Јас еве два месеци само транспортерот на количката го користам. Го ставам во кола и после право на количка. Делот што е седиште се прави и корпа на мојата ама еве до сега не сум го ставила. Така да, корпа според мене не е потребна.
А транспортериве има ли можност да се прицврстат некако во кола позади дури се возат, зошто шофер сум не ќе можам да седам до нив да ги држам ?
Транспортерот најмногу го користев во него го шетавме и во кола во него си седеше. Имавме и корпа дали еднаш или два пати така на почеток го возев. Според мене немаш потреба од корпа
А како инаку ќе возиш бебиња? Јас во раце да го држам, да го држи некој не ни дозволувам да се вози, не е ни безбедно! Инаку можеш да ставиш и на совозачко седиште транспортер, но да биде исклучен аирбегот, јас и така го возев бебе мое. Инаку дел од седиштата се врзуваат со каишите, ако не и повеќето, но имаш и со адаптер, тие се попрактични, само вадиш, ставаш. Транспортери ти требаат обавезно, да се прицврстуваат на количката со адаптер обавезно! Корпа и не баш, јас ниту еднаш не ја извадив од дома и не шетав бебе во корпа, транспортерот ми беше топ. Од соба во кола со транспортер, се вози, го вадам на количка и шпартаме. Плус рачунај ти ×2 па ќе треба да мкнеш 2транспортери и па 2корпи.. Гледај седиштето на количката да се спушта скрос, иако и речиси и сите се такви, да е поширочко, поудобно, меко каде ќе седи, навлака лесно да се вади за перење, стреа да има долга.. Не знам која ти е количката за која прашуваш, стави ја со слика па ќе пишеме коментар. Инаку појди и во Крш да разгледаш, на Кубекс, Кам имаш солидни колички..
@emkaemka ова се количките за кои се размислувам која е квалитетна, дали сите делови да се земат ...инаку седиштето пр таа на Бреви само едната се спушта до ниво на спиење другата не зошто нема место, па ке мора или во корпи легнати да спијат или во транспортерот, претпоставувам и кај другите овие двете седишта не одат до ниво на спиење, едното секогаш ке е во малку поткрената положба...а и гумиве ми се жива зафрканција не би сакала да се пумпаат или сл таа на Бебетто ми фака мн око, али нејкам да се зезнам ради тој момент ... инаку за тие од крш што ги пиша вчера бев немаше избор за близнаци, бар не тоа ние што имаме замислено , по еден модел имаат само .. некако по сум за една пред друга ради влез во зграда и сл места, срека страните им се вртат па би можела да ги ротирам како сакам .. Ако има некој лично искуство од овие колички нека ми пише и...или доколку знаете ваков тип на колички каде може да се најдат, би ми било корисно инфо зошто изборот во Мк е минимален за близнаци за жал
http://www.libertabebecentar.mk/kolichki/alexa-set-3-in-1 Што мислите за оваа количка, дали некој ја има и дали е практична и дали гумите се на пумпање зашто нејќам такви. Бидејќи не сум од Скопје и сум во лежечка позиција ми останува пребарување на интернет и покасно некој месец да разгледам само одбраните.
Ние ја гледавме количкава, на мм најмногу од сите му се допадна. Не знам дали гумите се на пумпање, ама вака изгледаше лесно, тркалата одлично се ротираа. Мене ми се сите во овој ценовен ранг слични, не се премиум ама солидни. Сега на попуст ја гледам Гала количката скоро сегде и таа слична е. Барав искуства сите беа 50/50. Како ќе ти се погоди.
Баш сакав сега да пишам за Гала, и на попуст е овој период. Слични се и по функција и изглед. Некоја препорака со 2,3 во едно до кај 15000?
Искусни мами, ај малку помош. Која комбинација сметате дека е подобра за летно бебе? Количка со транспортер или со корпа?
Со транспортер, оти него ќе можеш да го користиш во кола за почеток, пред да купиш седиште, а корпата не можеш. Така што, првата опција ти е подобра, според мене.
Јас имав корпа и искрено ептен малку користена ми беше, количката е секако до 0 позиција обичниот дел, па бебе ке си лежи таму. Особено па за летно бебе, корпата ич не ти треба. А транспортерот е една од попотребните работи за бебе, во него ке се вози до кај 6,7м, од кола директ со се транспортер си зимаш бебе и да спие да нема гајле, да не го расонуваш, одма штрак си преместуваш на количка
Не ми се јасни овие транспортери????? Синко е 2,5 месеци и веќе не му ги собира нозете. Кога ќе го ставам да лега во него, стапалцата му штрчат надвор. Да е многу долг синко не верувам, иако го немам мерено, ама се роди 51 цм. Дали е до транспортерот ама ние до 3 месеци нема да може да го користиме,а не пак до 6
Не е страшно ако му излегуваат нозете надвор, треба главата да не му излегува од трамспортерот. Ние сме 18+ и дури сега почнува да и излегува главата од трранспортерот. Нашиот е од 0-13кг.