@IRBBB @Dee*Tee јас од страв да не уништам нешто при перење или да не не можам да ја наместам како што треба, ништо не исправ, само пребришав со крпа и дезинтал. и онака кожата на бебето никогаш не допира ништо од количката.
Јас не би купила таква количка од било кој бренд. Корпата не е стабилна како класични корпи, а потоа делот за седење е тесен и незгоден.
@marta993 јас отидов во Бебе Хоум во Аеродром и буквално сите Maxi Cosi колички ми ги извадија и покажаа. Искуство немам, ама од тоа што видов и што ме посоветуваа мене, Zelia е попрактична за новороденче пошто имаш трансформација на седиштето како корпа, ама понатаму кога ќе порасне, кога ќе ја собереш доле корпата, останува рамката на долниот дел кај ноџињата и некако многу ограничен простор има бебето. Не знам дали ме разбираш вака како што објаснувам, ама се обидувам Дури и една до друга да ги ставиш пример со Lila изгледа многу помала Zelia.
Тоа го зборам и јас, делот за нозете е ограничен кај сите колички од тој тип. На чико трио сега нозете ги потпира долу, како кај хранилка, што е баш како треба. 20 м и уште ја користам.
Јас ако пуштам нешто на перење ќе седам пред машината од страв и ќе чекам да се испере хаха Се мислев и јас на таа опција, да дезинфикувам само. Не ти се направи некаков проблем на материјалот од средствата? Јас па и тоа си помислив, да не ми обели материјалот или флеки да ми се направат
Од тоа обелувањето ми е најмногу страв за да ја поминам само со дезинфекционо средство. Мојата црна е. @MilaSs12 јас не мислам дека корпата е нестабилна, не знам од кај ти е тоа, а за седиштето дали е тесно или не, кога ќе потпорасни дете и ќе го ставам да седи, ќе знам, вака ми изгледа океј. На крај краева, секој си знае што бара, што сака и што му треба, не сме сите исти.
не, само дезинтал употребив на мокра микрофибер крпа. не го рибав материјалот, туку пребришав како кога дезинфизирам производи од маркет. едит: @IRBBB и мојата е црна.
И мојата е црна, перена неколку пати на 30, прскана со спреј против комарци, којзнае колку пати со влажни е пребришувана. Ја нема да мрдне. Мое видување е дека е нестабилна. Седиштето е и незгодно, наши другари ја имаат и се мачеа да ја наместат. Ако сака да се вози кога ке е поголемо, делот за нозете ке е краток и ке му се свиткани во колена или ке му висат над рамот. Не сме сите исти, затоа и има толку колички. Колку за споредба, @jarec6 мисли дека чико трио не е добра за парите, тркала дупли не биле добри (не памтам зошто) а јас ја користам максимално и сум задоволна.
Женски, некој да има искуство со колиЧката coccolle ravello од либерта, да сподели?? Вака на изглед ми изгледа фина, не би одела до таму, би ја нарачала, па сакам да прочитам мислење дали е лесна за маневрирање, за кревање и тн...
Неколку страни поназад имам коментирано за неа. Количката е преубава, лесна е за маневрирање( додуша јас барав лесна количка за маневрирање пошто сум ситна), лесно се склопува и мене најмногу ми се допаѓа што тркалата не се гломазни и се гумени. П.С и јас ја нарачав од интернет, што и да те интересира пиши им на либерта веднаш ќе ти одговорат, ептен се услужливи.
@IRBBB Сликај си со телефон како било нешто наместено и ќе ти биде лесно после да ја склопиш. А башка што на Јутјуб има видеа сигурно, побарај прво да видиш.
Деновиве снашката купила ваква. Вчера ја видов. Супер летна количка. Убава височка доаѓа, седиштето e високо качено, нема да се влечат нозете на бебче Многу лесно се склопува, и можеш како куферче да си ја носиш. Дека е со една рачка и лесно можеш да ја возиш и со една рака. Тркалата се малце поголемки од други летни, а и башка сите се вадат. Да немав веќе летна ќе си земев ваква сигурно.
Мислам поголемо бебче имаше она, на снашката е 3ипол месеци Али интересно замисли вака на форум да се најдеш
Би ви ги препорачала да ги ѕирнете Joie количките во Енцименци сите кои сакате компактна количка. Мене ми изгледаат многу практични, а не се скапи.
Предлог за летна количка битно ми е напред да ја има таа шипката да може да се држи и да седи (гледам некои немаат) ...некоја до 50еу има ли асални?
На Chicco летните колички имаат шипка за држење. А и во Пи Ки летните колички имаат шипка и се по 2000 и нешто. Побарај ги на нивната фејсбук страна.