Ние ја имаме, малку е гломазна, ако имате автомобил со мал гепек можно е да не ви ја собере со корпата. Инаку лесна е за возење, има добра амортизација и тркалата се големи и се полна гума.
https://www.encimenci.com.mk/kolichka-quad-linii-crna-jungle-s7001015606 Некој искуство со оваа количка? Вака практична ми изгледа, имаме Veyron али во гепек само количката е и ништо друго не можеме да ставиме
Поклон ми ја дадоа уго на кика буу. Значи толку гломазно нешто... Ни во кола ја собира ,ни низ порта ја собира. Да ја свртиш да гледа напред треба цеело седиште да го вртиш а тешко е сосе бебе не можам да го кренам. Шубај имаше порано ,чадор систем мали практични
Мајки, ќе може ли предлог за количка, до кај 15, 16.000 денари, да е ок и да не е многу гломазна и да вреди за цената?? Или мн барам? Моментално на список ми е safety first од бебе хоме, ама ако има некоја друга да би ги споредила...
Ај види ја во Андреј компани на чиполино Малта 2 во 1. Ја има и 2 во 1 и 3 во 1 варијанта. Јас ја начекав 3 во 1 варијантата за 17 900. А 2 во 1 варијантата е 14-15000. Убава, лесна и практична количка. Не фаќа многу место склопена, лесна е 7 кила мислам тежи. Мене многу ми се свиѓа.
Ја отворив сега на гугл, вака на изглед ми прави мерак. Ќе одам да ја видам во живо. Ова 2 во 1 е без транспортер така??? Јас имам транспортер од син ми уште, ама на чико е не верувам дека на оваа би можел да се закачи... А баш сакам во транспортер да си го возам
Леле и јас ги меркам истите ама според тоа што ги гледав мислам дека Maxi Cosi Lila е подобра опција од сите 3. Кога е спуштена за спиење мислам дека е прав делот (освен нозете) а на оваа Maxi Cosi Lila SP не... Друго нешто е што Lila била од 0 месеци количка т.е се трансформира од корпа во седиште, a CP и SP за од 6 месеци нагоре. ама сепак треба во продавница да отидам и да ги видам разликите :/ Ако дознаеш нешто пиши
Не душо, 2 во 1 е количка со седиште кое се прави корпа за новороденче, значи скроз се спушта во легната положба да дојде и плус транспортер. Овие шо се 3 во 1 разликата е што корпата за новороденче е башка, башка седиштето, башка транспортерот. види ја во живо, стварно преубава количка а не многу скапа
Ја гледав и Лила ама многу ми е поголема од СП, ужасно ме нервираат големи тркала и гломазни колички, гледам што помали да се затоа сум повеќе наклонета кон СП.. Мал ми е гепекот, живеам на 4ти кат без лифт кога ќе ми текне горе доле по скалите со количка и бебе..... Имам време, ќе прошетам месецов убаво ќе разгледам иако мислам дека ќе ја земеме СП Во игра е и Чико Бест Френд така да ќе тркнам и до Енци Менци да ја видам и таа пред да донесеме одлука
Друшки ми треба помош. Купивме количка макси кози лила. Сакам да ги исперам сите делови што можат да се отстранат за перење. Скоро сѐ се отстранува и си има етикета како да се пери. Е сега, на корпата/седиштето под тоа анатомското перниче има делови што се затворени со внатрешни патенти, а под нив е веќе конструкција. Се вадат, ама ми е страв ако ги извадам, да не не можам/не знам после да ги наместам, оти многу делови се, некако комплицирано ми се гледа.
Не можам да престанам да гледам колички Сега видов во Бебе Хоум имаат акција и на Зелиа 2, досега ја немав погледнато цената ми го привлече вниманието Прилично е лесна а седиштето се трансформира во корпа за новороденчиња. Може ли искуство и мислење од оние кои ја имаат и користат? Имајте убава вечер
Истата количка, истото прашање го мислам неколку дена, истата мака си ја имаме Откако ја купивме само ја врткам од сите страни како да ја исперам или дали само да ја дезинфикувам за да не ја зафркнам Ај може некој ќе ни даде одговор