Епа вака барав но не можев да најдам а премногу ми треба совет.. носам овично бројче 38 на патики балетанки и сл.. ама штикли 38 ми се големи а пак 37 ми се мали и ми треба разгазување.. купив сега едни превисоки штикли 37 и ми требаат за во петок,многу се високи премногу ке ме болат нозете ако не се разгазени.. знам читав порано нешто во замрзнувач ама не ми текнува како беше.. ај ве молам ако знаете како побрзо да ми се олабават, рашират ве молам кажете мииии
Еве ти неколку идеи http://www.kafepauza.mk/zivot/kako-da-gi-naviknete-novite-chevli-na-vashite-stapala/
Намокри ја целата крпа со ракија и стави ја во нив , нека отстојат така , или пак може и во фрижидер да ги чуваш во замрзнувач (јас многу пати сум го правела оваа и многу ми има помогнато) или носи ги на чевлар ке ти ги рашират и нема да имаш проблем. Мајка ми имаше проблем со патики и тоа го среди кај чичко чевлар
Однеси ги на кондурџија, ќе ти ги стави на калап и за еден ден ти се готови. За 50 ден. сигурно го решаваш проблемот. Се разбира ова функционира најдобро на кожни чевли.
Еве и јас мака мачам со моите нови чевли Ги ставив во замрзнувач утрово, а колку време треба да ги чувам така “замрзнати“? Им ставив и хартија во предниот дел каде што ме стегаат
Јас би поставила прашање Како да ги стеснам чевлите Носам мал број 35 (чевли,сандали,влечки),36(само чизми) Ама оваа сезона и чизми не можам да најдам.Не знам од каде ги увезуваат и 36 ми се големи Многу се нервирам
Нека отстојат 2-3 дена ако не ти се хитни ,хартија не крпчиња стави им напред и стави ги во замрзнувач можеш кога ке ги извадиш да си ги облечеш одма да си ги разодиш и нема да имаш проблем
Се` ќе пробам додека не ги направам таман Нека стојат сега во замрзнувач со хартија, па ако не ми се рашират така ќе пробам како што кажа Snow-Queen, со крпички и омекнувач.