Исхрана 12+

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 5 мај 2017.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.260
    Допаѓања:
    67.817
    Пол:
    Женски
    Кажете некое сосче од домати за макарончиња како правите?
    И намаз за лепче?

    И јас се придржувам уште, давам домашни јајца, сирење, урда, к.млекце, телешко мевце и риба од проверени извори. Давам наизменично.
    Смоки јаде, лино и тоа, грицки не сум и дала. На роденден само .
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  2. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.395
    Пол:
    Женски
    Во раче веќе може и треба да држи и јаде суви работи. Мислам дека најлесно за почеток е најлесно со бебешки кекс кој лесно се топи во уста или мала корка сув леб. Потоа може парчиња овошје пример круша да зема сама. Зеленчук малку обарен ако е тврд (пример морков) или мали парчиња свеж помек зеленчук пример домат (излупен).

    Е сега за килажата немам некој совет. Ако е весело бебето и ако му е крвната слика добра можеби такво е.
    Види да и даваш евентуално за доручек житарка и млечен производ (слично како за вечера) или лебќе намачкано со путер и кашкавалче од страна, палачинки (мојот сака амерички не наши), пржени лебчиња, пржено јајце (ама пржено на вода не на масло), варено јајце. За вечера можеш гриз варен со млеко и плус банана. Исто може палетна со павлака место јогурт. Ова ти е за повеќе калории да внесе. Исто за вечера јас давам просо, бунгур, кус-кус.
     
    На Lorins му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lorins

    Lorins Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2015
    Пораки:
    745
    Допаѓања:
    3.710
    Пол:
    Женски

    Ти благодарам многу. Ке применам, ке пробам.

    Крвна слика нз овде зошто не прават. Ке ги замолам наредниот месец. Инаку весела е, ама 60-100 гр на оброк е мн малку и тоа со часови се раниме.
     
  4. Love86

    Love86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    195
    @Sunshine_1979 и моето е 18месеци,ме интересира како примети дека сака поконкретен доеучек,дека и ние сеуште сме на овпшје со житарка ама гледм дека не го држи подолго време и затоа правам поголема количина па на два пати го јаде инаку наеднаш да се најаде нема шанси.Ние малку и мака мачиме за жвакање се дави,повеќе сме на блендирано
     
  5. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.034
    Допаѓања:
    154.235
    Пол:
    Женски
    Ќе си покаже детето, мене престана да ми ги јаде житаркитњ ао оцошје така да продолживме со доручек обично ние што јадеме па овошје така чисто во текот на денот или смути.
    Мене многу ми изгуби од ред детево летово, посебно на осмое.
    Тешко е со второ да држиш до ред, го гледа брат и сака се што ќе види да проба, пребира, изводи...
    На големиот скоро до 2г не му давав ништо од чоколади и слични ликсурлаци ама за малава потешко ми оди.
    Ручеци веќе јаде со нас, не пржиме ние често, поховано скоро ич, горе доле јаде се само скабо количинаки ама измеѓу оброци само чопка по ннешт. Ај вајда ќе и го вратам редот полека
     
  6. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    3.338
    Пол:
    Женски
    Мачно ти е знам....пробај да внесува и преку сокчиња или смути (поради крвната слика). За ручек и јас гледам 2 опции да имам...ако не јаде едното, другото....па најчесто спремам супа и на башка каравана (ориз или компир или печен зеленчук). Овошка ако касне за ужина, ќе ја засити повеќе отколку овошно сокче...за ужина ти препорачувам нешто лесно, здраво и што не држи долго ситост за да и се пријадува побрзо.....житариците држат повеќе ситост, нормално дека треба и тие да се застапени.
    3 пати да јаде во денот убаво, јас пресреќна ќе бидам за мојава и едно сокче и една чаша млеко....само и таа со ручекот забушава, месо неќе да види, решила вегетаријанка да стане.
     
    На Lorins му/ѝ се допаѓа ова.
  7. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.296
    Пол:
    Женски
    Мајки моево веќе не сака да смисли ад, го плука. Со какво млеко да продолжам барем за млечни кашички? Кога е доручек со ад, уста не отвора, а сите ги пробав што се junior.
     
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.855
    Допаѓања:
    109.958
    Пол:
    Женски
    Смени го за Хумана со ванила мислам е, ноќно. Јас кравјо дур е топло не би дала. Давам кравјо во оброци ама пола пола со вода мешано.
     
  9. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.296
    Пол:
    Женски
    Кравјо ни јас не сум дала, знам дека во градинка им даваат, но барем додека е дома да има ред. Немам приметено вакво млеко, ќе побарам во Зегин, Фала на инфо.
     
  10. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.395
    Пол:
    Женски
    Јас после година во кажиќки почнав да ставам кравјо по препорака на педијатар. Аптамил 3 исто има ванила во себе.
    Моето сега почна да бара млеко да пие на 18 месеци. Од некаде 10 месеци до 18 месеци мака мачевме со било какво млеко. Сега пие по околу 100-150 милилитри само ако има мед или палачинки за доручек. Инаку не. Едноставно такво е детето. Престанав да се замарам.
     
    На augustd му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sunshine_1979

    Sunshine_1979 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    11.929
    Пол:
    Женски
    Почна наутро да ја одбива кашичката од овошје со житарки - ќе касне само 5-6 лажички и не чека нас да доручкуваме, седнува до нас,не гледа во уста и вика дај, дај! И тогаш си се дојадува убаво ;). Додека ако и спремам косело млеко со лепче, палента или пржени лепчиња, си јаде убаво и после не ја интересира што ние ќе јадеме :)
     
    На Love86 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    45.637
    Пол:
    Женски
    Што давате за вечера,што е полесно за мешето
    Ние вечераме најкасно 19ч
    Дали е во ред после тоа ужинка и што на пример
    Гриз,ориз,мусли не сака повеќе,16+ сме
     
  13. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.860
    Допаѓања:
    32.474
    Пол:
    Женски
    Палента, јуфки, тарана, лебче со намаз и краставичка,бисквити и млеко, варено јајце ( ако тој ден ми е послабо јадена ) 20+ сме
     
    На Mari* му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mac.mac

    mac.mac Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    657
    15 meseci sme nemame probano cokolado se uste. Sakam da mu dadat 2 -3 kocki sekako mislam ne bi bilo losho ako e umereno se.
    Me interesira zosto koga se raboti za cokolado majkite preferiraat zivotinsko carstvo? Dali e so pomalku seker ili shto e rabotata?Tuka kaj nas nema zivotinsko carstvo. Kakvo da mu dadam:^)
     
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.855
    Допаѓања:
    109.958
    Пол:
    Женски
    Јас тогаш отприлика дадов. Животинско е ептен млечно и затоа. Иначе дај му Киндер ако нема животинско. Малото јаде еднаш неделно пола чоколатце, ама не задолжително, некогаш не јаде по три недели.
     
    На mac.mac му/ѝ се допаѓа ова.
  16. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.034
    Допаѓања:
    154.235
    Пол:
    Женски
    Ако не бара нема потреба да му даваш, кога ќе почне да бара иди спречи го :)
     
    На mac.mac му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    За чоколадо јас пред две три недели почнав по малу да и давам. Со мм правевме муабет еднаш неделно да јаде чоколадо, половина животинско царство или едно редче киндер. За мене ова е во ред, но сега јас пошто на работа гледам секој ден и даваат чоколадо мене ми смета тоа, па интервенирав да не се два секој ден, ќе видиме како ќе излезе. На баба и изгледа и е најлесно отвори и дај и, нема правење подготвување, што мене од кожа ме вади, ако не си способна да го гледаш како ќе ти кажам откажи се па ќе си барам чаре, а не вака, и после ми вика вечерата не сакаше да ја јаде е како ќе ја јаде кога ти во 20:00 си и дала чоколадо.

    Здраво мајки, гледам овде веќе е посоодветна тема за моето бебувче уствари детуле, има 12+ месеци. Ме интересира што давате за доручек, ужина, за вечера.
    Појадокот и е само овошје, овошје со гриз, со бискити, просо, овесни трици, сега воведувам тарана со јајце, вечерата и се гриз, палента, кисело млеко, јогурт, хипп за добра ноќ, овесни трици, просо. Не пие кравјо млеко, од причина што сеуште цица и во скоро време не сум во план ни да ја одбија.
    Пие најчесто чај и вода, сок мн ретко давам.

    Портокал од кога воведовте?
     
  18. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.395
    Пол:
    Женски
    @Saraa за појадок јас до кај 16/17 месеци давав житарка со овошје. Тогаш сам опочна да одбива да јаде овошје со житарка односно да бара лебче, кашкавал и слично или да ќека ние да почнеме со доручек па нашиот да го „краде“. Тоа значеше дека не му е доволно само овошје и житарка па овошјето ни остана за ужина, а доручекот и вечерата станаа слични со тоа што за вечера не сум дала до сега јајце или такви работи за да не му биде тешко за варење.
    Портокал јас дадов на 10+ по препорака на педијатар.
     
    На Saraa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    Ми требаат совети за подготовка на телешко за малиот. До сега земав чисто месо од Веро, или бутче или бифтек, а сега најдов домашно младо телешко ама е со коска. Ми го имаа средено на парчиња од таму, само го замрзнав во ќеси. Сега не знам за варењето, како да го спремам, знам дека желатинот што се формира од коската го даваат некако ама искрено не знам дали би го дала. Дали треба подолго да го варам и вода да истурам прва?
     
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    некои ја даваат и водата поради разградбата на протеини во неа, а некои го варат во неколку води. зависи. јас не ја давам водата. телешкото се вари од 45 до 90 мин. јас го варам 60 на средна темп. така варено исчисти го од коската и комбинирај со компир, морков, кромид или пак додади го во супа со лебче и зеленчукот од супата, или пак додади го во подготвени макарони со доматен сос (ако сте 10+) и потпечени направи ги...
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.