млеко со бисквити, корнфлекс/овес со кисело млеко, можеш исто и тарана/ јувки...Понекогаш и лебче со кисело млеко му давам,или лебче со крем сир
Која инстант каша од Нестле е со ад млеко? Јас колку што знам, ниедна не содржи млеко, се прават со млеко. Може слика, да не сум ја пропуштила.
Фала за инфо, не сум ја видела. Додуша, јас не земам со ад млеко, а ваква не сум видела. И за големиот купував на Нестле, ниедна немаше млеко, може оваа е нова. Ќе ја имам предвид во секој случај.
Имам пишувано по темите дека воглавном внимавам на исхраната на малата (3год), набавувам намирници прозиведени за дома а не за пазар, грицките ги заменувам со јаткасти, пилешко комплетни исфрлено од исхрана затоа што не можам да најдам домашно и така. Не дека не се прават исклучоци, јадела и смоки, пиела и газирен сок, и пица и сл. но многу ретко, за среќа и самата не бара многу. Мене прашањето ми е, дали целосно ви е прилагодена домашната исхрана спрема онаа што ја практикувате на децата? Веќе подолго време не можам да ја лажам дека похованото пилешко, колбасите, копанчињата лутат и се само за возрасни, сака да проба... За да нема проблеми околу тоа скорс ни е намалена и нам ,,опасната,, исхрана , грицки, мајонези, салами, кознерви мнооогу ретко се купуваат, но што и со она кое го јадеме за ручек. ММ ми ме убедува дека не е толку страшно ако еднаш неделно јаде поховано, наредната недела пак колбаси и сл. Но... што мислите вие и како правите вие? Она што е нездраво и вие не го јадете или им давате на малите да пробат некогаш ретко?!?!
на мојата еднаш да и кажеш дека нешто е бљак таа тоа веке у уста не става.Ја гледа често кока колата(јас за жал мн ја пијам) и прашува дали е кафе?Не е и велам,сок е што боцка . И имам пробано после тоа да и дадам ,вика несакам ова боцка. пржена храна јаде веќе некое време(пржено лепче,кајгана,помфрит,па и поховано чат пат) мајонез,паштети,кобасици не побарала никогаш и никогаш и немам понудено.Јас не ги јадам.Ама мм да.Меѓутоа желба не и се пројавило за да рече дај. јаде и тост дома,и пица јаде.Некогаш ставам сувовомеснато(шунка или пршута) некогаш не ставам.Ама самата го вади филот од горе не и се тресам ко порано заради тоа што јаде мн манџи домашни,имаме скоро се домашно од двор,јајца и месо исто домашни наши.Чеави,сокови куповни несака.Благо исто никогаш немала желба да јаде.Сем лижавки (ама и тие мм и ги прави дома). јаде и јаткасти плодови,сака зеленчук сиров да грицка така да наогаме баланс и правиме компромис запршка не правам ни за нашите манџи така слободно јаде со нас гмечам компир варен за да се згусне од зачини јаде скоро се сем вагета класична која и ние не ја користиме
Сеуште сме мали, готвиме посебно, ама некаде после годинаипол ќе почнам да готвам за сите исто. Тогаш планирам да си направам домашна вегета со хималајска сол, ние ќе јадеме помалку солено и поздраво, ќе биде полесно, и за него и за нас. Досега немам проблем со исхраната, ама мислам дека неговата храна му станува досадна и блуткава. Јаде мисиркино, ќе јадеме и ние тоа кога ќе почнам да готвам заеднички, тоа ми е најсигурно. Колбаси не би дала купечки, домашни да, ама купечки оние вакумирани не. Поховано не јадеме па немам ризик, пржено јадеме ама зарљди него ќе печам. Ние не јадеме грицки па немаме таков проблем, кај баба ку јаде солени стапчиња повремено, дома нема тоа. Чоколади немаме дома. Што знам, мислам дека можам да речам дека не ми е проблем да си ја прилагодам мојата исхрана на неговата. Морам да редактирам, нека јаде он здраво, па еднаш у две недели нека касне и нешто нездраво, не ми е проблем.
@joy1 Имаш среќа што верува на твоето ,,бљак,, инаку нит кока кола ќе се види дома, нит сувомеснато. А може и допрва следи периодот кога од љубопитство ќе сака да проба, и јас до скоро немав проблем, но сега веќе баш ова прераснува во проблем. Пржено јаде и мојата, ама ајде готвам во Делимано со малку масло па некако може да пројде. Похованото не ми е до толку проблем колку што ме загрижува пилешкото како поховано. Ние го сакаме, ама заради малата еднаш во две недели го јадеме. Заради тоа нездраво пилешко пласирано во маркетите мислам неспокој имам и за нас да го готвам. Душа ме боли кога ќе ја слушнам - нека лути мамо, дај ми малку! Колбаски (виршли) не ни се наоѓаат во фрижидер, паштети и мајонези исто не ни фалат ни нам ни на малата (ок, јадела руска на слави и пирошки со мајнез ) Ова често и ММ ми го вели. Ништо нема да и биде од 2 пати во месецот пилешко или домашни колбаси, кога цела друга исхрана е од претежно здрави намирници (реков и претходно, има и исклучоци во изборот на намирници). Ама пак и до кога вака??? До кога ќе можам органско да набавувам? Плус и во градинка јадела пиленце (ми кажува малата) па сигурно не е домашно. Си се тешам сега сама! Како и да е, продолжувам со исто темпо како до сега, и со помала совест кога ќе и дадам да касне некогаш од забранетото. Ви благодарам на одвоеното време и споделеното искуство! Поздрав и убава вечер!
@snegulkata како ќе растат се потешко ќе биде да ги заштитиме од нездрава храна. Но сум со мото ,,колку можеш да се спасиш,,. Реално, и овошјето и зеленчукот како би знаеле колку се штетни???? ги бојат, растат на загадена почва, шрскаат со хемикалии, да не зборам за ГМО. Моето е 14 месеци, но ги гледа поголемиве деца и таа бара. Пробала и чипс, смоки, кроасан, салама....а се јаде нешто таа веднаш се нацртува и бара. А мала е не можеш да ја излажеш
И јас до скоро две години се придржував синко да јаде здрава и свежо приготвена храна. И не се каам за тоа, вроди со плод зашто дете обожава готвени јадења, сокови не пие скоро ич( само кога сме на гости ако има деца мали да пијат, повнива и тој) благо многу ретко каснува, лижавки мастики грицки смоки нема ни по 5 парќиња пробано во пвие 3 год. Солено од старт не јаде, бидејќи сме сами тројцата, се трудам јадењата да ги прилагодам за негов вкус, па потоа ние си додаваме мирудии. Обожава манџи од секаков вид, месо секакво, риба. Јајце во секаква варијанта му е омилен оброк. Тост за него се прави само со кашкавал, ретко малку салама. Колбаси и копани има пробано, но дома многу ретко готвиме и не побарал. Тоа го препишувам на тоа што можеби дома секогаш имаме домашно свинско месо, телешко и риба па имам избор за готвење. Нормално дека и ,, забранетите,, работи се најслатки. Така, синко ако здогледа чајна на маса, како на мачорот Том што му паѓаат очите кога гледа јадење Пици, сендвичи, панцероти пробува, но никогаш не сме замениле за оброк, затоа што никогаш нема да се најади како со домашно зготвено јадење. Додека внесува количини на зеленчук и овошје во текот на денот, многу вода, воопшто не се секирам дали некогаш ќе проба нешто ,, недозволено,, Е го гледа татко му како е страствен љубител на мајонез, па ставаме очички на јадењето кога правиме човече. Кај нас пали она дека се друго што се јаде на страна од она што мама/тато го нудат е ГЛУПОСТ. И сега, кога татко му јаде грицки после оброк, дете веднаш му укажува како тоа се глупости и не треба да ги јаде.
Јас од пред неколку месеци почнав се почесто да готвам заедно за сите. Малиот сега има 19 месеци. Некогаш јаде од истот јадење како и ние некогаш има посебно за него. јас не јадам многу сол и не ми е поблем ич да не ставам. Вегета не употребувам па не ми е проблем. Единствено свекрва ми сега ја учам да не става вегета. Запршки секако не користиме и поховани работи дома не спремаме. Околу местото не с епотресувам зашто едноставно не можам да с епотресувам. Купувам се од Веро или месарница и тоа е тоа. Почесто давам мисиркино поретко пилешко и толку. Ако се потресувам околу тоа кај ќе ми биде крајот. Зеленчукот е прскан, во Македонија сеуште нема контрола на органско производство а и со оглед на тоа колку е загадена цела Македонија не знам ни зеленчукот што се има во него. Се додека е готвено дома сметам дека е ОК. Давам и купечки кашички кога патуваме и за нив верувам дека се органски ако така пишува зашто прошле милион контроли. Смоки и такви работи не давам, ама на игралиште или по родендени има пробано скоро се. Од условно кажано нездрави работи обожаба плазма и понекогаш добива како десерт една мини мини плазма. Гледаме пред него да не јадеме и ние грицки и такви работи.
Верувај се исплати тоа твое досегашно залагање. Сите околу нас росеола вирус десет дена го влечкаат нас за три дена не помина. Ти дома терај си здрава храна, у градинка и на гости тоа е.
18 месеци е мојата, ако ручекот е соодветен за неа, и давам од нашиот ако не, правам и посебно за неа. Сеуште се држам до поздравите намирници, што би можела да ги најдам во дворот на татко ми и баба ми. До скоро појадуваше овошје со житарки но веќе сака „поконкретен“ појадок па преминавме на дробено кисело млеко со лепче, јуфки, тарана, палента, тост со путер и кашкавал и сл. Пие многу смути а да бидам искрена почнав да и давам и од Јаболчелото, оние од 3 литра кобајаги поприродните сокови. Имам проблем дека многу малку пие чиста вода па вака 1/3 сок, 2/3 вода маскирам во шишето колку да не ми дехидрира на жешково. Од месо давам секакво - мисиркино, заечко, телешко, домашно пилешко, јагнешко и домашно свинско, од риба давам пастрмка. Каснува по малку благо - коцка чоколадо, сладолед, чоко-бисквитче и сл но умерено - двапати ќе касне и и поминува меракот. Посластица и се Лино смоките, па бидејки се без сол, и дозволувам на неколку дена да и ја почестам душичката Навечер вечера најчесто млечен оброк - гриз со банана, попара со бисквити, Чоколино или ретко палачинка, лепче со путер и мармалад, солени мафини и сл. Во принцип и за нас ручекот го готвам од истото месо, без запршки па не зачинувам и она јаде од истото. Ние многу ретко употребуваме кобасици, поховани работи, газирани сокови и конзерви па до сега немам проблем со таквата храна! Незнам како ќе биде понатака оти многу е стрвна и нема шанса да не проба едно залаче од било што да јадеме!
Маjки, на година сме 7 кила. Незнам каj грешам. Поручек житарки со овошjе. Ручек зеленчук месо, ретко го jади. Вечера банана, гриз, палента. Ретко jади 3 пати, а сакам и ужина да давам. Некоj совет ве молам?! Веке незнам како да правам... И уште сакам да прашам, сакам така да и дадам нешто во раче да грицка, да пробам...што можам да дадам? Ми е страв да не и залетни...
Мојата е 2 год и осум месеци, исто се придржувам кон здрава храна сеуште и јадењето на сите е прилагодено спрема неа. Салами, виршли, мајонез и паштети нема пробано а и ретко купуваме и за нас, а ако види и кажувам дека тоа не е за деца и се повлекува, не бара. Колбаси ретко јадеме ако е домашен би и дала ама не сум начекала сеуште, пилешко стекови и сл не го јадеме и ние многу ретко бидејќи ми се одјадува кога ќе помислам како се надувани. А и она не е некој голем љубител на месо, го јаде ама не е гурман, повеќе по меленото е и гледам да пазам од кај купувам. Сака супи, чорби со месо и зеленчук, манџички зеченчукови и тестенини во секакви варијанти, намази со путер, авокадо, павлака, маслинки, палачинки, и палента обожава, да може секој ден би ја јадела Сокови домашни цедени пие, купечки не земаме а ако види пробува не и бранам по роденден или гости, а во последно време ја бендиса и минерална газирана вода, вода пие многу и се додека е јадена квалитетно и дозволувам нешто нездраво да касне неколку пати во месецот.