Вака за некои поупатени да прашам. Во План ми е здравје боже да си отворам приватен бизнис профил Дали само може да ме следат за прв пат кога објавувам нешо? И дали строго приватен можам да го напрвам пошто сакам чисто жаенски профил да ми биде, блогот ке биде за жени.
Можно е да те имаат на мјут ставено. Има некои профили што премногу сториња ставаат и ради тоа ги ставам на мјут. Друга причина е алгоритмот на Инстаграм. Обично први сториња (како и постови) ги дава на оние со кои си најмногу во интеракција (лајкови, коментари, пораки и сл). Па ако тие следачи не се многу во интеракција со тебе не им излегуваш во првите, а понатаму можда не ни отвораат.
Ако сакаш да имаш бизнис профил мислам дека сеуште Инстаграм нема опција бизнис профилите да бидат приватни, само личните профили имаат опција за приватни.
Ако сакаш да го прошириш и развиваш твојот бизниз, подобро е да имаш бизнис профил, да така секој може да го гледа, ама од друга страна имаш предности: анализа на перформансите и публиката на твоите објави, избираш целна публика и буџет, Инстаграм после ги промовира твоите објави и сл.
Сакам да сликам со еден ефект на инстаграм,ама автоматски кога ке го отворам ми се исклучува апликацијата сама,зошто така?
Што е проблемот со инстаграмот? Во сите четови ми фалат постарите разговори, ми стои само нешто последно што сум муабетела. Ќе се среди ли или вака ќе си остане? Ми се скрши срцето зашто имав навистина драги муабети кои не сакам да ги снема Јас не ни приметив, една другарка приметила и ми кажа.