го меркав овој. Јас користам на dr. Viton оној moves. Составот е добар ама толку е големо апчето што едвај го голтам. Некогаш ќе го здробам во малку вода ама така има гаден вкус. А и колкав е ефектот така е прашање. Само да ги испијам и ќе земам од тие кои ми ги препорача ортопед. Без разлика на цената
Дали колагенот го пиете наутро на гладно или навечер пред легнување? Порано го пиев навечер, сега откако направив пауза и почнав повторно да пијам, го пијам наутро. Инаку, користам ампули моментално, тие на сликата, а размислувам за опцијата да пробам и колаген во прашок за растворање, само сум скептична за таквиот колаген, треба убаво да разгледам.
Jaс го пијам наутро на гладно, барем половина час пред да јадам било што. Овој е најдобар, јас не би од овој да преминам на прашок. Но гледам дека пишеш во темата во Мода и Убавина, јас го пијам заради коски, другите бенефити се плус. Ако сакаш повеќе бенефити за убавина, има од истиот Бјути. P.S ChatGPT says: Consistency beats timing: Taking collagen daily over weeks/months (often 8–12 weeks or more) shows the best long-term results. Empty stomach can slightly boost absorption: But benefits remain even with food, especially if you pair with vitamin C. Morning on an empty stomach → potentially best for absorption for many people. Evening before sleep → may better support nighttime repair.
нема голема разлика меѓу колаген за коски и колаген за убавина. За коски се пое хидролизиран колаген со додатоци како куркума хијалуронска киселина и сл а за мода и убавина е пептиден колаген али ипак е иста функција
Јас правев третман со колагенски конци.Ефектот е далеку подобар од било кој колаген досега што пиев.Лицето одма доби свежина,сјај,полност и хидрираност.Безболно е,трае околу 50 минути и мене ме кошташе 4000 ден.
Дали ќе го користиш овој или CH Alpha на Гелита и двата се одлични и едни од најдобрите на пазарот, докажани германски брендови во оваа област. Хидролизираниот колаген е најдобар бидејќи телото го ресорбира и го искористува многу подобро за разлика од другите облици како капсули прашаци и др форми. Крајниот ефект од употребата на течниот колаген е подобар.
Го има овој кај нас во Мк? Не можев да го забележам вчера. Барав, барав, не го видов. Имаше мислам некој со слични бои ама во кутивче. Не заприметив дали е колаген во шишенца или кесички, ама ваков ко на сликата не видов.
Во што го раствараше колагенот на димас? И тие што викаат дека е спорен малку објаснување да дадат зошто. @ocicka2014
Пошто толку е регулиран пазаров кај нас, се продава се' и сешто убаво спакувано, по баснословни суми. Никаде на друго место освен во Мк ги нема овие производи, а знаеме дека во Мк нема производство. Којзнае од каде го носат и што е по состав, може мелени бубачки има во прашокот. Колагенот на Димас е благо речено одвратен, башка ефект нула. Како се излажав и криво ми е за парите што ги дадов.
Знам дека немаме регулиран пазар ама до волку...не мислев дека и зегин може до волку да кикснат...ај за натура терапи од км се гледа. А колагенов на димас ептен популарен беше, и сериозни личности што мислев се запознаени го рекламираа, а парите ич не се малку, ама тоа е.
Кој колаген , говедскиот? Јас бев ептен задоволна од рибниот, го начекував на акција со три кутии, лицето ми блескаше , сите ме прашуваа што пудра користам Ама некако прескап ми доаѓа сега , не сум го купила оддамна а со говедскиот немам искуство.
За тој во големо пакување зборам. Можеби е говедскиот, не знам. Ама не можев да го пијам, повраќав, не го поднесував воопшто.