Јас си земав количка со транспортер за 16.000 ден од Локо Кроко, на попуст. И шанса немаше да давам 30.000 па и повеќе за количка, или пак за релаксатор, за нешто што не знам ни дали ќе го користам како релаксаторов, а да дадам 10.000 ден. no way! И оваа количка сега е супер, и ќе се користи и понатаму, и за друго дете здравје, ич не му ја мислам.
Lizard тегетот, таа што ти ја праќав во порака. Другарка ја има Lizard црвената, и многу е задоволна, еве веќе и со второ дете.
Пошто на Крш им е прав крш страната, ај ве молам некоја што знае нека ме просветли дали со количкава оди корпа или транспортер или дополнително се купуваат.
да провериш и на icommerce.mk во брзо време открив дека е како втор сајт за крш, не знам кој го оддржуваат повеќе ама овој вториов е каде каде посаглам
До колку кг е најоптимално да се земе количка? Тие што ги гледав се некои до 15кг, некои до 22кг. Се исплати да земам до 15кг или да одам со 22? Да напоменам сакам да земам една количка, одвај ќе најдам место и таа да ја сместам, а немам претстава ни до која година се возат децава во количка, нити 15кг колкаво дете е (don't blame me pls).
Во однос на изборот на количка,да споделам мое мислење и по кои критериуми ние биравме. Живееме по калдрма,значи рамот и амортизација ни беше проблем број 1,место дома и по гепеци имаме,гледавме да е квалитетен материјалот да не пропушта ветер,да биде широчка и удобна,да има корпа посебно бидејќи сметам дека се покомотни од модуларните,да се спушта заштитата горе што повеќе за да немаме проблем за покрај езеро,да ми биде лесна за маневрирање бидејќи сум нискичка и не многу снажна ,да се врти седиштето на двете страни,најблиску до ова ни беа Бебето количките,се одлучивме за Нителото бидејќи е за нијанса помалку гломазна од другите модели,дали направивме добар избор не знам...здравје Боже времето ќе покаже па ќе споделам.
Моето е 16м има 11кг. Од прилика да знаеш колку тежат Просекот е 11-12кг околу година,ама зависи од многу фактори. Јас мислам 15кг ти е таман, после нема ни да сака да се вози.
Јас ја имам, пред 3г. 3во1 ја земавме и корпата ми остана неискористена. Се друго супер. Ќе служи и друго бебе. Не е тешка конструкцијата, а ние во зграда без лифт па и фатив теркот сама да ја спуштам и со бебе .
Лесна е и се склопува со една рака, 6.5 кг е, а вака си е цврста алуминиум и гумени се тркалата. Се подесува тоа за ноџињата ќе ја искористиш убаво.
Дали некој ја има оваа количка Cangaroo Luxor 2in 1 и дали сте задоволни? https://www.encimenci.com.mk/kolichka-luxor-2-vo-1-beige-cangaroo-066h51119901
Зависи од детето. Синко од 1 година до ден денес е 12 кг, 19 м има. Ама висок а слаб е. Има деца и 13 14 кг на година. Еден период не сакаше да се вози ама сега сака ако сме низ град. На кеј му е здодевно. Ако сте на долга прошетка ке треба количка и на 2 години. Гледам некои и на 3 г се возат. Значи се е индивидуално. Гледај други детали, и таа до 15 ке ти е океј.
Мајки, денес ќе нарачуваме количка за Војдан. Се мислиме помеѓу овие два модела и ако може мислење Ваше или искуство да споделите... Првата количка е Чико од Енци Менци и е комбинирана за зима и лето- Втората количка е Киндеркрафт Гранде од Либерта-