Понекогаш сум вистинска кучка ,Пмс период се по мое да е ,се ме нервира . Дајте ми нож да си го преечам стомакот и да го извадам тоа што ме боли. Буквално ден- два во месецот ми требаат за празнење психичко физичко секакво. Емотивна сум ,чувствителна, мислам за што треба и не треба ,си ставам грижа на совест за што треба и не треба и во еден момент станувам ладна туш. И не ми е страв дека пак с епојавил манијак со точак во моето мааало ,напротив сакам да го сретнам да го турнам од точак и да го претепам .Вените со нокти да му ги извадам косата да му ја откорнам... Да го истурам цел бес од мене . Јас не лаам ама касам ,па ден два во месецот не е многу нели... Да не ми беше ден за празнење немаше да му се развикам на вработениот од водовод утрово дека зјапаше во мене .Зјапаат 90% од мажите сега па не им се викам на сите ама се погоди во моментот си го однесе човекот .Ќе си симнам 3-4 хорорчиња и ќе си гледам цел ден .Сакам да сум сама .
Колку ме нервираат луѓето што мислат дека можат да управуваат со мојот живот. Нема повеќе да дозволувам некој друг да донесува одлуки за мене.Еве,сега и тука,си ветувам дека ќе го постигнам тоа што го сакам и нема да се откажам се додека не го добијам.Доста беше плачење и самосожалување.Сфатив дека со тоа ништо нема да променам.Од сега ке ги земам работите во свои раце. Ветувам дека нема да се откажам додека не ја постигнам посакуваната цел.
Преку вулва и фалус од мудри умови што не си гледаат во своите трули души, па исправаат криви дрини секому. Не знам од каде таа омраза и енергија во деструктивни цели, наместо човек да се насмее, да го прегрне денот, да заблагодари што е жив. Ама за инает, јас ќе се смеам за нив. Ќе сеам радост и насмевка. И ре - насмевка. И мисија ќе ми биде тоа. Љубов. Што сака и како сака нека е истолкувана, само тоа ќе го спаси ова проклето парче генеза што куди се’ и сешто, наместо да погледне прво во себе! Неблагодарни... Ни суштества не би ги нарекла. Имате се’, а немате НИШТО. И да! Сите што имате здрави и прави мајки и татковци, ценете ги! Кога ја слушам другарка ми како празно низ воздишка ми кажува како и е мака што татко и не е тука да ја види и да и се радува на успесите, се чувствувам скаменето. И мене ми се пара срцето, зошто не е виновна што животот и приредил таква драма. Судбина. Лесно е да се суди и да се јадат бубрези за се’ и сешто. Имаше песна од Депеш Мод, ја посветувам на сите сезнајковци! Пробајте, еднаш да се ставите на местото на Другиот! http://www.youtube.com/watch?v=V8zR7KIi ... re=related
Значи неможам а да не кажам дека ми е жал за дечкине кој работат како уличари на паркинзиве во Ск.Толку мутавштини уфф .Е*а*и паркинзи собраќајци пајаци и лисици .Човек да не знае од што попрвин да се пази
Мразам луѓе, што за секоја ситуација си наоѓа друг кривец.Аман од такви лабилни карактери, некарактери, аман!И моментот кога таквата личнист ти е многу блиска и ја сакаш и ти значи. Ама те полудува. И сега кога сум во ПМС и се ме нервира и сум уште поизбувлива и понервозна од обично, ти наместо да ме разбереш затоа што си жена и што секој месец си на мое место, ти уште толку ме напнуваш и ми отежнуваш. Една недела порано или подоцна не значи ништо.Не, за една толку небитна работа. И да, не зависеше ниту од мене, ниту од тебе.Склоп на околности. Ова ама ич не ти требаше.
како може еден татко да изчезне 12 часа -божем на пат оди и да не одговори на ниту еден телефонски повик и уште мајка ми се потресува, цела нок не спие со апчиња за смирување го третира ко трето дете а не ко возрасен маж, и овој човек татко ли може да се нарече-сите ги активиравме од роднини, од блиски пријатели,и во полиција сакаше да го пријави ама за срека ни се јави тетка ми од Србија да ни каже дека стигнал КОНЕЧНО леле тато да си ми во моја близина има да ти една, има да се чудиш што те снашло кога ке се вратиш во Скопје, има да видиш ти
Он не заслужува некој толку добар како тебе..Сакам да бидеш старата ти,но ова што ми го правиш скапо ќе те чини Да ме викнеш сега,во ниедно време знаеш дека ќе дојдам..Зашто мораше така да постапиш и да ги изгубиш сите другарки? Сакам да ти кажам колку те сакам(како другарка) ама не заслужуваш Цела се смени заради него...за што? за сега да ти биде криво како он искача и со другари а ти нема со кого? И секако на мене не помислуваш иако ти си ми во памет секој Божји ден..Размислувам за тебе,за тоа колку си глупава кога потпаѓаш под влијание на дечко ти..Јас нема да попуштам и пак да се јавам прва.Коа ќе се видиме секако ќе глумам лудило како да ми е сеедно,но не ми е.Длабоко во себе сакам пак да се дружам со тебе затоа што имаме незаборавни и луди денови поминато...Незнам колку се сеќаваш ти на нив,но јас сум тука секогаш да те потсетам.Кога реков да излезеш и ти некогаш со мене,не значеше да раскинеш со дечко ти..Иако така и двајцата сте сватиле..Од срце го кажав тоа дека неќев да се оддалечам од тебе волку,со цел да бидеме тоа што бевме порано,но тоа е.Целта кога ти го реков тоа,ми беше да не дојдеш до овој степен како сега,но не ме послуша па сега дечко ти си има со кој да излезе за разлика од тебе.Не викам дека јас имам некое којзнае колкаво друштво,и јас не сум опоравена одкоа престанавме да се дружиме,но секој ден ми е исполнет благодарение на старата другарка..Како и да е,тешко ми е што така се заебаваше со мене,а сега го чекам моментот кога ќе се јавиш и повторно ќе плачеш на телефон и кога ќе ми речеш дека единствено јас можам да те ислушам.Иако се силам дека ќе ти речам дека немам време за тебе,знаеш дека немам срце за тоа.Не е предоцна да се смениш...И зашто веќе не ми признаеш дека си имала односи со него? НЕМА да изреагирам бурно,едноставно сакам од тебе да го слушнам тоа.Нема да бидеш прва на наши години која ми признава.Кога ****** ми кажа,онака,ми беше сеедно,ипак тоа е ваш живот,но зошто криеш од мене,кога веќе сите се сомневаат во тоа.знаеш дека можеш мене да ми кажеш без да пролаам на сите.Се надевам еден ден ќе го сватиш ова,но без разлика на мене,другарките што ги имаше,сите сега ти прават лице само за во школо,и те плукаат позади грб..Но јас не сум таа што треба да ти го каже тоа,можеш да си праиш муабет со дечко ти за тоа,иако од мој најдобар другар стана мој непријател,како и сите други од тој крај.Не очекував дека толку лоши зборови ќе слушнам за мене позади грб.Сепак стојам на нозе и веќе знам кој што мисли за мене,и да ви кажам мој драги пријатели КАКО ВИЕ СО МЕНЕ ТАКА И ЈАС СО ВАС! муватору мој,секоја чест што ми ги отвори очите и што ме натера да разгледам од друга страна како стојат работите! Немам коментар колку работи слушнав за моите НАЈДОБРИ другари/ки
Манијаци мајка му да ја е*ам , се извинувам вака ама стварно на што личе ова.. си одиме со др застанал на сред улица си го драпа, да не можеш по својтата уличка дома да си отидеш,какво време дојди стварно незнам,се крстам на комшијата што се згоди во добар момент инаку нез што ке се случеше и двете почнавме да паничиме и да се стискаме една до друга.... Значи казна за овие луге..Алооо полицијата каде е .. си седе во чаршија си пијат кафе си јадат сендвичи а за манијаците наркоманите к*р не ги боли.. Да ти се плукнам на градот и на народот што живее во него ! :finger:
Ти се трудиш да и удоволиш , да и помогнеш колку можеш и како знаеш она пак по нејзино , да те изнервира уште посабајле ...аманннннннн ...доста ми е од стари !!!!!!!!!!!
Е многу ме изнервираа! Зарем денес требаше да се случи ова, не можеше да почека уште неколку денови Изгледа моите планови полека , полека почнаа да потонуваат. Што убаво си ги имав испланирано деновиве и покрај толку обврски успеав да најдам некој баланс, ама ете се појави некој паметен кој успеа да промени се....
Аман веќе од тој град и од луѓето во него .Не можам веќе да издржам како гледам дека има некои луѓе( на моја возраст) толку да се занесуваат и да се прават ЈАС сум ЈАС.Добро разбирам секој се почитува самиот себе ама па не може 5-6 женски да го вртат целиот град околу малото прсти и сите да трчаат по нив иако се занесуваат, пушат, пијат.....Едноставно од вакви како нив другите во градот не се ни осеќааат, не ни живеат. Ама ако им се ближи крајот и на нив .Полека полека сите сфаќаат каакви се и што планираат
ке си пукнам , од лошо полошо ми се дешава , кралица на лоши нешта сум. како ме зареди овој месец . ужас !!! нема ни крај што е најтрагично ке си пукна од мака. прво еден преглед - со лош резултат , па друг кој води кон операција , па проблем со бубрезите - господ го видов од болка , од нигде никаде примена на работна позиција во фирма , и ко капак на се ,се спукав со симпатијата кој го трпам веке 3 месеци да превземе нешто . што е наредно ?! камион да ме прегази. ми иде да задавам некој/а
Да да..иако се смеев ми беше голема мака.. како бе нам никогаш да не ни се насмевне среќата, не сфакам...Толку сум револтирана што можам сега некој и во пм. да го отерам.. не сфаќам и нема ни да сфатам.. што имаат тие а немаме ние..?!?!
Зар не можеше денес да отидеме до Аква Парк Што убав ден од сабајлево,а потоа Кулминација на нерви!!!
Извини,вака више не може.Вака више јас неможам.Доста е.Неможам веќе да издржам.Ова е премногу. Ужасни сте.Нејкам да ве гледам.Зарем не можете да ме разберете? Ух,секој ден е се потешко и потешко... Мора да се смени ова,зошто незнам што ќе правам вака.
Уште се обидувам да не мислам на изгоренициве од сонцето. Се мрднав веќе. Трет ден уште не ми поминале... АМАН веќе! Никогаш не траеле повеќе од еден ден Шо UV зраци ќе имаше? Ем се чував... Бре нека иде........
да даде господ у тие у куќата од карши да ви се преселат некои расипани комшии исти ко вас па и гаќите да си ги делите и тоа непрани и секоја вечер заедно до 3 да си пуштате турбо-фолк и да си пиете заедно!!!
Проклета менструацијо,ме измачуваш веќе четириии дена ме полудуваш . Ми тече крв како река,и многу ме болиии стомакот многууу ,аман веќе што сторив што згрешив за толку да се мачам ко грешен ѓавол аманннн