1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде на факултет? Во Скопје или може некој друг град?

Дискусија во 'Образование' започната од gurgica, 24 март 2010.

?

Каде е подобро да се студира?

  1. Во Скопје

    159 глас(а)
    75,0%
  2. Во некој од помалите градови

    53 глас(а)
    25,0%
  1. gurgica

    gurgica Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    Идни студенти вам ви ја остапувам темава за тоа каде би сакале да се запишете на факултет во Скопје или на друго место и зошто баш во тој град,каде подобри студентски журки итн.Ако ме прашувате мене најдобро Скопје па еве тема и кажете ги и вашите мислења и коментари.:P:P:P
     
  2. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Јас од оваа година сум студентка, и во Скопје ќе одам.Штип ми е поблиску, и таму има убави факултети, ама сестра ми е во Ск и јас таму :) Исто така ако се запишам во Штип ќе треба да патувам секој ден со автобус а пак дома да седам, а нели финтата е малку и да се избега од дома :D Туку јас уште не сум го одлучила факултетот! Еднаш сакам ова, еднаш она. Па на крај ќе видеме што ќе биде.Иначе ќе ја искористам темата и да ги прашам матурантките на кој факултет одлучиле да одат ?
     
  3. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    од кои причини ти е најдобро во Скопје???

    а може и град надвор од Македонија да се наведе???
     
  4. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Женски
    Знам дека е рано да размислувам за факултет бидејки имам само 16 години ама според мене во Скопје има избор а исто така еден од градовите кој би го избрала е Битола многу мој блиски се таму па кога би бирала и јас најверојатно би избрала таму :)
     
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Ќе одам Скопје највероватно затоа што и брат ми е таму на факултет, па ќе можеме заедно да бидеме. И не одам таму заради журките, тоа сигурно.
    Филолошки факултет: Англиски јазик
     
  6. gurgica

    gurgica Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    Со оглед на тоа дека студирам во друг град(и многу ми е мака за тоа )да имам можност веднаш би отишла во Скопје зашто како Скопје си е Скопје. Зборувам за мене лично а што се однесува во друг град надвор од Македонија уште поубава можност да се запознае друга култура и народ.Само што се бара ,,малку,, подлабок џеб ;) ;)
     
  7. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988

    ок фала на одговор :)
    да се надоврзам на темава јас живеам и студирам во Скопје и за додипломски не би одела во странство, ама за посдипломски може да се размисли :D
     
  8. didija

    didija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    118
    Значи според мене, кога се оди да се студира , не треба да се бира градот, средината, журката.....
    Јас студирам во Скопје, од причина што кога се запишував овој факултет го немаше низ другите градови, но сега да треба да се запишам без размислување би отишла во друг град. Додека ние во Скопје сме безгласни букви, се мачиме додека да положиме( а замислете 80% исто учиме со факултетите низ другите градови), тие што не студираат во Ск, многу полесно положуваат. Не ми е мака што некој лесно ќе положи , да не ме сфатите погрешно, мака ми е што и ние ја немаме таа привилегија, а на крај сите со исто искуство(никакво) ќе конкурираме за истите работни места. Па така да гледајте каде можете полесно и побрзо да завршите.
    И уште една негативна особина на студентскиот живот во Скопје според мене е прескапиот живот. Значи од кирии,сметки, превоз, па до кафиња,шетање(по кафичи)...
     
    На gluvarche му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    општо земено за сите студенти без разлика дали се од скопје или од друг град дојдени скапо е....трошок на факс за студирање,книги и пропратни глупости, после за излегување и забава цените по кафичи и дискотеки се превисоки, а плус оние од страна што доаѓаат и пари за сместување им требаат :?

    а за тоа како се поминува на факултет можам само за економски да направам споредба овој во Скопје државниов и неговата УЖАСНА постава на професори - со оној во Штип каде многу мои другарки отидоа вонредно да студираат и покрај тоа што се од Скопје ;)

    имам едно прашање вака до овие што доаѓаат од страна да студираат во Скопје...дали доаѓаат да студираат или воедно тука гледаат и подобри шанси за просперитет зa време на студирањето и после тоа???
     
  10. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Јас сум од Скопје и кога би студирала во некој поголем град недвор од Македонија нормално би сакала да ги искористам можностите што ги имам таму, така е и со студентите од внатрешноста, мислат дека Скопје е поголем град и има работа ама грешат, во Скопје има презаситеност од секоја можна професија, има голема конкуренција и воопшто не е лесно да се најде работа.
    Од колешките што беа моја генерација на факултет само неколку останаа во Скопје и тоа само заради тоа што имаа каде да останат, за многу од нив беше полесно да работат во сопствените градови бидејќи има градови каде што скоро и да нема филолози, еве пример во мојата генерација немаше ни еден од Кавадарци, Неготино , Берово, и само една колешка имав од Радовиш .
     
  11. didija

    didija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    118

    Вака, јас значи сум од страна и студирам ваму, во Скопје. Со мојот факултет , значи на информатика сум, мислев дека ќе има многу поголеми шанси за вработување, но како поминува времето гледам дека не е баш толку едноставно. Е сега по другите градови тие што ја работат оваа струка зимаат до 50 000ден плата, додека во Скопје платата е од 70 000-100 000ден колку што сум јас запознаена. Па со оглед на ова многу нормално дека да останам во Скопје, ваму да работам, би ми било приоритет. поз ;)
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Jaс од Охрид се селам Скопје. Кент вејт! Знам дека ќе го видам најубавото но и најгрдото, но сепак се работи за животно искуство. :)
     
  13. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.522
    Допаѓања:
    2.425
    јас сум од Велес.. и за некои 5-6 месеци летам за Битола.. јее :D :D
     
  14. romanti4na.riba

    romanti4na.riba Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Јас се уште се мислам каде да одам цела глава ми е побркана од размислувања, но едно ми е сигурно дека не сакам да одам во Скопје тоа поради што е голем град и јас таму нема да опстанам да немам простор да се шетам мирно и спокојно и ме плаши што е голем град, секакви луѓе има и опасноста е поголема, а и плус многу е скапо се за разлика од дугите градови. Желба ми е во Битола на технички на информатика да одам ама ке видиме, сега ме предомислија дека во Велес го има истиот факултет преку Битола и било поефтино во Велес и повеќе му објаснувале за разлика на тие од Битола и помирен град е. Ама Битола си е Битола!!! :lol: ;)
     
  15. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Значи до идните матуранти: Факултет кој не е во Скопје не е факултет. Јас студирам во Скопје 3 та година и можа да ви кажам условите во секоја смисла на зборот се далеку подобри од оние во другите градови, посебно ако се работи на факултет каде што праксата е неопходна. Преку глава ми се овие факултетиве што никнаа последниве 2 години во Штип, Пробиштип, Виница, Кочани. Св Николе... Се рекло факултет а да отидеш немаат ниту училници, ниту лаборатории, а што е најлошо немаат ниту професори. Им даваат по една семинарска да направат или пак готови прашања и еве ти 10. Ги мрзи овие професориве од Скопје да одат по другите градови да предаваат па од рака 10 пишуваат. И баш тоа ме нервира утре и јас и тие иста диплома, па дури и со подобар просек, а знаење никакво. Е сега кој сака туку така да помине нека се запише на ваквите факултети. Зависи на кој до што му е. А за трошоците не горе долу тука некаде било каде и да студирате, а и животот во Скопје е екстра. Позз
     
    На zara му/ѝ се допаѓа ова.
  16. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.475
    Како може да кажеш факултет ако не е во Ск не е факултет. :?: Во Битола има електро и информатика факс и не значи дека е понеквалитетен од Ск. Во Прилеп економскиот од секогаш го имало, па дури и премиерот сегашен сто ни е има завршено во Прилеп. И баш убава работа е тоа шо отворија факултети во Штип затоа шо тие од источна Мак. ќе можат да студираат таму ако немаат доволно средства за во Ск. Не може да кажеш дека трошоците во Ск и во било кој друг град се исти, затоа шо се далеку различни. Во Ск ако ќирија за стан чини околу 250 евра, во Прилеп и Штип од 150 евра нема поскап стан. А за тоа дека во Штип немало предавални, лабаратории и професори е чиста глупост. Можеби првата год. кога ги отворија на почеток да немало добри услови, ама тоа е секаде така на почеток додека да се направи добра организација, ама пак викам тоа може било само првата година. А сега со сигурност ти тврдам дека факултетите со во реновирани згради, некои и во нови, и има многу добри услови за работа, а професорите не се истите од Скопските факултети, туку си има редовни професори и редовна настава, а начинот на работа и студирање е преземен од Бољонската Декларација и се работи по кредит трансфер систем ( а во Ск на некои факултети се уште не се работи целосно под тој принцип ) а сите држави во ЕУ работат по таа Декларација. Оценката не се формира само врз база на постигнатите резултати туку и поени од присутност, активност и презентации. Ако има студентот три отсуства тогаш може да се случи да не собере доволно поени, така да не е доволно само колоквиумот да биде положен туку и треба присутност и редовност. Затоа не држи место тоа шо викаш дека немало предавања туку така ставале оцени.
     
    На LinaMala и happygirl им се допаѓа ова.
  17. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Полека малце, факултетот во Прилеп, факултетите во Битола, се на исто ниво како и во Скопје. Која е разликата помеѓу универзитетот Св. Кирил и Методиј, и Св. Климент Охридски?
    И двата се стари, доволно искуство имаат со работа на студенти и слично. Од сите факултети има излезено добар кадар, не зависи само од професорите или пак од името на градот, од студентите зависи.
    А и новите кои се отвараат, можеби е претерано во секој град да има факултет, да, сепак сме само 2 милиона жители, ама пак размисли како им е на оние кои немаат финансии да одат во Ск, а имаат огромен потенцијал? На кој и да е факултет, зборувам за државните, можеш да сретнеш секакви професори кои даваат оценки од ракав, а и такви кои бараат да си заслужиш! Ако е така за во Мк, како што ти викаш, тогаш објасни која е разликата помеѓу Кембриџ и Оксфорд! Затоа идни студенти, гледајте вам да ви лежи струката која ќе ја упишете, а не дали е во Скопје или Битола, Штип, или Велес.
    Извинете ако сум оф топик!
     
    На veri му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    девојче ти збориш за дисперзирани студии, не мешај баби и жаби....едно е факултет и универзитет....а друго е дисперзирани студии ;)
    и ако сите дојдат во скопје што правиме а???
    ајде доаѓајте овде пари и можности врнат....од небо паѓаат....и после заостанати биле некои краеви во Македонија...па кај нема да бидат заостанати кога сите бегаат од таму....се додека има ваков менталитет ќе пропаѓа државава полека но сигурно ќе си тонеме... :|
     
    На veri му/ѝ се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.220
    Пол:
    Женски
    Браво девојки за одговориве. Посебно Гоу грл со Се додека има ваков менталитет ќе пропаѓа државава полека но сигурно ќе си тонеме... :| Потполно се сложувам. Па каде ќе стигнеме вака?
     
  20. seksi

    seksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    113
    Се сложувам со последните девојки.
    Сигурна сум дека истата работа може да ја извршуваат и дома во својот град. Немам против тоа да остануваат, но ајде сите да останат тоа веќе не иде.
    И секако ако сакаме напредок, исите функии потребни за главен град потребни се и во другите градови, така ќе напредува државата. На пример, Германија е може голема, но и другите градови се развиваат, не само главниот, не седат луѓето туку така, со скрстени раце... затоа сите сакаат таму да живеат, бидејќи си има добар систем, развиен, а и луѓето работат.