Фала на сеопфатниот одговор, ми значи секоја информација Особено важно ми е да е лесна и да не зафаќа голем простор во гепек убав ден
Девојки, кој ја има макси кози Лила да сподели искуства? Се мислиме сега да купуваме, па се двоумам помеѓу Лила и Адора. Каква е за користење и за склопување и складирање колку простор зафаќа, некако у продавница ми се виде огромна склопена, не можам да замислам како би ја складирала дома
Каков тип на количка тогаш да видам? Јас сите што ги гледав на овој принцип не приметив ни една да е полесна, а друга опција се количките на принцип како maxi cosi кои реално ми се мн скапи а и не приметив воопшто да се полесни во тежина или помали кога ке се склопат.
Јас ја имам лилата, ама ја немам употребено, бебе уште не е родено. И двете се лесни за склопување, ама адората фаќа помалку простор склопена за разлика од лилата.
Јас се замарав многу за количка. Ама џабе. Ја купив таа што ја сакав за низ дневна да го возам малото. Коронава нѐ затвори дома..
Шетајте со количка надвор на сонце, не мора да се мешате со луѓе, искористете ја количката , добро ќе ви дојде.
Јас ја имам, супер лесна количка и квалитетна. Малиот уште се вози во неа и комотно му е нозете не му висат.
Незнам дали си купила ние ја имаме мастерот и е прелесна за маневрирање Баш сум задоволна имам пишувано на претходните страни
А која боја ја имаш? Незнам каква да нарачам да не се прља лесно ама и искрено во живо само една шара имаше да видам и некако различна мо дојде од сликите и сега се плашам малце да не ја утнам (да ми кажувала некоја друга дека за боја шара и сл се мисли волку, будала ќе направев)...
Леле не знам што да ти кажам. Јас кунертот ја возев од јануари до мај. Супер е за возење, пак кажувам. Ама, по три пати трчав горе-долу по скали, до трети. Дете во една рака, рамот во друга. Или детето го оставав на скали во влез во транспортерот, да го симнам рамот, па назад трчав. Столчето никогаш не го употребивме. Купивме О ла ла (целата е тешка 3,8 кг), кое олеснување беше тоа. Ама таа не е од 0+, туку од 6+. И после кунертот ја спакував засекогаш.
Доколку бираш помеѓу Лила и Адора, те советувам да ја купиш Адора. Лила ми е убедливо најубава на изглед ама е огромна кога ќе се склопи (има и многу големи тркала). Јас ја сакав Лила ама се откажав само поради тоа, па се мислев меѓу Адора и Лила ЦП. Ја купив Лила ЦП, разликата е што е од 6 месеци па натака и е до 22 кг, а другите беа до 18 (затоа и ја одбрав оваа), а секако на почеток користев транспортер. И оваа е голема и тешка, ама пак е помала од Лила кога ќе се склопи ..едвај ни ја собира во голем гепек во кола. Секое одење со количката со кола ни е нервоза. Исто 2 или 3 пати се има случено да не работи лифтот па едвај до 3ти јас и мм се качувавме со бебе и количка. А дома ни седи така, несклопена и цел ходник ни го зафаќа. Баш вчера си купивме летна количка (тежи 4,2 кг), па кога и да одиме некаде со кола ќе ја зимаме малата, а за низ маало би си ја користела уште големата. Сега да купувам, ќе одберам Адора. Имаше сосема друг принцип на затворање, и верувам е попрактична поради тоа.