И јас така мислев, имам јас и порано разговарано со свештеник, не ми е страв и срам да се исповедам пред него. Повеќе страв имам да се исповедам пред таа личност, затоа што незнам како ќе реагира ако ја исконтактирам, незнам дали воопшто би ми простила..
Нема зошто страв. Пред да исконтактираш можеби е убаво да ја напишеш причината заради која и сакаш да разговараш. Доколку е културно напишано, со јасно укажување заради што конкретно сакаш да разговараш и притоа да не напнуваш зашто може во моментот и да не ти се одговори веднаш - не би требало да бидеш одбиен. Разни луѓе, разни начини на реагирање. Ти твоето направи си го, онолку колку што можеш. За да си сослушан ти треба и друга страна, а тоа не зависи од тебе.