ли некој ист проблем како мојот, веќе подолг период не ми стигнуваат пораките. Кога ќе пуштам инстаграм тогаш стигнуваат, а некогаш тек откако се прочитани тогаш стигнуваат. Не знам до што е, пробав ја бришав апликацијата и пак ја симнував ама ништо.
Дали само кај мене е проблем инстаграмот? Значи не можам да кликнам на мојот профил, не ми дава да кликнам ни на срцето за likes, не ми дава ни да стиснам на лупата за да пребарам, значи ништо не ми дава, не знам зашто. Ја избришав апликацијата 2 пати и пак ја симнав, работеше се првите 3 мин, после пак исто. Ми стои само на почетна, можам reload да правам и сториња да гледам, ништо друго. Хелп
Ова го приметив пред некое време. Бројот на followers ми се менува. Еден ден имам едн абројка, друг ден имам друга, трет ден че се врати истата бројка и вкави варијации имам приметено во последно време, а немам инсталирано ништо за да имам повеќе followers. Еве пример, вчера и денеска. Утре или задутре пак ќе биде 862 и така се менува постојано. Дали сте приметиле нешто вакво кај вас или знаете зошто ова се случува?
Некој што те следи го деактивира, па го активира профилот и бидејќи веќе еднаш ти е следач, пак се појавува во бројката.
Aма не е еден, за 46 се работи одеднаш. Свесна сум за тоа што го зборуваш, ама кога од 816 се менува во 862 и обратно постојано, не верувам дека се работи за тоа.
Во последно време инстаграмот не ми функционира како што треба. Не сакаше да ми ги лоадира пораките од групите и го избришав па пак го симнав, и сега ми се вратила старата верзија. Го нема она реагирањето на пораки. Како можам да го апдејтирам?