Исхрана 12+

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 5 мај 2017.

  1. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.395
    Пол:
    Женски
    И мојот на 17 месеци почна да не му е доста да јаде овошје и житарки за доручек. Сега за доручек јадеме лебче со путерче и малку кашкавал, овес со јогурт и јаболко, детско мусли со млеко, амерички палачинки со мед и млеко, некогаш леб од банана (ова дома спремено), некогаш кајгана со лебче. Овошјето ни е останато за ужинка и го давам беж житарка.
    За вечера давам повторно житарка со млечен производ ама бидејќи имам повеќе време јаде варено просо или бунгур со кисело млеко, гриз со млеко и банана, палента со јогурт/кисело млеко и абц сирење, кус-кус со абц и јогурт или павлака.
     
    На coconaut му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.855
    Допаѓања:
    109.949
    Пол:
    Женски
    Јас немам дадено ниедна вакцина за 15м. Мидлам и ти беше против вакцините, ко да те имам прочитано, не знам зошто ѕе буни. За исхраната, додека бебето е здраво, напредува, не е изгладнето и не заостанува во развој сметам дека тоа ок, се преку тоа не би толерирала.
    Јас не сум веган па благи, газирано, чипсови и смоки во 4 години ми се нема собрано 4 пати да јадам. На гости не посегнувам по чипс, смоки и газирано, па ни сокови од тетрапак, дома не купуваме тоа, многу ретко ми се случува кока кола или сникерс да си купам кога ми е притисокот мнооооогу низок. Јас сакам сладолед ама и тоа сама си правам сега, еве смрзнати банани, мед, коко млеко и малку ванила, поделив на две, во едниот дел додадов какао и во модли за сладолед пикнав. Веќе една недела само тоа јадеме од сладолед, а претходно знаев повремено да купам овошен сладолед. Едино на сладолед не одолевам, се друго можам да заобиколам.

    15м, што им давате за појадок? Еднаш неделно јаде јајце на путер или капка маслиново пржено, кремсир ао лепче, овесни или микс снегулки со јогурт или кисело млеко, овошје и житарка роденденот навака нема јадено, не го најадува, многу ретко бисквити со презреана банана кога има запек јаде. Вечера и ручек не ми се страшни, ама појадокот ми е ужас.
     
    На kallias му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sunshine2015

    sunshine2015 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2015
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    4.488
    Пол:
    Женски
    Мојов во последно време многу пребира јадење, дали некоја фаза му е или топло му е не знам. 15м сме и за доручек сака само кисело млеко со житарки и овошје или леб со патлиџан. Ништо друго несака.
    Инаку како идеи: проја со зеленчук, кајгана, домашна пита, варени јајца со лепче, пржени лепчиња, просо со овошје.
     
    На coconaut му/ѝ се допаѓа ова.
  4. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.033
    Допаѓања:
    154.225
    Пол:
    Женски
    И даваш печурки? Колку има? Мене за печурките уште ми е шубе, друго скоро се јаде
     
    Последна измена од модератор: 28 јули 2017
    На makedonkamak и alana им се допаѓа ова.
  5. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    3.338
    Пол:
    Женски
    Не дека кизне колку и давам ..еднаш месечно дали ни се збира и количински по малку. Од 1 и 11м некаде беше кога и дадов прв пат. Сега сме 2 и 2м. Никој во фамилија нема реакција, па се осмелив порано да и дадам.
     
    На M&M му/ѝ се допаѓа ова.
  6. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.002
    Пол:
    Женски
    Многу рано си почнала со печурки, даваат алергии доста често.Ќерка ми сеуште нема пробано, а и не мислам скоро да и давам. Таа има 2 години и 3 месеци.
    Некоја мајка ако може да ми каже по колку зрна аронија се дава на оваа возраст?
     
    Последна измена од модератор: 28 јули 2017
  7. mac.mac

    mac.mac Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    657
    И јас најчесто овошјето со житарки мешам, некаде скоро прочитав дека не се препорачувало житатки со овошје, а зошти незнам. Нека објасни некој ако знае

    Тогаш кога не ставам житатки како основа ставам банана или авокадо за да биде погусто. Порано ставав во овошните кокосиво масло ама и за него прочитав дека многу го зголемува холестеролот па заменив со кокосово млеко, многу се повкусни овошните кашички, и снегулки потопени во ова млеко се мнја мнјам и јас ги јадам наутро.
    Во план ми е сега да купам бадемово млеко исто за со снегулки, го користи ли некоја мама за бебушите?
     
    На coconaut му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.855
    Допаѓања:
    109.949
    Пол:
    Женски
    Бадемово млеко е 12,па и 18+. За нас сум користела, за бебуш ќе причека малце.
     
    На mac.mac му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Love86

    Love86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    195
    Какво кокосово млеко даваш?Од каде го купуваш?
    Јас еднаш земав за проба ама јас да пробам од Зегин Здрава храна и воопшто не беше вкусно ептен како вода со вкус на кокос
     
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.757
    Допаѓања:
    141.717
    И мојата не сака веќе овошје за појадок, ужините ни се овошја. Почна појадокот да ни е секогаш со кис млеко, кефир, јоргурт павлака со тарана, палента, дурум... или едноставно попара.
    Млеко уште никакво не давам се доиме уште, од септемви натаму ако се одбиеме, ќе видиме какво млеко ќе биде.
    Веган дете не поддржувам. Мајката свесно одбрала да не јаде месо и производи од животно, ама на детето му треба месо. Може засега е океј, ама понатаму ќе има последици.
    И јас мразам кафир ама дете јаде. Јас ориз и банана не јадам дете јаде, палента не поднесувам ама дете јаде. Јас свинско јадам дете само телешко. Ако ја хранам како што јадам јас, штета ќе и направам.

    Дајте идеи за појадок, а да не е млечно?
     
    На M&M, PUPICA, augustd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.855
    Допаѓања:
    109.949
    Пол:
    Женски
    Ах тој појадок! Најтешко ми е да го смислам. Јадеме јајце на путер или варено, намаз некој домашен тазе направен со авокадо, ама останатото е мусли со ад, овесни со јогурт, намаз млечен со леб, тоа е тоа малтене. Доручек и вечера ми се најтешки да ги испланирам, ручек е мачкина кашлица. Наземав од Бејбилав мусли, житарки и такви оброци за појадок, па си викам малку бар да си олеснам. Па мешам, еден ден готов оброк на Бејбилав, еден ден житарка чиста со јогурт, еден ден јајце, еден ден намаз и така у круг.
     
    На augustd и Cka им се допаѓа ова.
  12. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.395
    Пол:
    Женски
    Растителни млека јас воопшто не планирам да дадам како замена за млеко. Воопшто не се прилагодени на нутритивните потреби на бебињата и малите деца. Протеинската вредност им е многу ниска и како такви не одговараат на организам кој што расте и се развива. Може да бидат само додаток на јадења ама не главен дел од оброкот.

    Мене не ми е јасна фамата околу млекото. Зошто го направија толку штетно. И гледам сите што не даваат млеко даваат млечни производи. Како се тие различни од млекото освен што разбирам дека имаат помалку лактоза затоа што се ферментирани. Друго ништо ама баш ништо во хемиски поглед нема разлика.
     
  13. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    45.637
    Пол:
    Женски
    Јас пробав на 12 месеци да давам да пие млеко и не и одговараше,имаше страаашни грчеви и запек (иако го мешав со вода)
    Користам за во кашички ама не и за пиење

    Дадов сега да проба лимон и портокал,ем се мршти ем сака уште :lol:
    Незнам дали може да дадам киви и печурки,скоро полни 15 месеци сме или подобро да почекам

    Овошје и зеленчук користиме за ужинки,сабајле несака да јаде каишичка со овошје ама затоа една ужинка ни се состои од една праска,150гр јагоди и исто толку грозје :$
    Од прилика 300-400гр овошје во денот најмалку јаде

    Проблем имам за доручек освен суви пецива и мусли со млеко ништо друго не прифаќа
    Пробав и мармалад со путер,кисело млеко со лебче,варено јајце и не ми успева ништо :|
     
  14. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.395
    Пол:
    Женски
    Mari* и мојот не пие млеко од шише. Едноставно не сака ни адаптирано ни обично. Ама го користам за мусли, за пиење со палачинки и слично.
    Киви јас дадов на 10+ по препорака на педијатар заедно со портокали, лимони, мандарини.
    Печурки проба пред некој ден на 18 месеци.
     
    На Mari* му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    45.637
    Пол:
    Женски
    Јас се плашам за киви да не даде некоја реакција
    Од многу членки имам прочитано дека кивито е јак алерген па затоа реков да почекам
    @joy1 што мислиш ти? Мислам тебе те имам читано за тоа ако не се лажам
     
  16. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.066
    Допаѓања:
    328.426
    Пол:
    Женски
    да,кај мојата имаше реакција моментална .На 16 месеци проба и тоа домашни од двор од кај свекрва ми.И отече јазикот,имаше јако црвенило,печење и гушење.

    после некој период дадов пак и пак истата реакција.Веќе не давам се плашам.

    инаку јас и печурки немам дадено.Печурките се 3+
     
    На Mari* му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.855
    Допаѓања:
    109.949
    Пол:
    Женски
    Па после годиниа млеко не им ни треба, ако сме реални. Ние намаливме на едно млеко а после 18м планирам и тоа да го баталиме. Растителни млека би користела и користам за млечни маши со гриз, какао и урми. Инаку млекото не е штетно, ако е во умерени граници, во оброк или слично, ама не е здраво дете нас годинка главна храна да му биде млеко. Инаку разликата во млечни производи и млеко е во тоа што производите се баш тоа, производи, тие се со додадени култури при обработката и со тоа сменет е составот, затоа и се здрави.
     
    На Mari* му/ѝ се допаѓа ова.
  18. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.860
    Допаѓања:
    32.474
    Пол:
    Женски
    Јас киви дадов малку пред годината, и немаше никаква реакција кај нас.
     
    На Mari* му/ѝ се допаѓа ова.
  19. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.033
    Допаѓања:
    154.225
    Пол:
    Женски
    За печурки ти е многу рано, без 2г а еве како што вика и џој 3 сигурно. Ние јадевме пица пред некој ден и ги тргав печурките, може лапнала некое мало парче ама во секој случај не сакам уште да и давам.
    Мојава уште не пие млеко ама цица, има пробано кравјо со бисквити неколку пати ама не и е баш некоја храна што ја сака. Ќе ја одбивам уште малку па ќе видам дали ќе сака за заспивање да пие ако не уште поарно. Јас не пијам млеко воопшто освен во кафе или со бисквити некогаш чисто ми е гадно не го можам. Еден период почнав да јадам за доручек житарки со млеко и имав мн грчеви и ми беше подуен стомакот очигледно не ми прија. Малово сака јогурт сирење кашкавал многу и секојдневно јаде. Докај 16-17м доручек и беше овошје со житарки ама веќе не сака, само што сега ја навикнав на смути по малку пред доручек така да пак и доаѓа прво овошје
     
    На Mari* му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    Незнам дали прашањето ми е баш за во оваа тема ама посоодветна немаше, ние заглавивме со воведување намирници синко не отвора уста на зеленчук и месо само што ќе го намириса затвора усте па и на глава да застанам не јаде. Од месо имам воведено само телешко (кога јадеше) од зеленчук морков, тиквица, компир, карфиол, брокула, спанаќ, цвекло (ништо од ова не јаде) пробав се нови намирници без да ги мешам со веќе дадените не сака, додавав м. масло, к. Масло, путер не и не. Пробав не блендирано бидејки покажа интерес за храната да ја фати сам да гризне тука друг проблем собира храна во уста па се закашлува како да се дави ме вади од памет незнам како да постапам се осеќам како се да правам погрешно бев и на матичен и на педијатар ми вика снајди се мајка детето само ќе ти покаже што и како, се додека е здрав и весел не не барај. Се извинувам за долгиот пост ама веќе сум очајна инаку мали само што наполни годинка
     
    На Mari* му/ѝ се допаѓа ова.