Ставам и банана, ама бананата некако брзо губи вкус и така по не го јаде. А инаку така најчесто и давам банана за ужинка, една дневно обавезно јаде. Аронија можам веќе и по колку зрнца?
Оф ставам јас обично во смути ама правам за сите така да скоро 5,6 во едно ама на 4 чаши делено. Т.е. за малово во едно мало шишенце колку да испие нешто знам дека е јака не требало да се дава многу
Еве што јаде сама: Топчиња или коцкички од палента. Овошје свежо, сецкано. Зеленчук варен или печен на парченца сама да боцка. Топчиња од суво овошје, бисквити или овесни снегулки и банана (како бомбици се, ги обожава). Омлет преклопен и правам и го сечам на парченца. Макарони земам поситни или ги сечам поситно. Тост или лепчиња во рерна исто на парченца... Толку ми текнува во моментов. Јас и давам манџи, кисело млеко и такви потечни работи. Комбинираме секогаш да има нешто сама да јаде и другото јас и давам за да касне повеќе. И да не биде само суво, номално.
Ја варам палентата ( да не е многу течна) и и ставам путерче, урда, сиренце...било што од ова и кога ќе се излади ги обликувам како ќе ми дојде. Малата сака ладни да ги јаде секако оти вади заби и повеќе сака ладно. Може и да се потпечат во рерна ако сакате топло, како помфрит. Го имаше овој рецепт по групите на фејсбук, ама јас искрено не сум го пробала.
Печурки после 2 г се...јас на 1 и 11м дадов...За јаткасти после година дадов, освен кикиритки (тие се покасно, после 3г планирам) и киви после година дадов (кивите поради мовта се алергени, али ако гледаш така и праските се,а меѓу првите се воведуваат.....кај мене во фамилија пр. брат ми е алергичен на праска, има силен осип....а јас пак се давам во праски немам гаље). Со лимонче од 11м почнав, од годината и портокал. Од 1 и 3 м. некаде мед. Досега не сме пројавиле алергија.
И ние сме уште на блендирано. Ама гледам дека сака да јаде кога некој му дава со раце. Пример лебче и кашкавалче, или лебче и сирење,јаболче.Пробав да дадам блендирано и со мали парченца внатре ама добива нагони за повраќање. Макарони не сум дала уште незнам дали ќе ги јаде, а ги земав на Divela најситните ама мора да пробам да дадам. За доручек уште сме со овошни каши,вечерата или палента со лисело млекце, гриз со некое овошје,Nestle 8житарки со какао и една ноќна на Hipp ( банана и ориз само таа ја јаде).Ептен некако сум ограничена со вечерата. Ново планирам да дадам во скоро време мед, јагоди ќе чекам да излезат поубави, од јаткасти ставив 2-3 мелени лешници во овошната кашичка. Сакам да дадам краставици ама не жвака како да комбинирам? И зелка немам дадено. Веќе цел месец ептен слабо ми јаде, 14 месеци е. Колку количински јадат вашите бебушки? Не пие млеко,цица само ноќе се буди. Веќе неколку дена го заспивам без да цица. Млекото ми се намали,како да немам ич и затоа сакам да го одбијам
Цитрусите се 10+. мене така педијатар ми кажа и така почнав да му давам. Белка од јајце и мед се 12+. Јаткастите се покасно.
Виножитке алал за темава. Јас до скоро супер се држев ама губам некако идеи. Денес пример јадевме интересни комбинации. За појадок рж варен (цело зрно) банана и коко млеко, е тоа сакала нејќела морам да блендорам ржот е див и тешко за бебе да го џвака. За ручек ми пројде скоро 200гр ориз, пиперка и спанаќ, додадов малце урда и јогурт да се олади оти чоекот кога ќе види одма мора да јаде, плус на тоа си испи една чашка околу 150-200мл јогурт. За вечера си изеде цела здела попара од оризови галети и кисело млеко. Сите млечни производи ги правам од млеко на Бучен за варење и буквално се дави во тој јогурт, кисело млеко, урдичка, сиренце. Утре имам во план да дадам палачинки од овес, банана и јајце, а ќе ги прелеам со прелив од урми, коко млеко и малку какао. За ручек немамнодамна дадено риба тоа ќе дадам, за вечера многу лошо паѓа баш тогаш да сме на лекар па ќе мора порано да јаде нешто покалорично за да не ми гомбара млекото многу рано. Веројатно омилената комбинација банана и лино бисквити ќе биде. Сакам дс му дадам омлет на маслиново спржен, лепче пржено на путер, да направам малку посолено сиренце па со тоа да го јаде. Не ми прибира, ама не е бебе веќе да јаде житарки со овошје, ќе оставиме житарки со млеко за вечера веќе или со јогурт. Иначе млеко не пие од тетрапак, само коко млеко, навечер и насабајле ад по 150-180мл. После годинка ки советуваа да причекам со бобичастите, ама имаме дома топ јагоди греота е да се мрзнат или ние да ги изедеме, му дадов, еве денес втор пат веќе и нема реакција. Ќе причекам на јатки и мед, таман на есен да му направам некои витамински бомбици за имунитет. Сега ќе излезат јагодите, црешиѕе и вишните и ќе крка за ужинка. Ужинкиѕе ми се најпроблематични, давам бисквити со путер на Бејбилав, лино или лино флипс, овошје, јогурт, имам еднашипол пат дадено и животинско ама неславно заврши, плука. @Mari* ти не мораш со јаткасти да чекаш, видов симдала нутела а таа се прави од лешници.
Па не форисирај, Нутела не е баш храна за мали деца, нели не се веќе бебиња де. Има во составот палмино масло кое и не е баш first choice за малите. И благодарам на Реин што ми даде идеа, палачинка од банана, јајце и овес, коко млеко, пржена на коко масло и кремче од урми, какао, цимет и коко млеко. Две изеде, и испи пола чаша сок од портокал. Частенка е ова, за детето што прооде синоќа, нема да е секојдневно на мени.
На колку време ги давате оброците? Ние неможеме да дочекаме до нареден оброк па имаме пообилна ужина. А не е многу растојание меѓу оброците, па викам да не грешам некаде.
Помеѓу трите главни оброци, појадок/ручек/вечера, има 4-5 саати. Измеѓу ужинките идат некаде на пола од тие 4-5 часа најчесто . Уствари она цел ден нешто меле, грицка, јаде .
Хаха и кај нас е така. Од ручекот до вечерата пример ако руча во 2, а вечерата е околу 7, во 4:30 или 5 и се јаде. Што и дадам се ке си изеде како оброк и е а не ужина
Нас последниве неколку дена изгледа ни е проблем тајмингот на хранење или видот на храна што го јадеме. Помеѓу доручек и ручек имаме голема разлика заради спиењето. Тоа значи дека имаме доручек некаде помеќу 8 и 8:30 па пообилна ужинка во 12:00 па ручек во 15:00 па мала ужинка и вечера во 20:00. Во 21:00 веќе спие. Млеко не сака да пие ни за заспивање ни сабајле кога ќе стане. Последниве неколку дена почнав наместо овошје и житарки да му давам лебче со пуетрче и кашкавал, палачинки, гриз со млеко и банана за доручек и мислам дека подобро му е така. Сепак пак се мислам за разамкот меѓу доручек и ручек. Ручек некако не сака да јаде пред да заспие.
Јас давам доручек пример во 9, и пред да заспие и давам ужина. А кога ке стане од спиење и го давам ручекот.
Ние уште воведуваме. Ужинките ни се овошје, авокадо, јаболка, круши, банана. Појадок у 8 - 9, ако стане у 8. Одма мора да се јаде, одма е нам нам, ама помалце јаде насабајле. Со белката сум во прашалници.... имам дадено парченца, ама не знам дали да давам сега тстенини со јајца. Исто, не знам дали да и правам палачинки и слично, кога она сега веќе не сака да јаде со раце, мене ме храни, или фрла на земја. Мислам дека си игра, не сфаќа дека така ќе се најаде. Најдов еден органски мармалад без шеќери од праска. Да и дадам ли? Урмите како ги дадовте, неколку дена поред? И со што? Оние житарките 4 вида што се.... ги потпопувам во чај бекутан, за бебиња од 1 недела, благ е, па и ги мешам со овошје ама не ги сака... пробав топчиња, ги гмечи и ги става на глава...
Тоа беше проба само,досега немав дадено нити планирам на леб да мачкам Ако се постира слика со сладолед или нутела не значи дека се користат во секојдневната исхрана
Хахахах ова како за мојот да збориш. Он нас не храни обично или па си става во уста ама цело лице си го мачка успат. Највеќе му е мерак да си кине од лепчето и на земја да фрла