Не верувам дека некој може да и’ остане рамнодушен на книгата! Се чита во еден здив. Преубава е! Но, јас ја читав скратената верзија. Сега, би сакала да ги читам оделно 5те тома. Верувам дека ќе бидам исто емоционална како и првиот пат. Спојлер Главниот лик е Жан Валжан, поранешен затвореник, обвинет за кражба на леб. Тој излегува од затвор и сака да започне од нула и со чесност и морал стане човек со материјална сигурност и достоен за почит. Со него се поврзуваат и животите на други ликови. Неверојатно е како Иго ги поврзува еден со друг ликовите кои имаат тотално различни приказни. Други ликови се Фантина и нејзината ќерка Козета. Девојки кои немале среќа во животот, но тој се менува на подобро благодарение на Жан Валжан. Омилен лик ми е Жавер. Тој е полициски инспректор кој постојано го следи Жан Валжан и затоа предизвикува одбивност или омраза кај читателите кои навиваат за главниот јунак. Но тој всушност е фанатик, кој е верен на својата професија. За него светот е црно-бел, на затвореник не може да му се верува. Според него луѓето не се менуваат и законот е тој којшто никогаш не греши. Својата заблуда ќе ја открие кога во една ситуација сфаќа дека законот понекогаш е неморален и неправеден. Разочарувањето од слепата верба и рушењето на неговата животна филозофија ќе прочитате до каде ќе го однесе. Еден негов цитат: "Лесно е да си добар, тешко е да си праведен." На Вас оставам да си изберете Ваш омилен лик од наведениве или остантите чиишто животни патишта Иго ги преставил одлично, така што едноставно се соживувате со нив. Топло ја препорачувам книгата, на секој! Мене ме остави без зборови, без здив... Верувам и вас! Епа, девојки, кое е вашето мислење за оваа прекрасна книга која има добиено и многу критики? http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0% ... 0%B3%D0%BE - Информации за писателот, од википедија. Погледнете.
Немам зборови...прекрасно дело, колку ноќи само сум ги поминала без сон, колку журки сум ги пропуштила и на колку тренинзи сум закаснала, само за да прочитам 5/6 глави повеќе и да знаам што ќе се случи понатаму...а секогаш кога се спремав да ја оставам, тоа го правев минумум после еден час
Ми беше дело за обработка минатата година, ја прочитав но не ми остави многу голем впечаток, но се согласувам дека имаше интересна содржина и се читаше многу брзо.
Дефинитивно мојата најомилена книга од средно. Ја прочитав во еден здив, а се сеќавам дека многу плачев додека го читав крајот.Едноставно ме потресе судбината на Жан Валжан. Спојлер Во личноста на Жан Валжан се кријат два аспекти на еден ист проблем: како се станува злосторник и како се преовладува негативното на човекот, за да се стане човек во вистинска смисла на зборот? Одговорот на Иго во првиот дел на ова прашање е категоричен: не е виновен Жан Валжан што украл леб за своите внуци, туку општеството кое не се погрижило да ги нахрани и го натерало да го направи ова зло дело. Жан Валжан е човек од народот, кој би можел да му биде корисен на општеството, но ова, место да му даде можност со работа да го стекне најнужното, го тера да стане злосторник. Клетници е роман во кој е насобрано искуството на цел еден живот кој претставува величествена фреска на времето, што ги опфаќа сите општествени слоеви, почнувајќи од оние што стојат на најниското стапало на општествената скала до највисокото.
Многу ја сакам книгава. Ја прочитав лектирската верзија (скратената). И да, брзо се чита. Секој средношколец обавезно да ја прочита
Нешто преубаво, фантастично! Во суштина не сум љубител на книги кои говорат за мачниот живот на луѓето... ама ова е нешто посебно и кое (како што кажа Брајт) секој мора го прочита. Не поради тоа што е задолжителна лектира во трета година средно и поради тоа што ќе ви треба за писмена, а богами и за матура. Туку затоа што книгава дава една убава слика на светот. Убава, во смисла реална. Убава, во смисла да те натера да размислиш дали се‘ е онака како што изгледа. Уште еднаш ќе кажам, љубител на вакви книги ама ич не сум, и можеби ваква книга повторно не би читала, и можеби ни оваа не би ја прочитала да не ми беше за лектира... ама оваа книга може така фино лепо да те мавне од земја ако си нашол положба таму високо во твоето розево балонче. Кој ја прочитал, не останал рамнодушен. А ако има и такви што останале - самите се КЛЕТНИЦИ затоа што не ја разбрале нејзината вредност.
Jaс одамна ја имам прочитано книгата, пред да ни биде за обработка и можам да кажам дека импресиите сеуште ме држат- ми се десило и во животот да помислам некогаш колку е се` исто, колку деца и денеска ја живеат судбината на Козета, а веруваме дека општеството напреднало. Прекрасна книга, која ќе го стопли и најтврдото срце и ќе му предизвика бура од емоции. Затоа сакам да читам такви дела, реални, класици - автор како Иго не може да те остави рамнодушен дефинитивно.
Совршено... љубов, интриги, сплетки, криминал, војна, страдања, радости... се во едно. едноставно самата книга не ти дозволува да ја оставиш недочитана. Прекрасна е!
Ја обработував минатата година и неможев да се задоволам да ја читам кратката верзија. Затоа си ги прочитав сите тома и ниту еднаш не се покајав. Омилен лик ми беше Фантина и ме натера да се расплакам. Се на се, многу трогателен роман и насловот е многу достоен за делото.
Јас не сум ја читала книгава досега, ама со коментариве ме заинтригиравте. Верувам дека може да се најде во библиотеките така? И што ми препорачувате: долга или кратка верзија??
Ја имам читано со наслов "Козета и Гаврош" најверојатно е истиот роман. Сум била основно кога сум ја читала, и знам дека ми има оставено голем впечаток и долго ја вбројував во мои омилени книги, но искрено не се сеќавам многу на нејзината содржина, кога слушнам за Козета ми иде слика во главата како Козета си игра под маса (најверојатно некоја кафеана) со една голема кукла, живее со туѓо семејство, мислам дека мајка и беше болна и почина...Доаѓа еден маж кој ја носи со него,така нешто беше мислам
Можеш да ја најдеш во библиотека. Би ти ја препорачала долгата верзија-цело дело во 5 тома, некаде 2000 страници. Инаку кратката е 600 страници, ама некако ми е без везно се така натрупано. Оригинал си е оригинал.
Ја имам прочитано кратката верзија одамна, ама сега решив да ги читам и 5те тома. Првиот веќе го читам и преубав е. Многу подобро е отколку кратката верзија, дефинитивно. Има многу мисли т.е. реченици кои се прескокнати во кратката верзија, а се предобри. Тука писателот на оригинален начин опишува, а така се чувствувам како да сум таму. Значи, дефинитивно ќе ги читам и другите 4 тома, а тие што се мислат помеѓу кратката верзија и 5те тома, би ги препорачала 5те тома.
Прекрасна книга. Ја читав до пред скоро една година и ме остави без зборови.Испреплетени повеќе животни приказни во една прекрасна книга.
Значи со сигурност можам да кажам дека ова е една од најубавите книги.Ја имам прочитано кратката верзија,но со задоволство би ги зела и 5 те тома да ги прочитам,затоа што навистина книгата е прекрасна.
Виктор Иго,книгата ја купив пред два дена,од оврски не сум почнала да ја читам,но верувам дека е добра книга
Ако имам можност да направам листа од топ5 книги, Клетници нема теоретска шанса да ја изоставам од неа. Апсолутно прекрасна. Немам зборови со кои можам да искажам колку сум воодушевена од тоа кое го прочитав, со која возбуда зборував на часот по македонски додека ја обработувавме. Здравје боже, да помине годинава и ќе се обидам да ја прочитам големата верзија.
Дефинитивно многу добар роман,бев единствена на часот по македонски што го раскажуваше,а богами има страшно да се каат тие што не го прочитале. Здравје,планирам и филмот да го гледам.
Не се согласувам со тебе само затоа што сигурно си ја читала скратената верзија на романот, а не целиот роман од 5тома, во мое време не тераа да ги прочитаме сите 5 верувај пукнав од досада додека го читав , но да содржината е супер , она што сакал да го прикаже писателот е одлично но има премногу описи, по 70 страни е опишуван еден лик само како изгледа а да незборувам за другото...односно за секој лик има книга Твоето книгиче е 400страни, а моето вистинското правилното онака како било напишано е 1400-1900 а тоа е една мнооогу голема книга.