Сакам да одам на исповед. Како да закажам исповед, да ги прашам тие женичките што работат таму? Сакам и благослов да ми даде за велигденските пости, да ми прочита молитва. Се наплаќа сѐ тоа Често ги среќавам поповите надвор од црква, срам ќе ми биде да ги погледнам.
Ќе си појдеш в црква, кога ќе има служба (на пример в недела) и после службата ќе го замолиш попот да ти објасни и да се договорите. Нема што да се срамиш, поп ако ја издаде исповедта, во истиот момент имаш право да побараш да го расчини владиката и ќе го расчини. Патем сите сме грешни, така што и тие што ги мислиш дека се светци, кои одат в црква, не значи дека не направиле пострашни и поголеми гревови и од твоите. Да не те чуди ако и попот има направено такви беззаконија, така што не плаши се. Појди си в црква и исповедај се слободно.
Чувството на срам е нормално, но не треба да те спречи. Не се наплаќа, таман работа. Ако убаво ти тргне, ако си кликнете со попот ќе те води низ духовниот живот. Прашај кој било во црквата, ќе те насочи. Инаку што сè слушаат свештениците...
Мислењето ти е на место. Само ми се чудни одредени луѓе сакат да се исповедаат не идат во местото на живеење, туку идат во друг манастир, не сакаат во местото на живеење да се исповедат.
Може од повеќе причини, пример си нашле таму духовник. Мене лично ми е практично да е блиску. Имав искуство така на далечина, но доста комплицирано ми стана и фала Боги најдов во близина
Јас со тие што сум разговарал, причината била дека ги знаат и ги е срам пред тие да се отворат да си кажат.
Епа си го нашол одговорот. Чувството на срам е тоа што најчесто не` оддалечува од светата тајна исповед. Подобро е да се исповеда човек, кај некого во кого има доверба, отколку да не се исповеда зашто се срами. Моето мислење е дека секој треба да се исповеда кај својот парохиски свештеник. Воопшто да не оди по манастири за исповест, совет, извршување на други треби итн, освен ако сака/планира во иднина да се замонаши.
Нема потреба ништо да криеме за време на исповедта, треба да го надминеме ова искушение, бидејќи сите чувствуваме срам, прв јас: „Како да му кажам за ова?“ И во суштина, тоа не е голема работа. Поминува буквално една минута, момент - и човекот е слободен, а потоа размислува: „Па зошто ми беше толку тешко? Што ме мачеше?“ А ме мачеше ѓаволот, кој не сака да ја видиш светлината на светата и очистувачка исповед, да добиеш прошка и просветлување. Ѓаволот секогаш се радува на неискреноста. Крадците не крадат дење, но скоро секогаш ноќе. Така, демоните се кријат под превезот на неискреноста, напаѓаат оттаму и предизвикуваат штета. Старец Ефрем Филотејски Аризонски
„Леењето на (покајнички) солзи е еднакво на крштелната бања (на новото раѓање) и искрените (покајни) повици повторно ја привлекуваат благодатта на Светиот Дух, која човекот претходно (поради гревовниот живот) ја загубил“ Св.Григориј Богослов
Причест без исповед? Ако имаме расипан заб, заболекарот најпрво мора да го исчисти заболениот дел, па потоа да стави лек, и откако ќе се излечи да го поправи. Ако имаме рана на телото, лекарот најпрво мора да ја исчисти, па потоа да стави лек од кој ќе заздрави раната. Секој наш грев е како рана, со исповедта се чисти болното место, а со Светата Причест се лекува. Причестувањето без исповед, не само што нема да ни биде од полза, туку дури и ќе ни причини штета. Ова не е повик да не се причестуваме, туку да се причестуваме и почесто и помасовно, но со правилна подготовка. (Оние кои се чувствуваат безгрешни, кои ништо не згрешиле во животот, кои немаат што да исповедаат, нема потреба ни да се причестуваат. Христос Господ дојде не поради праведниците, туку за да ги спаси грешниците.) Свештеник Јани Мулев
Таинството Исповед всушност е таинство на покајанието. Негова содржина е покајанието. Кога некој се исповедува, а не се покајал, неговата исповед нема никаква смисла. Се претпоставува дека тој што пристапува кон исповедта, се покајал. А се покајува за нешта кои претставуваат престапување на Божјата волја т.е. на Божјиот закон. И тука се поставува прашањето: постои ли човек на светот, а исто и верен член на Црквата, кој не го престапил законот на Бога и не грешел? Впрочем, сите ние сме во состојба на покајание и треба да сме во состојба на покајание. Значи, покајанието не е некаква моментна дејност на човека. Тоа е еден постојан опит. Отците велат, на пр. свети Јован Златоуст, дека човек треба да ја чувствува својата гревовност од утро до вечер и дури кога заспива. Тоа го разграничува покајанието од исповедта, таква каква што ја познаваме. Зашто ако некој постојано се покајува за своите гревови, од тоа не произлегува ли, дека тој треба и да ги исповедува своите гревови само на Бога! Зашто кога човек се покајува насамо, тој со сигурност ги исповедува своите гревови на Бога. Митрополит Пергамски Јован (Зизиулас)
Да се подготви за исповед Инструкции до исповедникот Суштината на Светата Тајна Исповед не се состои во говорност, туку во силата на внатрешната свест за својата грешност и неодговорност пред Бога и во искреното, длабоко скрушеност за сè што е направено. Пред да одите на исповед, мора внимателно да се потсетите на сите свои лоши дела, зборови и мисли, да ја признаете нивната грешност, да се осудите во чувството на своето срце и потоа да имате цврста намера да се осудите во сè пред вашиот духовен отец, кој е посредник меѓу Бога и нашата совест, прифаќајќи ја нашата исповед; тој ќе посведочи за нашето покајание на Судниот ден. Покајаниот не треба да го чека прашањето на духовниот отец, туку тој самиот мора да ја разоткрие својата грешна рана, како што се вели во Светото Писмо: Кажи прво за своите беззаконија, за да се оправдаш (Ис. 45,26). Покајникот мора да има вера дека сè што е дозволено на земјата ќе биде дозволено и на небото (Мт. 18:1 преку благодатта дадена на духовниот отец. Но, со сето ова, мора цврсто да запомниме дека покајанието не смее да се донесе само со зборови, туку мора да вроди со плод во живот достоен за покајание. Покајанието е исправка; Покајникот мора со сето свое срце да го мрази својот поранешен грешен живот и да направи цврста намера да се воздржува од сè што не му е угодно на Бога. Нашата внатрешна борба е она што може да ни ја привлече Божјата милост и помош.
Здраво , сакам да одам на исповед сега пред последната недела за велигден за пречиста , но сакам да ве прашам се имам гледано со еден муслиман два пати дали тоа да го кажам на исповедот или не , дали ви се има случено на некој од вас , дали го сметаат тоа за голем грев или се простува ?
На исповед се кажува сè, не премолчувај. Нема грев што не може да се прости, разговарај со свештеникот, но искрено, нема ефект ако лажеш и криеш.
Покајанието е празник за Бога, зашто во светото Евангелие се вели: ″На небото ќе има поголема радост за еден грешник, кој се кае, отколку за деведесет и девет праведници, што немаат потреба од каење" (Лука 15,7). Покајанието, кога го празнува својот празник на Бога, тоа и небото го повикува на онаа духовна гозба. Ангелите се радуваат кога покајанието ги повикува на оваа трпеза. Сите небесни сили, поттикнувани од веселбата на покајанието, се веселат и се радуваат. Свети Ефрем Сирски
АКО РОДИТЕЛИТЕ НЕ СЕ БОРАТ против своите гревови, тогаш ќе биде двојно тешко за нивните деца, а тројно тешко за нивните внуци. Со секоја нова генерација, непокајничкиот грев станува полош и подлабоко вкоренет. Затоа, грижете се за вашите деца, молете се повеќе за нив. Архимандрит Иполит (Халин)
Појди и не плаши се ништо нема да ти направат ,а сигурна сум дека ќе осетиш голема промена Стравот е од оној што не треба ..не плаши се
Сакам да одам на исповед. Мислам дека имам згрешено кон една личност и главно за тоа сакам да се исповедам. Дали треба, пред да се исповедам во црква, да се исповедам и извинам на таа личност? Имам чувство како да имам потреба прво од тоа.
Прво, браво за помислата да се извиниш оти и те како е совесен потег спрема личноста. Чим чувствуваш потреба, те охрабрувам и да го направиш тоа. Извинувањето секогаш значи, посебно ако е искрено кажано. Кај свештено лице за што сакаш можеш да се исповедаш, дури и да не е конкретно исповед туку некои нешта што те мачат - дали за да те насочи, дали за совет итн.