Хахах искрено јас мислам дека дизајнот ја прави разликата во цената и материјалот (платно/кожа). И мене ми се многу слични, најдобро е да се видат во живо па да се одлучи. Гледав и видеа јас, ама не е тоа тоа. Најзагреана сум за Кунерт Мастер, некако ептен ми е убава на лик и карактеристики добри има, а со цена е најок. Уште да видиме во живо дали ќе ми легне.
Јас сега гледам дека Либерта Бебе Центар нема во Скопје или грешка сум? Дали знаеш дали во други продавници ги има овие марки затоа што јас кога пребарав на нет не ми извади дека ги има на друго место?
Јас ја имам домче и топ е! Е сеа што бебко корпата не ја сака тоа е друга работа Ама е прелесна за возење
Аии фала ти, сега уште повеќе се загреав. А за тоа нема гаранција дали ќе сака во корпа или не. Како ќе ни свират така ќе играме.
Тек сеа сфатив дека е такс Како свири така играм Знам дека сте идни мајки топол совет НАСПИЈТЕ СЕ сега дур можете зашо ќе биде бурно првиот месец како мене ќе си седите вака ноќе сдо беба во раце
Ве молам за препорака за добра количка до 20000-22000 ден. Не ми е потребен Транспортер, имам. Важно ми е да е стабилна, улиците по градов ни се крш па ќе ми треба добра амортизација. Да напоменам од новороденче да можам да ја користам.
Девојки, си разгледувам колички ONLINE. Но само Liberta Bebe Centar и Loco Croco ги знам. Некоја друга страна да ми препорачате ако знаете
Во енци менци имаат убави колички и плус сега има некоја промоција со 2000ден ваучер за секоја купена количка. Јас од таму зедов и сум задоволна, кога ќе дојде времето да ја пробаме ќе видиме како ќе се покажи.
Ех супер, ја видов сега акцијата но е до 15.01, а рано ми е мене да купувам од сега. А една ми се допадна баш премногу
Девојки, ме интересира за мислење за колилката на Chicco Ohlala 2?? Дали има некој искуство? Искрено ми значи тоа што е лесна и се собира цела. живееме во зграда на први + приземје без лифт и сегашната ми е многу тешка, кога шетам сама ми е проблем.