Мене сликата за семејство ми е фул ваква каква што е во моментов. Ние тројца и куче. Убаво ми е. Немам чувство дека нешто недостига. Имам релативно мирно дете со кое немав некои значителни потешкотии до сега. И покрај тоа психички до кај година на бебе ако не и подолго, бев скроз хаос. Замислувам дека кога би имала второ дете ќе биде целосна спротивност на првото и дека едноставно не сум способна. А сум човек што не сака апсолутно никаква помош и сака се да направи сам. Во овој момент не можам да замислам да треба да се грижам и за новороденче покрај грижата за дете. Капа симнувам на сите родители на деца со мала разлика. Од друга страна мислам дека кога си веќе влезен во бубањот у смисол тодлер + бебе е полесно од аспект дека немаш ни време да помислиш дека ти е тешко Како проаѓа време и ‘бебешките проблеми’ ми стануваат се по далечни, мислам дека и се потешко би се одлучила на тој чекор. Сепак, не можам да кажам дека мојата одлука e 100% конечнa и дека понатаму нема да дојде момент кога ќе бидам спремна за второ. @KuklickaSk и јас би сакала девојче, а интуиција ми вика, 5 да ги родам, сите машки ќе се наредат
Отсекогаш сум сакала бар две. Зошто, што како, ете јас си знам. Прво зошто не сакам и не се замислувам со едно. Второ зошто сакам да има некој свој во животот зошто нема ни први братучеди. Мене ми беше многу тешко што бев сама. Едноставно ко љубоморна да бев на оние кои имаат некој. И искрено не се замарам со коментари од страна, било какви. Секој за тоа сам си одлучува, причините се небитни.
Како што пишав и во другата тема уште не сме одлучени, ама ни ваму ни таму не сум. Како членката погоре и јас сум самживник, несакам помош, за утреден да слушам "јас те исчував, мајка ти неможеше со две....", како што уште сега му зборат, дека кога ќе сум родела второ он ќе седел со баба и дедо, мама ќе немала време за него.... оооок. А второ ни на повидок. секако пред да наполни 4/5 години не планираме второ, од различни аспекти, а несакам ни да е само, едно дете, вака ќе си има друштво.Прво финансиски, второ од причина што сакам двете јас да си ги гледам, а вака помала разлика тоа ќе е потешко. Па ќе видиме, само здравје. Мене "ме колнат" да сум имала близнаци па да сум видела како ќе сум молела за помош, као "д даде господ да имаш близнаци па да видиш што е тешко, ќе молиш, ќе колиш за помош". Мислам кој муабет е тој. Ама веќе отрпнав и кој ги шиша.
Од секогаш сакав и знаев дека ќе имам повеќе од едно дете, секако, ако даде Господ. Стално велам - првото дете е за родителите, второто за првото. Да не е само, не само додека расте, туку во животот во иднина, да си има некој, тоа ми беше мислата секогаш. Иако имав тешко породилно искуство со првото дете, не почекав долго за второ, па и за трето.
Надвор од темата е, ама ако ти е мисла, оди кај Димитров во Ремедика за консултација за серклаж. Кај нас е најстручен за таква процедура
Па ми требаше многу време да се решам.Првично бев за не.Ми беше многу напорно сама со едно плачливо и многу захтевно бебе.Кога потпорасна стана уште понапорна. Цел живот сакав да имам две моми. Мм сакаше , а јас не.Почна да ја наговара ќерка ми и така полека почнав да омекнувам.Исто голема помош ми беше и оваа криза.Сакав да одморам од секојдневните тешки обврски на работа, дома и плус премногу големиот притисок на работа.Прашав за повисока плата и не добив посакуван одговор и одма решив. Бев 35 години или сега или никогаш. Мислам дека за трето побрзу ќе се одлучам отколку за второво, само ако ми дозволи финансиската состојба.
Odsekogas sakav bliznaci, no ok ne mi se ispolni zelbata pred 8 godino dobiv sin. Gordost na mama i tato uzivav sekoj mig dere kako od knifa na sekoj mu posakuvam takvo dete. No zelbata za vtoro mi tleeshe odsekogas no znaete kaj nas kako e za se treba da si stabilen a jas vo poleto na rabota ne bev edna druga treta rabota no ednas presekov i rekov dosta e sakam vtoro. Taka i si bidna decata mi se 5 god razlika jas veke se osekam celosna. So raganjeto na malata si go reshiv rabotniot sratus, uste malku i stambeniot i konecno ke bideme se komplet. Nekako kako da mi ja donese toplinata i srekata vo domot vtoroto
Убаво што ја отворивте темава Мојот бебуш е скоро 11 месеци и ми изгледа многу потешко одгледувањето на бебе отколку што си замислував, психички, но и физички. Јас како единица секако размислувам за опцијата второ, но ќе оставам и на времето секако, не би брзала. Ме интересира како се организирате во секојдневието со 2-3 деца, дали успевате сами или секако имате помош од баби дедовци? Дали успевате и во кариерата паралелно?
Ги прочитав сите одговори тука. Пред некој ден пишував на оваа тема. После 2 ипол години ми се јави желба за второ. Иначе од секогаш се замислував со повеќе дечиња ама... Прва бременост неуспешна, киретажа. Втора бременост супер, породување доста трауматично. Бев решена дека ќе останеме со едно. Мм знае колку ми беше тешко и колку се истрауматизирав од пораѓај и на оваа тема не дискутира воопшто, вели како сакаш ти, ти ќе треба да го родиш. Знам дека и тој сака барем уште едно. Се двоумам многу, сакам ама стравот ми е поголем од желбата. Не сакам син ми да расне сам, се надевам дека ќе успеам да го надвладеам стравот.
Едно трауматично породување не значи сите дека ќе се такви. Ослободи се од стравот и помисли што е посилно: стравот да те кочи или желбата за дете да те води. И јас сакам уште едно барем, засега имам едно, година има, па верувам дека кога треба ќе си дојде. Здрави живи само.
Сакав 2 деца така и бидна, само што не планиравме на толку мала разлика (2 години) мислев барем 3 години. И јас не верував дека не е можно непланирано да останеш бремена, но ете можело Бременоста беше огромен шок за нас, но размислив дека дали 2, 3 или 4 години не ми прават некоја битна разлика. Испадна дека не е тешко како што очекував, дури и лесно ми се виде Второто побрзо расте како кај сите, тие се пресреќни многу се сакаат дури и заедно си играат сега. За да се одлучам за второто големо влијание имаше тоа што имав многу лесна бременост и пораѓај со царски,исто така помина и со второто. За трето не ни помислувам едноставно не сакам, затоа ги разбирам и тие што не сакаат ни второ па ни прво, секој си има право на избор. Сега спирала е на ред и раат ќе бидам
Јас за второ брзо се одлучив, затоа што првото ми беше бајче. Почна да зборува рано, до 2г се си зборуваше и како поголем се однесуваше (ова го сфатив после второто). Дури и кога се породив со второ, он 2 и 6м (прцулче бе, тогаш големиот батко беше), ми помагаше, ама навистина помош. Беше бебе што спие без да се буди, заби неосетливо извади, јадеше без проблем се. Па сакав да му родам другарче и сакав дури и помала разлика, ама додека се фати... Сега се супер другарчиња, си се сакаат, си се караат и никогаш не ни е досадно. Но малата како бебе и додека пркне ми наплати и за брат и. И си викам... она да ми беше прво, сигурно ќе чекав повеќе за второ И многу сакав 3 едно по друго, ама некако никако да се одлучам за трето... имам време секако, па можеби понатаму Вие со три, за третото како се одлучивте?
Отсекогаш сакав 2 деца на помала разлика бидејќи сестра ми е 6 год помала и не бевме блиски додека не станавме возрасни. Тешко е со две мали деца на 2 години разлика, но многу поинтересно, и како растат, се повеќе се дружат и заедно си играат.
Јас за второ дете многу тешко се одлучив, првото лесно го пораснав, немав никакви потешкотии со неа, ама ете колку проаѓаат годините се навикнуваш со едно и толку е. Големата почна да бара брат или сестра, беше голема, имаше 8 години, и така се одлучив. сега иако се голема разлика , пак има потешкотии , на моменти си викам може требаше помала разлика да бидат ќе пораснеа заедно оддеднаш , но тоа е. Иако големата ми помага, немаат заеднички интереси ама тоа за др тема
Уште пред да ја родам поголемата ќерка, знаев дека сакам две деца и дека сакам да се мала разлика. Ова под влијание на мене и брат ми, ние сме голема разлика од 10 години и дури откако пораснавме создадовме некоја блискост. Не го сакав тоа и за моите деца. Ја родив големата, и кога веќе наполни 1 година, почна да ми се врти помислата за второ. Решивме со мм дека ќе почнеме да пробуваме, мислејќи дека ќе ни треба некое време сигурно, ама бидна од прва, уште пред официјално да почнеме Големата имаше годинка и 3 месеци кога останав трудна со малата, 2 години се разлика. Сега се чувствувам комплетна, знам дека ќе се имаат засекогаш една со друга и никогаш не се покајав што се мала разлика. Многу беше тешко на почетокот (и сеуште е), ама ќе жртвуваме со мм неколку години, после е многу полесно (се надевам )
Викаат поголеми деца, поголеми проблеми Но еве мене па полесно ми е како пркна малава, сега е она 3ипол години, синчето наполни скоро 6. Самостојни се и двајцата, сами стануваат и си мијат заби, сами јадат, сами спијат во свои соби (знаат да завршат некогаш на спална кај нас, ама повеќе се сами). Сами се облекуваат, сами излегуваат и си седат си играат во двор. Додека порано за овие работи ми беше научна фантастика, особено да излезев со нив и да се вратев дома, се враќав жива вода Во двор морав да седам до нив се додека не влеземе... и се нервирав, они сакаат да седат, јас сакам да пружам алишта или да направам јадење (а на втор спрат во куќа сме и имам скали до горе). Па често сум ги зимала со мене, па сум се враќала, особено што мозокот не ми работел и сум заборавала да доземам нешто и ајде до горе, назад со се нив Плус се среди спиењето на малата... Па фала богу и спиеме Плус голем ми е и што не влечам на шетање со мене 29373838 работи и торба огромна И ептен си се друштво, многу си играат, нормално и се закачкаат, ама па стварно никогаш не им е досадно 2 и 6м се моиве разлика, а и јас сакав помала Трето многу сакам, ама незнам ни сама што ме премислува... ден си викам сакам побрзо, ден си викам ај да пораснат, ден си викам имам и машко и женско... може и доволно ми се две и така
Исто со спратот и скалите, тотално. На секое качување морам и нив да ги влечам со мене, така да ние сме уште во таа фаза Ама големата оди во градинка, па полесно е кога сум само со едно. Малава инаку е во фаза на проодување и баш е забавно да се кичмам со неа во двор и да пазам другава да не ја акне со точакот додека вози како бесна Ај ќе пораснат, после па други проблеми што викаш
Јас тешко се одлучив за второ иако многу сакав, ради тешката бременост со првото и претходен спонтан во 5 месец. Стравував дека и секојаа наредн бременост иста ке биде. Кога после 8 г конечно се решив, па не сакаше, тогаш други проблеми, тогаш се подложив на ивф. И покрај се бременоста помина добро во глобала. Не жалам за одлуката, на моменти жалам што порано не сум се решила. Ама што е тука е, живи и здрави да сме.