Здраво девојки, нова сум на форумов па ми треба мала помош за крштевката. Имаме фотограф кој ќе дојде порано за сликање пред црква па сум во дилема: дали свечената облека на бебето да му ја облечам уште од дома за сликањето па во црква да го соблечеме, или од дома да тргне во обична облека, а свечената да му ја облечеме за првпат во црква дури откако ќе го крстат? Како сте правеле вие и што е најпрактично, фала ви многу!
Облечена беше во друго, пред крштевката ни направија фотосесија така. Го сликаа самиот чин на крштевање и после откако ја облековме свечената облека но направија уште една фотосесија во дворот на црквата. Договори се со фотографот. Ова беше негов предлог и супер излезе.
Што подарок дава кумот на крштевка? Ќе биде одвоено прв роденден и крштевка. За моето дете добив доста обемен подарок ама беше комбинација на двете церемонии, но сега би сакала нешто поскромно и нормален буџет