Па на интернет има многу рецепти. Ама кое ќе ти се посреќи... Ишлери Спојлер ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 Јајца/це 200 грама Брашно 1 кесичка/ки Ванилин Шеќер 1 Жолчка/ки 3 лажица/ци Какао 240 грама Путер 150 грама Шеќер 70 грама Шеќер во прав ПОДГОТОВКА: *Напомена За фил: 3 јајца 150 г шеќер 100 г путер 1 ванила Остатокот од состојките е за колачите За да го подготвите тестото, убаво изматете ги жолчките, а потоа додаjте ги путерот, шеќерот во прав, жолчката и трите лажици какао. Од тестото се расукува тенка кора, од која потоа со калап се вадат крукчиња. Потоа крукчињата се ставаат на плех, на кој претходно е ставено малку брашно. Се печат околу 15 минути на умерена температура. Во подлабок сад се матат јајцата, шеќерот, путерот и ванилата. Потоа крукчињата се делат на два дела, врз едниот дел се става филот, а вториот дел се премачкуваат во растопена чоколада, а потоа се ставаат одозгора врз крукчињата кои веќе имаат фил. На секое колаче може да се стави рендана чоколада. _________________________________________________ Посни ишлери Спојлер ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 грама Шеќер во прав 50 грама Шеќер 5 лажица/ци Масло 350 грама Маргарин 50 грама Какао 3 лажица/ци Какао 30 милилитри Вода 3 кесичка/ки Ванилин Шеќер 200 грама Брашно ПОДГОТОВКА: Од 200 гр. брашно, 150 гр. маргаринот, 1 кесичка ванилен шеќер и 3-те лажици какао замесете тесто. Оставете го да се одмори, па расукајте го. сечете мали кругови со 3-5 см обем. Ставете на плех посипан со брашно и печете 15 минути на 220 степени. За филот пенесто изматете 200 гр. маргарин, 200 гр. шеќер во прав и 2 кесички ванилин шеќер. Кога кремот ќе биде пенест ставете го во фрижидер. Печените колачиња илзадете ги, филувајте две по две и полијте ги со чоколадна глазура. Чоколадна галзура: 50 грама какао, 50 гр. шеќер, 5 лажици масло и водата, ставете ги во тиган и на ниска температура мешајте ги додека се растопат. Откако смесата ќе се изедначи оставете ја малку да се вари, не го прекинувајте мешањето. Тргнете од огинот и мешајте скоро додека се олади. _________________________________________________ Посни ишлери 2 Спојлер Потребни состојки: 180гр растителен маргарин 100гр шеќер во прав 100гр печени мелени лешници 200гр брашно џем од кајсии За глазура: 250гр шеќер во прав 100гр посно чоколадо за готвење половина чаша вода лажица растителен маргарин Начин на подготовка: Замесете го тестото и оставете го половина час да отстои во фрижидер. Развијте го до дебелина од 0,5 см, извадете погачици со модла и печете на подмачкан плех на 180 степени, малку да поруменат. За глазурата загрејте шеќер со вода, тргнете од оган, додадете рендано чоколадо и маргарин, па матете додека не се олади. Со џемот спојувајте по две погачици и секоја натопете ја цо глазура од чоколадо. _________________________________________________ Ишлери СОСТОЈКИ (за 8 лица) за тесто ● 200 гр брашно ● 100 гр путер ● 100 гр шеќер во прав ● 100 гр мелени ореви ● 1 жолчка за крем ● 2 јајца ● 100 гр шеќер во прав ● 100 гр путер ● 50 гр чоколадо ПРИГОТВУВАЊЕ Чекор 1: убаво измешајте и измесете ги сите состојки во сад. Оставете го тестото во наредните 30 минути настрана. Потоа, расукајте го со дебелина од половина сантиметар. Со помош на калап направете ишлери. Распоредете ги во сад за печење кој претходно сте го покриле со масна хартија. Печете 30 минути на температура од 150 степени. Чекор 2: за кремот, измешајте ги јајцата и шеќерот и сварете ги на пареа. Во топлиот крем додадете го чоколадото. Малку изладете и потоа додадете го путерот. Откако печените ишлери малку ќе се изладат, на половина од нив нанесте го кремот. Чекор 3: со другата половина ишлери покријте ги оние на кои сте им ставиле крем. Вака добиените ишлери потопете ги во топено чоколадо или нанесете глазура од топено чоколадо врз горниот слој.
ЌЕ си купиш и немаш гајле до дека да ги изедеш мајка ми ги прави многу убави само треба да прашам за рецепт
посни 300 грама Шеќер во прав 50 грама Шеќер 5 лажица/ци Масло 350 грама Маргарин 50 грама Какао 3 лажица/ци Какао 30 милилитри Вода 3 кесичка/ки Ванилин Шеќер 200 грама Брашно Од 200 гр. брашно, 150 гр. маргаринот, 1 кесичка ванилен шеќер и 3-те лажици какао замесете тесто. Оставете го да се одмори, па расукајте го. сечете мали кругови со 3-5 см обем. Ставете на плех посипан со брашно и печете 15 минути на 220 степени. За филот пенесто изматете 200 гр. маргарин, 200 гр. шеќер во прав и 2 кесички ванилин шеќер. Кога кремот ќе биде пенест ставете го во фрижидер. Печените колачиња илзадете ги, филувајте две по две и полијте ги со чоколадна глазура. Чоколадна галзура: 50 грама какао, 50 гр. шеќер, 5 лажици масло и водата, ставете ги во тиган и на ниска температура мешајте ги додека се растопат. Откако смесата ќе се изедначи оставете ја малку да се вари, не го прекинувајте мешањето. Тргнете од огинот и мешајте скоро додека се олади.