1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кандило

Дискусија во 'Религија' започната од S.N.E.G.U.L.K.A, 9 февруари 2013.

  1. S.N.E.G.U.L.K.A

    S.N.E.G.U.L.K.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    49
    Кандилото е симбол на Божествената светлина која го просветлува секој човек,тоа со тивкото треперење на пламенот буди мир во душата,го поттикнува срцето на молитвата-на радосно треперење,бидејќи се стреми да се сретне со Создателот свој.
    Елејот -маслото во кандилото е симбол на добродетелноста,пламенот пак е израз на нашата вера во Бога, па така и ние за да се поистоветуваме со мудрите девојки/од параболата за Младоженецот/,треба да се трудиме да живееме во постојана духовна будност,нашите светила,односно верата,да бидат постојано запалени и секогаш да имааме доволно елеј,односно добродетели,за да го пречекаме Господа секогаш подготвени за да се сретнеме со Него за наше спасение.
    Не случајно при осветување на дом се осветува кандило за да се покаже дека во тој дом има вера и се вршат постојано добродетели и дека се принесува постојана молитва. Накратко речено тоа е израз на нашата заложба за постојана духовна будност.Ако е така тогаш би требало ако сме во можност нашето кандило постојано да го оддржуваме запалено,деноноќно.Ако го напуштаме домот за подолго време добро е да се помолиме на Господа да го пази нашиот дом и да го изгаснеме од безбедносни причини.

    Дали вие имате кандило дома пред некоја света икона и кои се вашите ритуали ?

    Еве јас прва да почнам.
    Да ! Имам.И го палам секогаш кога ќе згасне.Се пали за празници и во неделите.
    Стварно носи мир,хармонија и спокој во домот.
     
    На blonde_supergirl, Bitter-Sweet, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Таа Сум

    Таа Сум Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2016
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Баба ми и дедо ми имаа кандило. Стоеше, мислам дека, пред икона на Св Богородица (каде го држи Исус Христос во раце). Би сакала и јас да си имам. Делува пријатно и смирувачки. :inlove:
     
    На kuc, Rama, Bitter-Sweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Јас дома имам две кандила. Ги палам во очи празник и на празник. Некогаш и за време на читањето на молитвите, некогаш не.
    Можеш да си направиш на многу лесен и едноставен начин. Земаш една стаклена чаша, ја полниш до половина со вода (подобро вино), тураш масло, ставаш пливец со фитилче и ете ти кандило. :)
     
    На blonde_supergirl, Rama, Bitter-Sweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Azzra

    Azzra Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2013
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    60
    Ме интересира што се прави со маслото од кандилото?
    Дали треба само да се дотура штом испари или да се измие чашката па да се стави ново масло?
    И колку често се менува фитиљ ако тоа гори деноноќно?
     
  5. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    0) Во кандилото покрај масло се става и вода или вино.
    1,2) Оставете го да изгори маслото. После водата(виното) и маслото што ќе остане турете ги во цвеќиња. И измијте го кандилото.
    3) На 3-4 дена.
    Јас верувам, дека вие покрај што принесувате кандило на Бога, принесувате и топли молитви, кон Бога, Богомајката и светиите.
     
  6. Azzra

    Azzra Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2013
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    60
    Ви благодарам на одговорот, секако дека и секојдневните молитви посебно за време на постот се неизбежни.
    Секое добро!
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.