даа се спушта за спиење и се дига тоа за нозете.Во едната рака бебето во другата количката така се слимнувам по скали прелесна е
Некој да сподели искуство со макси кози гиа ? Дали е практична со транспортерот бидејќи не се вади целосно корпата?
Рано ми е за гледање колички ама да се најдам во работа. Ги гледав овие во Крш.... ги има некој? Дали се практични почнувајќи од новороденче?
Ок е со транспортерот, лесно се става. Сепак почесто го возам легнат во седиштето, и така може за новороденче. Добра е количката, но едното тркало крцка на мојата. Барај да ја провериш пред да купиш.
Втората ја имаме и сум презадоволна, сега второ бебе ќе се вози во неа. Нема мрднато ништо на неа, само треба тркалата да се премачкаат еднаш и спремна е.
Во право си. Сестра ми ја зема од данска малиот го возеше кога имаше над година и пол. Ама она претеруваше од што ја претовараше доле со пакет швепс замисли од маркет. Попушти конструкцијата. И бидејќи имале интернационала гаранција во бебе хоум нова и доставија
Лесно ли е и како функционирате со бебе и количка во зграда без лифт? Веројатно ќе се селиме во зграда на трети спрат без лифт и тоа ме мачи како ќе функционирам сама. Дали да носам количка до горе или да ја оставам во ходник, па како ќе ги носам и двете.. па каква количка да земеме да ни биде полесно? Уште не е сигурно ама големи се шансите. Ваши искуства?
Земи ја најлесната количка што постои, ама и лесно да се склопува. Јас кај мајка ми и свекрва ми имам по 10 скали и ми е мачно, а не пак до 3 кат. Чадор систем е количката ама не е лесна.
Јас рамот од количката го чувам во подрум заклучен, а делот за седење горе во стан. Оставам бебе во креветче или релаксатор облечено и спремно, слегувам ја местам количката (Лила ја имам на Макси Кози што е прилично тешка) се враќам по бебе и го земам. На 2 без лифт сум.