Идиоти несозреани. И чачкалици од кафиќи. И слики од 9gag. И мисли од книги. Ако уопште ова спаѓа во некакво збирање на нешто. Никогаш не сум била по тие работи....
Како помала собирав децка пошта,салфетки,значки,постери,колички,барбики,мечиња, албуми со самолепливи сликички од :животинско царство,фудбалери,нинџа желки,барбики,од коли оние од турбо мастиките - овие без албум беа. Ма секакво ѓубре собирав и сеуште собирам нисто не фрлам да не ми затреба за секој случај а обично кога ќе фрлам нешто тогаш ми треба Моментално собирам лакови и накит -а видам нешто морам да го имам,но најмногу ме фасцинираат мали фигури просто луда сум по нив
Како помала бев колекционер..Собирав салфетки ,а сега веќе не сум..И баш пред некој ден ги видов салфетките и многу им се израдував
порано детска пошта, салфетки, чинии за торти кога одевме по родендени ( од тие книжните со слики од цртани ) хаха абе шо не... а сега ништо
Интересна тема Јас како мала собирав детска пошта, салфетки и оние ако се сеќавате од теленовелите сликички од епизоди и така имам цела кутија со сликички од Касандра, Росалинда... А да и никако не смеам да ги заборавам оние жетоните Покемон, што се паѓаа во смоки (мислам Max се викаа). Луда работа Инаку моментално ништо.
Како мала собирав се и сешто, салфетки, детска пошта, етикети, шишиња од парфеми... Сега собирам шеќерчиња, збирам од се и сегде, па ако има некој од вас што собира и има дупли ако сака да се мењаме нека пише лп
Порано бев колекционер на миризливи ливчиња, некои шарени ситници и салфетки а до пред некој период на шекерчиња од кафичи смешно ама се наогаат од време на време кога немам шекер дома за кафенце
Јас собирам автобуски карти Ги имам две огроооомни купчиња ама никогаш не ми текнало да ги избројам И магнети на фрижидер секако
Ај па и јас да се запустам, на доста работи сум колекционер! Некои работи од мерак сум ги собирала, некои несвесно сум ги тутмела, си се собирале и ќе дојде време за чистка се фаќам за глава! Почнав ко мала да собирам детска пошта, а сега Бог знае кај ми се. Абе фино лепо си ги складирав во лила ќесичиња подредени по категории, дупликатите во посебно, и сега врска немам кај се, заталкани може и фрлени се. Салфетки имам околу 200, тие ми се во пакет собрани, пред некој месец ги преместив во нов, оти малце ми фатија чудна миризба, па со омекнувачка миризба се сега. Прекрасни ми се, за ниедни пари не би ги дала, имам толку спомени од нив. Фискални сметки имам мал милион, собирај во новчаникот, бутај, бутај, еднаш напраив чистка, ама гледам пак се собраа, претходниот пат имав 50тина фискални од такси, жал ми беше да ги фрлам, сакав да имам успомен кога таксито беше поевтино. И за на крај, имам 40-50 автобуски карти. И тие не ги фрлам од горенаведената причина, не знам само зашто ги чувам, некој ден ќе ме прифатат има све живо да испоџиткам, многу сум будала со непотребниве работи! И најважното од било која колекција ми се шољите. Купувам секој месец по некоја шоља, за тоа се задолжени Џамбо, маркетот во Веро и Базаро. Не можам да одолеам на убави шољи, и си правам колекција. Може малку фриковски изгледа од страна, ама па секој месец не е нешто страшно. Леле само едитирам, собирам исто така карти од некои ивенти кај што сум била, дал концерти, фудбалски натпревари, некои знаменитости, објекти. Ги чувам сликите од класот од средно што ми ги имаат дадено, и ај доста се.
Како малечка бев колекционер на салфетки, детска пошта и ракотворби од тоа што везев се и сешто. А сега, не ни знаев дека сум колекционер додека не дојде да ја средам собата Јас се нешто зачувувам да се најде,флаери,брошури,од било какви презентации и сл.
Јас си собриам шеќерчиња од по кафичи имам околку 200 и сите се различни..Другарки што знаат дека собирам и че ми донесат од негде..Имам дури од италија, словенија, швајцарија роднини и пријатели што ми донеле..Баш ми е убаво кога ќе ги видам
Долги години бев колекционер на детска пошта и салафетки. Ги најдов пред 2/3 недели во еден пакет складирани и ги оставив. Нека стојат, не сакам да ги фрлам, ми будат убави спомени. Колекцијата на значките на мајка ми си ја дополнувам па е триплирана. И сега напати знам да соберам од некаде или да купам ако се најде. И колекцијата плочи, ја дополнувам. Пусто многу се скапи, ама тоа е кога нешто фали а мајка ми не го нашла и го сака и денес или просто фали. Сакам да си направам и колекција на антиквитети, стари сребрени накити... Но ретко каде ги има и патем се прескапи... Со што скромната колекција е заснована на неколку ланчиња, брош, обетки и некои други ствари останати од баба и прабаба