Како направивте вие што крстивте на прв роденден? Крштевката па има простор од неколку часа за до ресторан, одевте дома , некаде на ручек или како ? За деца на кумовите што купувавте подароци?
Директно од црква во ресторан на ручек, јас има земав пижами играчка и книга дека се мали, а на кумовите пари по 100 евра
Предложете ми ресторан за крштевка во Скопје. За крај на септември некаде, значи внатре Како се цените? Од порција или претходно да нарачам нешто салати, сувомеснато, поховано и нешто месо, околу 27 луѓе планирам.
Ние правевме тој период лани, во ресторан Градина во тој помслиот дел внатре. Цена на мени 1400 денари со се пијалок од човек. Не беше лошо.. ама многу тесно и плус имаше и други продлави и некако too much беше. Ама мислам дека минимум гости им е 50 така нешто Инску на друго место кај што прашував каде каде поскапи менија и истиот муабет минимум 50 гости За твојава бројка може пример да си нарачаш обичнп како у кафана кога се оди, и за пиење кој што сака да си нарачува не знам
Здраво. Ќе правиме крштевка за брзо. Имам две прашања; дали имате некој предлог за торта со пристапна цена? И според вас дали да ангажирам фотограф. Секако ќе се сликаме од мобилен, ама не е тоа тоа. Јас можам дента да и направам слики, ама за случајни треба да ангажирам некој од фамилија а не сакам да ги замарам луѓево.
Од Кувертира имавме. И беше и вкусна и убаво направена , како за крштевка( без фондан беше, ич не сакам тоа). И фотограф , за сите убави моменти да ви ги долови.
за торта уште не сум размислила и ние ќе правиме нареден месец, за фотограф - да си ангажираш, ние имаме преубави слики од црква за големата, сега прво фотограф договорив па после се друго, мене ми е важно да имам убави слики за спомени, си ги вадам и си ги чувам во албум, старовремски
За торти моментално ми се фејворит Делиција, а фотограф обавезно да си ангажираш. Најубавите моменти што не сум ги фатила со око во живо ги имам на слики и од крштевка и од 40дена и од нова година. До сега три пати ја имаме професионално сликано за овие 10 месеци и сите три пати различни луѓе и пригоди ама презадоволна. Ниеден човек од семејството нема да направи такви профи фотографии како професионален фотограф а остануваат за спомени.
Да споделам тазе искуство со Делиција, презадоволни сме стварно. Тортата беше превкусна иако “на слепо” нарачавме вкус што не го имавме пробано (Ѕвездена). Декорацијата идентична со сликата што им ја пратив. Е јас зафркнав работа што нарачав премногу па пола остана ама си ја замрзнав па нема проблем.