Ич, голема мрза сум. Се си велам ќе почнам, ќе почнам ама само еден ден и толку. А имам огромна потреба за вежбање, имам премногу вишок кг.
Имам огромен стомак, како 9ти месец да сум бремена.. За вежбање само гледам вежби на ут и толку. Повеќе од 5мин бе можам да издржам...
Претходното лето вежбав скоро секој ден и тоа турбо на најжешкото, а сега вежбам кога сакам и кога се чувствувам добро за вежбање. Поретко трчам, возам велосипед 2-3 пати неделно и пешачам барем петпати по 2 часа. За видеа од јутуб преферирам некои десетминутни или дваесетминутни за стомачи,раце или нозе и задник. Кикбокссот има златно место во моето срце и секогаш практикувам видеа на Фитнес Блендер кои траат не повеќе од саат време. Открив дека во забрзувањето на метаболизмот многу ми одговара возење велосипед или пак трчање, па сега целам кон почесто правење на двете.
Освен велосипед што возам друго ништо. Секој ден се канам да вежбам и секој ден си велам ај од утре. Немаме спортска навика а животот ни е толку стресен што можеби една од причините е таа.
Вежбам секој ден по половина час дома,резулати има и се одлични. За 3 месеци од пораѓај си ги вратив стомачните,ама дека вежбам откако знам за себе телото ми беше во одлична форма и брзо закрепнав по пораѓајот. Иначе подобро да извежбате и 15 минути на ден,отколку воопшто!