Зосто кога отворам страна за да го гледам филмот ми бара да се регистрирам и потоа ми бара борј од картичка од банка не мозе да се гледам без да се плака ??
na filmovizija i na viki.com i jas na natabanu gi gledam ama na nekoi epizodi videoto e ostraneto taka mi pisuva
На viki.com ги отстранија сите епизоди,немам појма зошто.А на натабану си стоеја последен пат кога видов,еве сега и новите што ги преведуваат во ред се.
Насловот на филмот значи Карадај поточно се вика така затоа што презимето на главните ликови е Карадај. Инаку се согласувам со тоа дека имињата на ниту еден филм не е преведено точно. Судбината на Фатмаѓул на турски да го кажеш Фатмаѓул сучу не значи Што е вината на Фатмаѓул или пак пет сестри куџук каднлар е на турски а значи малите жени.
^^^ Презимето на главните ликови е Кара не е Карадај објаснато е по назад зошто името на серијата е Карадај
Ане -бела,го гледаше финалето? Спојлер Ептен изреволтирана сум,плачев ко ненормална,сериозно не очекував вака да заврши.Знаев ќе биде шок,ама не до толку..
Не уште немам гледано,зафатена сум деновиве и единствено одвојувам време само за светсково Леле што ли се случило ауу ќе се пукнам од нервоза дури не видам, ама ќе ми земи неколку дена дури да можам да гледам,очекувам ептен голем ШОК и знам дека ќе го добијам,а инаку и јас сум голема плачка
Спојлер Не се случи венчавката помеѓу Фериде и Махир. Таткото на Фериде постави бомба во свадбената кола со која Махир требаше да оди по Фериде. Арно ама сите влегоа во колата само Махир не и не дадоа ама мислам дека цела фамилија Кара загина. На крај дадоа после 8месеци Махир го судеа за нешто арно ама не разбрав зошто мислам дека го има убиено таткото на Фериде
^ Спојлер Како што разбрав,само малиот Назиф беше во колата кога експлодира,тој требаше да оди со Махир.Другите мислам дека отидоа со друго возило,ама можно е и да сум грешка,сите да загинале,што е уште потрагично.После 8 месеци,Махир е со алијас Карадај,односно гангстер и криминалец.Кога Фериде го испрашуваше дали е виновен,тој потврди и одржа еден добар говор.Махир зборуваше дека станал таков бидејќи светлината исчезнала од неговиот живот и дека не може да се врати на старото,дека е човек што изгубил надеж,дека време е да победуваат праведните,а не моќните со пари,дека време е да престанат мајките да плачат(ова сигурно го рече за сестра му)... Искрено не верувам дека го убил татко и на Фериде,на нејзиното лице видов болка,а не омраза и желба за одмазда.Ама сигурно сторил тешко кривично дело,бидејќи требаше пенкалото да му се скрши. Моја теорија е дека тргнал со криминалците да бара правда,и се отуѓил од Фериде бидејќи таа е судијка и верува во системот. Како и да е,беше болна епизода,ама не’ очекува многу добра трета сезона,само да не ја оплескаат на крајот со смртта на Фериде или Махир. ПС:Многу чудно е што Фериде е судијка на Махир,би требало да е друг бидејќи таа му беше свршеница и тоа би било конфликт на интереси
Од септември изгледа ќе ги гледаме мајка и на Бергузар(Hulia Darcan) и Хатиџе Сандал(Ебру од долина на волците) во Карадај Спојлер мајка му на Махир Сафије сигурно е загината во серијава,на твитер се поздрави со обожавателите и кажа се гледаме во нова серија. Серијата се вика Revenge of the snake Туку сакав да кажам многу ми е убава и згодна жена оваа Берѓузар Корел. Колку е само преубава во Карадај кај што е невеста
дали воопшто ќе има трета сезона ваљда ова не е крајот и јас мислам дека сите загинаа...цела фамилија Кара а незнам само зошто Махир е осуден пак....пишете ако нешто дознаете...
Аман бе турциве мораа да му ја убијат цела фамилија Ама сигурна сум ќе има 3та сезона и врти сучи Фериде и Махир ќе бидат заедно 100%
или ќе бидат заедно или ќе умрат и двајцата????едно од тие две работи мада можно е и двајцата да ги снема некако многу тажни настани се изредија ќе има сигурно и фамилијарни одмаздувања...
Искрено многу убава серија..не е како другите турски серии,штом ја гледа дедо ми кој ги мрази турските серии Судивката Фериде си ја обожавам само дали мораше бе гласот на Јелена Жугиќ повторно да и го стават??Ме вади од такт кога ќе ја слушнам,не зборува туку се дере Серијава е чиста десетка со добро одбрани актери..Иначе Фериде и Махир навистина многу си одговараат Инаку читав дека во третата сезона ќе глуми и Хулја Дарчан (мајка и на Фериде од приватен живот глуми во Болни лаги) и Ѓулхајат од серијата Татко и Синови..Се сложувам со ane.bella навистина е многу убава овде ми е поубава отколку во 1001 ноќ Овој Тургут многу млад бе 39 години се зачудив...Мене ми изгледа како за 60
Ааааа сега дури ми е јасно зашто серијата се вика „Карадај“, тоа не можев да го сфатам од почеток, бидејќи презимето на фамилијата е само Кара. Дури помислив да не е повторно погрешно толкување на нашиве „сезнајковци“. Глупости, морале ли вака да ја завршат серијава..... И така не ја пратам редовно ама баш се нервирам. Обично или има сплетки низ цела серија па завршува добро или обратно. Ова бел ден не видовме, кога знаеш дека ќе има без врска крај не ти се ни гледа воопшто.