Лилата до 20 или 25кг максимум беше, не сум сигурна точно, ама побарај, сигурно има инфо. Инаку, син ми има ~75цм и сега ноџињата му се кнап во долниот дел, а нагоре над главата има уште место. А како што расти и излегуваат ноџињата надвор, на долниот дел има нитни (со црвено обележав на сликата) кои се прицврстуваат за да не смета, односно да се "отвори". Мој совет ти е ако си во можност да гледаш на лице место. Знам дека сега немаш поим ни што бараш, ни што е разликата од една до друга, ама после 5 колички, ќе знаеш точно што бараш.
Јас ја имам Адора и криво ми е што не ја купив Лила зошто се мислев меѓу тие две. Во Адората можеш да возиш поголемо бебе, а помал простор зафаќа собрана во однос на Лилата. Кај Лилата е предност зимската прекривка и што не ти треба корпа дополнително зошто седиштето се прави како корпа. Исто и јас сум презадоволна од квалитетот на количката, доле делот за пазарење не знам како не се искина до сега.
Јас не купив корпа зошто дур почнавме да шетаме со бебе веќе беше стоплено и немав потреба, се спушта од новороденче позиција. Не знам дали може прмер да се докупи зимска навлака таа што пди со Лилата ако одговара и на Адора би завршила супер работа.
Ај пак јас,кажи ми дали случајно подчкрипнува некое колце? Денес ни стигна,преубава е,ја пробавме одма,ама чкрипи чат пат колце и се нервирам,нз дали да ја рекламирам одма или да пробаме да подмачкуваме сами и нз дали би се решило и така :/
Ние ја имаме Joie Litetrax, презадоволни сме. Е сега мислам дека за новороденче треба да си го прикупиш и делот транспортер или корпа, имаше во Енци Менци. Ние ја зедовме после годинка и затоа не знам каква е за новороденче.
Јас ја имам на joie, од новороденче ја котистиме. Сега за зима си земав и зимска вреќа. Лесна количка на маневрација. Со една рака се вози, со друга бебе во рака кога плаче
Мами кажете што ставате во корпата за да биде мекичко и удобно за бебе да легне, некако вака ми изгледа многу тврда без ништо, пример кебенце, или некоја мека подлога или ништо не се става?
Од каде купи зимска вреќа? Прашав во енци менци рекоа дека немаат зимска навлака а за вреќа не ми текна да прашам.