1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Стории

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Bratot, 17 ноември 2020.

  1. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    3.932
    Допаѓања:
    13.740
    Пол:
    Машки
    Се повеќе сме сведоци на објави од пациенти кои се избориле со овој вирус, изјави од семејства на пациенти каде што нивните најблиски сепак не успеале во борбата и новинарски истражувања за тоа како се одвива цела ситуација со Корона вирусот низ болничките институции низ државава, и кои се недостатоци ги има здравствениот систем.
    Сметам дека би било добро се ова да го споделиме во посебна тема во која ќе бидат споделени само објавите, а додека пак истите можеме да продолжиме да ги коментираме во веќе постоечката тема
    Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

     
    Последна измена: 17 ноември 2020
  2. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    3.932
    Допаѓања:
    13.740
    Пол:
    Машки
    Господине
    Венко Филипче
    немам много што да прашам повeќе имам да кажам Татко ми на ден 15.10.2020 беше примен во Кумановска Болница на Интерно одделение со температура и кашлица на кој на 15.10.2020 му беше направен рентген со црна дамка на белите дробови и константирана ПНЕВМОНИЈА и беше вклучен на кислород бидејќи имаше сатурација 70 на 16.10.2020 му беше направен и корона тест (НЕГАТИВЕН) бидејќи ситуацијата се влошуваше сатурацијата падна на 40 по 4 изгубени денови и борба за воздух на ден 18.10.2020 тој беше пратен на Инфективна клиника Скопје кога пристигнавме таму со многу тропање и молење се појави и Медицинско лице кое со АРОГАНТНО понашање ни се обрати и ни рече дека сме требале да најавиме на влез во Скопје дека доѓа пациент потоа чекавме 40 минути да се излезе болничар со една боца кислород цели 40 минути за да се земе или разбуди болничарот потоа почна хоророт несакаа да го примат бидејќи немаше позитивен тест на Корона се чекаа БРЗИТЕ резултати во болничкиот круг по 2 часа пристигнаа и резултатите со ПОЗИТИВЕН тест бидејќи беа премногу зафатени одлучија да не пратат во 8 септември со зборовите нема место тука одкако ја контактираа болницата 8 септември добија одговор ,,Вчера вие ни вративте тројца денеска ние ке ви вратиме вам,, по богзнае колку часа и чекање на студ конечно го примја и му приклучија кислород сатурацијата се покачи но амбиентот не беше пријатен бидејќи само ни пристигаа пораки како нема вода и кога ке побара од пресоналот тие дрско ке му одговорат нека ти донесат твоите (но подолу ке се разбере и зошто) деновите минуваа ситуацијата се влошуваше информации добивавме само од пријатели и роднини кои работат во Болницата во Скопје телефоните за контакт ѕвонеа но никој не креваше чекорите одеа понатаму го ставија на концентриран кислород па на високо концентриран кислород но за жал на ден 30.10.2020 беше префрлен на Интензивна нега тука престанува секаков контакт со татко ми телефоните за информации конечно се слушнаа дојдовме до информации дека терапијата е сменета и дека ако ситуацијата не се промени за 3 дена ке биде префрлен на Респиратор на истоимениот ке го задржат уште 3 дена и ако нема подобрување истиот ке бидне исклучен (ЧОВЕЧКИ ЖИВОТ) за среќа господ се смилува и терапијата делуваше полека но сигурно ситуацијата крена на добро сатурацијата се искачи на 90 добивавме информации од неколку приватни познаници кои работат таму и по многу пробување на телефонот за информации и од таму се огласија ни кажаа дека е многу подобро дека на ден Н/А има негативен тест на КОРОНА (прикажан во сликите) дека е комуникативен стабилен и со стабилна сатурација без вклучен кислород ни велеа дека ако не им веруваме ке ни го сликаат и покажат на камера ни олесна малку конечно мислевме дека хоророт ке заврши и дека за кратко време ке си дојде дома но малку беше засташувачки зошто тој не ни се обратува преку неговиот телефон (каде е телефонот) по 9 дена НЕГАТИВЕН на корона на ден 07.11.2020 ние добивме повик од страна на Стручниот Медицински пресонал без никаква емоција без да ја прашаат мајка ми дали е присутен некој до нејзе и ладнокрвно и соопштија дека Зоран починал (на 58 годишна возраст) дека морале да го вклучат на кислород дека имал сатурација 98 но срцето не издржало ни кажаа да тргне некој од семејството да си го земе телото бидејќи брат ми остана да ја смирува мајка ми и да го организира погребот јас лично тргнав по телото кога пристигнав таму првин 1 час барав по ходниците персонал за да ги известам за што сум дојден кога се појави портирот ми рече да одам со погребалното од другата страна кај подрумот и да чекам во темница на студено време во 1 часот по полноќ по половина час се појави Медицинскиот персонал кој им рече на луѓето од погребалното да се облечат во скафандери да се качат на првот спрат со лифт и дека таму ке им објаснат што треба по што ладно се изгуби по 10-15 минути се спуштија со бела херметички затворена вреќа на која имаше залепено само неговото име и презиме и неговите ствари без никаква идентификација заминавме дома телото беше ставено во фрижидер а погребот се одвиваше следниот ден во 2 часто телото беше донесено точно во 2 часот затворено и само како ѓубре фрлено во гроб болката и тагатаа беа преголеми
    Зошто во личните ствари на Зоран го нема текефонот?
    Зошто ако Зоран беше негативен со два стента на срце сеуште беше задржан на инфективна клиника зошто зоран не беше префрлен на клиниката за пулмологија каде семејството ке можеше да му даде подршка на Зоран?
    Зошто ако Зоран беше негативен не доби погреб каков доликува?
    Повеќе немам никакви прашања додека минуваа овие 21 ден болни и тажни кои засекогаш ке ми останат во сеќавање имав милон прашања (како,кога,зошто) сега имам само одговори имам одговори за сите луѓе кои минуваат или поминале на истото како мене Стручниот Медицински персонал не го уби Зоран го ДОУБИЛЕ му го украде телефонот кој му беше единствениот контакт со нас ние добивавме информации за Зоран
    КАКО МУ БЕШЕ НА ЗОРАН БЕЗ НИКАКВИ ИНФОРМАЦИИ ЗА НАЈБЛИСКИТЕ?
    Немаше никакво топол збор 9 дена дена беше препуштен самиот со себе зошто така болница е во која нема чешма за вода во која ако на болните (со температура) не им испратат најблиските ке починат за вода болница во која ако не дадеш од 100-500 денари на портирот цел ден ке ти скапуваат кесите на портирницата или ако дадеш додека да излезеш од болничкиот круг кесите ке бидат качени дали е затвор во кој те изолираат од живиот свет зошто кога сакав да испратам вредни ствари ми рекоа пази ке ги украдат зошто се краде
    ДАЛИ МЕДИЦИНСКИОТ ПЕРСОНАЛ ИМА МАЛИ ПЛАТИ ИЛИ ЈА ЗЛОУПОТРЕБУВААТ РАБОТНАТА ПОЗИЦИЈА?
    Понекогаш ве гледам на Телевизија и ве слушам бројката ви расне стравот меѓу граѓаните е се поголем кажувате како болницата е опремена и како сте спремни за вториот бран како се да е мед и млеко и си помислувам човек може да добие голема желба да се разболи но реалноста е друга хоророт е таму луѓето умираат за вода и топол збор од најблиските татко ми почина од тромб далеку е од корона жално е што моравте да го водите како починат од корона бидејќи бројката мора да расте а и стравот со нејзе нема да продолжам понатаму и да спијам мирно се додека правдата не излезе на виделина болката ми го копа срцето а солзите ми го горат лицето на мене и моето семејство позади Зоран останаа три сина три снашки три внучиња и четврто на пат...
    Им посакувам на сите луѓе кои се во иста ситуација како моето семејство а особено на оние кои се во ситуација како Зоран да останат храбри и силни...
    ПОЧИВАЈ У МИР ТАТИЧКО МОЈ...
    (1) Facebook(1).jpg (1) Facebook(2).jpg (1) Facebook(3).jpg (1) Facebook(4).jpg (1) Facebook(5).jpg (1) Facebook(6).jpg (1) Facebook(7).jpg (1) Facebook.jpg

    https://www.facebook.com/filip.trendafilovski/posts/3743423059003537
     
    Последна измена: 17 ноември 2020
    На SnowWhite8 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    3.932
    Допаѓања:
    13.740
    Пол:
    Машки
    Господине
    Венко Филипче

    И јас да се придружам кон пофалбите за нашето здравство и Вашите изјави дека ,, се е под контрола ,, коишто секојдневно кружат по социјалните мрежи. ДНО ДНА !!! Вчера ( 14.11.2020 ) во утринските часови, ни соопштија дека мајка ми починала. Да, жена на 41 годишна возраст, мајка на две деца и сопруга. Жена БЕЗ било какви претходни заболувања. На 6.11.2020 беше примена на Инфективната клиника во Штип, нема да навлегувам во детали за ТОЧНОСТА И ПРЕЦИЗНОСТА на Вашите тестови затоа што искрено, најмалку битно е во ситуацијава така да, нека биде позитивна на Covid19 и со потврдена билатерална пневмонија. На 6.11.2020 ( петок ) е приклучена на кислородна подршка повремено, следниот ден исто, се до вечерта. Од 7.11.2020 вечерта е на постојана кислородна подршка. Следните денови, недела, понеделник, вторник, среда, четврток - добиваме инфомација од самата неа дека ,, е добро, дека и кажале првите 6-7 дена е нормално сето тоа ,,. Чекаме. Во четвртокот вечерта последен пат ја слушаме во ,, добра состојба ,, ( 18:46 часот ). Под добра состојба и ,, нормално ,, подразбирам отежнато дишење на кислородна подршка. Следниот ден ( 13.11.2020 ) немаме НИКАКВА ИНФОМАЦИЈА за неа, се до 15 часот и 19 минути кога после МИЛИОН неуспешни обиди да ја добиеме на нејзиниот телефон, после МИЛИОН испишани пораки ми се јавува мене И СЕ ОБИДУВА да ми каже дека не е добро, дека може ќе треба да ја пренесат во Скопје. Да, се обидува затоа што зборовите скоро и да не можеше да ги изговори. Измачена, преплашена, изморена.
    - ,, Мамо, јас тебе не можам ништо да те разберам, добра ли си? "
    - ,, Многу сум изморена Михаела. "
    - ,, Добро мамо не плаши се, само одмори, ќе направиме се што можеме, ќе бидеш во ред ,,
    - ,, Добро. "
    Толку. Последниот збор слушнат од мајка ми. Во следните неколку часа што нам ни изгледаа како вечност се имам обидено да ги добијам на клиниката минимум 100 пати само за да добијам некоја информација за мајка ми. Со доктор се слушнав само еднаш тој ден за да ми каже дека мајка ми не е добро, дека нејзината сатурација е прениска, дека во секој момент може и да се подобри и да се влоши. ,, Јави се подоцна пак ". Се јавив уште МАЛ МИЛИОН ПАТИ од кои до одговор ме удостоија САМО 2 ПАТИ и едниот одговор беше ,, Почекај ќе разговараш со докторката, само да провериме, јави се пак ,,. Ова ,, јави се пак ,, подоцна сфатив дека им значи ,, можеби ќе ти се јавиме, можеби не ,,. И другиот одговор беше ,, Те молам, може ли да се јавиш подоцна ,,. Може. Секако. Животот на пациентите во кои е и мајка ми и кој знае уште колку мајки, татковци, баби, дедовци е многу поважен од мојата потреба за информација. Само нека биде добро. Ја продолживме вечерта со уште МАЛ МИЛИОН неуспешни обиди да добиеме некој за информација за пред 12 часот на полноќ да бидат исклучени сите линии за инфомации. Само ние знаеме како го дочекавме утрото и уште некои кои биле во наша ситуација. Во периодот од 7:00 - 8:00 на 14.11.2020 по повторно МАЛ МИЛИОН обиди да ги добиеме, докторот ни кажа дека ,, Во тешка ситуација е, има бронхопневмонија на целите бели дробови, ќе мора да се јавите до после пак за да видиме како ќе биде ,,. После еден час од мојот разговор, добивме инфомација дека мајка ми е мртва.
    Се помиривме со сето ова. Судбина. Тие направиле се што можеле, толку можеле и на телефон да ни кренат за информација Презафатени се со пациентите. Тие се грижеле за мајка ми, но не можеле ништо да направат. Сето ова беа МОИ зборови за утеха на моето семејство и зборови во кои што верував и бев сигурна. Но, знаете до кога? До пред половина час господине Венко Филипче. Додека не го зедов телефонот на мајка ми кој ни го вратија за да ги прочитам ЈАС сите утешни зборови што и ги пишав нејзе, но таа не била во состојба да ги прочита и не ги видов сите нејзини НЕУПЕШНИ ОБИДИ да го добие дежурниот медицински персонал НА ИСТИОТ БРОЈ НА КОЈ СЕ ЈАВУВААТ ЛУЃЕ ОД ЦЕЛА ДРЖАВА ЗА ДА ДОБИЈАТ ИНФОМАЦИЈА ЗА СВОИТЕ НАЈБЛИСКИ. Во прилог ќе Ви ги ставам СИТЕ повици во кои мајка ми се обидела да ДОБИЕ ПОМОШ, ДА ДОБИЕ КИСЛОРОД ЗА ДА ДИШЕ. Првите обиди се во среда ( 11.11.2020 ) од 2:45 - 2:59 КОГА СИГУРНО И БИЛ ПОТРЕБЕН КИСЛОРОД ЗА ДА ПРЕЖИВЕЕ, но секако, никој не ја удостоил со одговор, а се прашувам КОЈ мислат дека би вртел на тој број ако нема потреба, посебно не 4 пати во текот на 15 минути? НИКОЈ, а посебно не ПАЦИЕНТ кој дише со кислородна подршка. Истата вечер уште два обиди во 3:24 и 3:51. Колку вродиле со резултат можеме само да претпоставуваме. И еве сме кај клучната ноќ. После нашиот последен ,, нормален ,, разговор на 12.11.2020 во 18:46 часот МАЈКА МИ СЕ ОБИДУВАЛА ДА ДОБИЕ ПОМОШ КАЈ ИСТИТЕ ТИЕ СЕСТРИ И ДОКТОРИ СО 10 ПОВИЦИ СЕКАКО НЕУСПЕШНИ ОД 20:23 - 20:29. Да, 10 неупешни повици за да добие можност да дише. И не само тоа. Овде се и ДВЕ МОЛБИ ЗА ШАНСА ЗА ЖИВОТ СО ДВЕ ПОРАКИ од кои едната гласи ,,Ова е итно. Јави ми се. '' што била испратена како брза автоматска порака после неуспешен обид да ги добие преку повик и уште една порака ,, Боца кислород треба горе во четворката ,, - порака испратена со којзнае колку МАКА И НЕМОЌНОСТ. И после ова господине Венко Филипче, мене ми е совршено јасно зошто последните зборови на мајка ми беа дека е преморена. Јасно Ви е и Вам. Јасно ни е на сите. Мајка ми нема да ја вратиме НИКОГАШ ПОВЕЌЕ, на мајка ми никогаш повеќе нема да и биде потребен кислород, мајка ми повеќе НИКОГАШ НЕМА ДА МОЛИ ЗА ШАНСА ДА ВДИШЕ И ШАНСА ДА ЖИВЕЕ. Но, има други мајки, татковци, дедовци и баби кои ќе имаат потреба неуспешните обиди на мајка ми да се претворат во успешни. Ако ЈАС или некој друг обичен граѓанин е потребно да отиде утре во Вип и да купи телефон и број, истите да ги однесе на Инфективната клиника во Штип и да им каже ,, Еве, земете ги, овој број кажете им го на пациентите за да можат да Ве добијат во секој момент, за да не мора да чекаат шанса за живот на истиот број на кој цела држава чека информација за своите блиски. ,, Кажете ни. Ние ќе го направиме тоа затоа што очигледно Вашето ,, се е под контрола ,, убива луѓе. Ги убива душите и срцата на блиските на тие мајки кои неуспешно барале помош, тие татковци, дедовци и баби.
    * да не е се така црно, во овие 17 повици, мајка ми била удостоена со едно кревање на слушалката на 12.11.2020 во 13:09.
    (1) Facebook.jpg (1) Facebook(1).jpg (1) Facebook(2).jpg (1) Facebook(3).jpg

    https://www.facebook.com/mdovicinska/posts/2757395411190063
     
    Последна измена: 17 ноември 2020
  4. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    3.932
    Допаѓања:
    13.740
    Пол:
    Машки




    Снабдувачите очајни: Не спиеме навечер од пациенти кои молат да им донесеме кислород, сè што доставуваме се троши за миг
     
  5. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    3.932
    Допаѓања:
    13.740
    Пол:
    Машки
    (ШОКАНТНО ВИДЕО) Пациентите оставени без храна, Ковид-центарот празен!
    qwedd.jpg


     
    На cresa-jagoda и LadyMau им се допаѓа ова.
  6. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    3.932
    Допаѓања:
    13.740
    Пол:
    Машки
    Последна измена: 20 ноември 2020
  7. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    3.932
    Допаѓања:
    13.740
    Пол:
    Машки
  8. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    3.932
    Допаѓања:
    13.740
    Пол:
    Машки
  9. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски