Мислам дека насловот кажа, но да си се изјаснам јас. Во оваа тема можете да кажувате случки со вашите миленици кои сте се „стопиле“ од нивната љубов кон вас. Јас имам 2. Секој ден кога одам кај баба ми на гости (дека живеам во стан не смеам мачки да носам, а и од 13 кат се плашам да не падне) секогаш кога Тези (мачката моја ) ја забележи мојата кола се стрчува и како да не сме се виделе 100 години, а јас сум дошла вчера(доаѓам скоро секој ден и повеќе време го минувам таму за да одмалам работи не баба ми околу обврски кон неа). Се гали, ми зборува и преде, ме бања и бара да ја чешкам на стомакот (ја стелиризиравме и ја чешка раната па се однесува како кученце). А, кога ја чешкам на стомакот, преде, масира со шепите и забрзано мрда со опашот од среќа. Спојлер Ви кажувам како куче се однесува. А, ако седам на стол обавезно оди во скут, што и да правам она мора да ми биде во скут за да се гали! А, моите папагали кога влегувам во стам ме осеќаат и веднаш џивкаат за внимание. Кога ќе дојдам таму им пеам и тие ми се придружуваат и играат. Многу ми се слатки и секогаш ми го прават денот убав. И Џивџи кока ќе ми се качи на глава (во буквална смисла) не сака да се симне од таму, само ако не почнам да потпевнувам и ќе се заинтересира во песната. Па, кажете си ги вашите приказни со миленичињата. Ве почитуваат или ладни се кон вас?
Доволно е да кажам само дека секогаш ме чека на врата и одма ми се жали дека е гладен иако јадел предходно едно 5 пати. Мирен е додека да дојдам и спие после збеснува.
Многу тешко се збогуваме јас и моето кученце. Тажен е кога ќе отидам на училиште или кога ќе излезам од дома, а кога ќе дојдам одма рипнува и со шепите ме гушка. Секогаш кога одам на одмор стои со главчето кај влезната врата и ме чека да си дојдам.
Премногу се приврзани за мене и за мајка ми. Со оглед на тоа дека кога сум дома едно 90 % од времето им го посветувам воглавно на нив и не е чудо што ме сакаат толку. Пример едната мачка моја спие секоја вечер со мене, под нозете или пак во овие ладни денови си ја ставам под кебе и се гушкаме. А доколку не сум дома никогаш не спие на кревет туку на фотељата до врата и ме чека да се вратам и тука започнуваат радостите, прво се галиме, па и давам да јаде и тогаш среќна и задоволна ќе си легне да спеи. Другото маче кое е доста помало постојано оди по мене без разлика дали сум тргнала кај другарка или пак до продавница, и од страв да не ми го згазат го затворам дома па потоа излегувам затоа што улицата кај што живеам е доста прометна па може да му се случи нешто доколку оди позади мене цело време. Кучето морам да признаам дка е по приврзано за мајка ми ама кога станува збор за шетање веднаш почнува со скокање и радување и тогаш приметувам дека најмногу ме сака. Во глобала сите миленици што сум ги чувала биле приврзани за мене, а и како нема кога им подарувам безусловна љубов и грижа.
Многуууу Скоро по цел ден сме заедно и лудуваме по дома Доста е приврзан и се радува ко детенце на мало чоколадо кога се враќам од школо или коа сум била некаде излезена.. (а и јас не сум ништо подобро, го обожавам!)
Многу сме приврзани со кучето цел ден сме заедно ама кога учам секогаш излегува од собата научен си е
Јас имам слатка бесна мала пудлица . Приврзана е со мене и со мајка ми премногу . Кој не чувал куче не знае како тоа функционира , и неможе да разбере Како детенце ни е
Не се многу приврзани за мене,бидејќи не сум секој ден со нив,но кога и да отидам в село,секогаш мачорот и кучето доаѓаат да ги галам и да си играм со нив,многу се мили.
Една недела не си ја видов душичката моја и кога дојдов ми се радуваше како да сум воскреснала. Ми предеше ме лижеше абе радости живи! Незнам што би правела без неа... само 12 години ни останаа... :'(
Спојлер аии малце да не се 12 години Еми 2 недели не си ги имав видено и кученцата мои мали и мачето мое најјмало (сега за сега) и мачката која ќе има мали маченца уште малце Леле и кога отидов кучето почна да скока на мене ќе ме паднеше на земја А пак маченцата мои само мјаучеа..леле господе само колку ми недостигаа и целл ден си играв со нив!!
Е, времето брзо оди... Инаку, од што толку години сме заедно со неа, научи со колкав притисок да ми ја гризе раката, а сепак да не ме боли. И сега немаме проблеми со грицкање на рацете од милост.
Па приврзано е ама не нешто многу. На пример секгоаш кога одам на работа или кога излегувам без неа ме гледа од тераса и плаче и прави тажни фаци. Кога ќе дојдам иако може не поминале ни 5 мин се однесува како да не ме видела сто години, скока, ме лиже, испушта некои радосни крици. Не е страшно бидејќи кога мене ме нема тука е сестра ми така да надокнадено и е. Лани заедно отидовме на одмор со сестра ми, 3 дена не сакала ништо да јаде и само лежела, очите и биле многу ташни и под очите влажно најверојатно плачела
Моето пинчарче е ептен приврзано за мајка ми. На сите дома ни се радува, не чека да си дојдеме итн, ама неможам мајка ми да си ја бакнам од неа. Одма и таа ја лиже за рака или нога и и седннува во скут и зазема некој заштитнички став.
Моето е приврзано само за татко ми. И два часа ако го нема видено, не го пушта после цел час да си врши работа.
Имам 4 годишен чистокрвен бел персиец (Лео) кој е поврзан само со мене и со татко ми. Надвор не излегува без мене, колку пати сум ја оставала вратата отворена тој не излегува надвор. Го навикнав секое утро кога ќе станам, да му дадам јадење и одма на шетање. Свесен е дека му се отворени сите врати и дека може да избега, но тој секогаш ме чека додека јас ги облекувам патиките. Оди до вратата и се враќа да виде дали сум готова и ако не сум, Лео доаѓа до мене и мјаука. И потоа одиме на шетање. Ако пред него излезе некое маче, почнува да му р'жи. Кога ќе му кажам ,,Лео не,, тој се повлекува и ми се омилкува. Бидејќи се плаши од звукот на автомобилите тој застанува и мјаука. Кога ќе го погледнам само му кажувам ,,ајде,, и тој ми се качува на рамото и ми се омилкува. Сам си отвара сам си затвара врати.. Кога е гладен ме гледа во очи и го прашувам ,,што Лео,, и тој ме носи пред фрижидер. Кога доаѓаат гости не им дозволува да ми се приближат. Ако не му обраќаме внимание тогаш Лео лудува, поточно трча низ куќата Има омилена гардероба и обожава да се слика Што друго ... Не се плаши од ништо и обожава да спие на грб. А не дај Боже да е уклучен лап топот, се качува и шета по тастатурата... Аа уште нешто, кога бевме на одмор него го оставивме дома, брат ми го чуваше и ми го покажуваше на скајп. Кога му викнав тој почна насекаде да се врти и почна да плаче...Колку-толку ве запознав со Лео
Имам мачка стара околу година дена, и не се приврзува кон ништо. Кон ниту еден член од семејството не покажува љубов, само кога и даваме храна нè сака.
Кучето не е толку приврзано за мене, колку што е приврзано за моите родители. Секако се радува кога ќе си дојдам од некаде, но не толку колку што се радува на моите родители.
Не сум ја пофалила кучката моја на темава. Ја однесовме кај чичко ми на поседок, додека ние бевме во Бугарија на 5-6 дена. Братучедка ми ми кажуваше дека првите 2 дена, кога ја шетала цело време одела кај местото каде што последен пат ја виде нашата кола да заминува и не се мрдала од тоа место, братучедка ми морала да ја крене во раце и да ја однесе дома... А, за тие 5-6 дена ништо не ги слушала, бељи еден куп правела... Кога се вративме, радости живи! Како 100 години да не немала видено. И видов дека е премногу приврзана за нејзиниот чопор (по нашки семејство) и дека само нас не слуша, никој друг. А, тоа да се постигне за 2 месеца е голем напредок. И сите 4ца не слуша, не само еден. Сите подеднакво. Очекував дека ќе биде потешко со таква раса зошто не се за неискусни сопственици, но супер оди благодарение на помошта од една форумџиика што секогаш ја прашувам за совет и мислење.
Кога би кажала колку е приврзано, а дека се работи за папагал ќе ви биде нереално, невистинито. Моево папагалче е привзано само за мене, за никој друг во фамилијата и никој друг не сака. Кога сум дома цел ден, цело време е со мене, бидејќи не влегува во кафез пред некое време му го тргнавме затоа што надвор спие, надвор јаде, надвор седи. И во која соба и да отидам тоа доаѓа по мене и застанува во моја близина или пак на мене, спие на мојот кревет во едно ќоше. Кога излегувам надвор од дома првите неколку минути вика, цивка, се слуша надвор од зградата дури, па после си се смирува. Кога влегувам дома, без разлика колку време сум била излезена исто е и да сум била 10 минути или 10 часа со првиот поглед кога ќе ме види ги шири крилата (тоа значи дека се радува) и ме поздравува со една свирка што ја знае и одма доага да се чешка, гали и слично. Исто и ме слуша кога не сум дома ама сум во комшии или се качувам по скали, па и тогаш вика гласно. Кога не сум расположена или плачам доаѓа до мене и ми ги чепка очите, кај веѓите и трепките или пак лицето ми го допира само, иако ова се случува и кога сака тој сам да се гали без разлика на мое расположение. Не дозволува никој да ми се доближи, кога ме допира некој друг човек му застанува на глава и го тепа со клунот . Све јаде што јадам јас (знам дека не смее ама многу цивка кога не му се дава тоа што сака), затоа е и малку дебелко . Ова е за нимфата, а тигрицата за никој не е приврзана никој не може ни да ја допре ни ништо, дивка си остана.