Ние имаме возрасни луѓе за кумови. Се договоривме да облечат бебе. Прашав што сакаат да им купиме, стандард рекоа ништо. Купив постелнини. Кумата ден пред крштевка добила "напатствија" од свекрвица, со која неизмерно се блиски и се почитуваат, па во кутија наполнила ќебе, постелнина, пижамки. Од дома што ги имала. Ми кажа што била работата- не се одело така на крштевка, ја искарала свекрва и. А, и златни обетки имаше. Фино поминавме на крштевка. Иначе, фустанот го биравме по вибер,во живо, со продавачките во окаиди.
Оди во црквата која планираш и побарај инфо што треба за крштевка. Ќе ти дадат пусуљче со информации и колку се плаќа.
Јас здравје планирам мојот дел да си го платам во црква нек плаќа кумот другото облека ќе си купам оти немаме исти стил со кумовите поклони од тука разбрав оти треба инаку немаше да купам веќе размислувам што да земам Поклон очекувам да купат затоа што ги знам луѓето какви се Се испланирав, уште да решиме кога и каде
^^ Да не си помислила без поклон да ме оставеш Низ неколку градови сум/сме крштевале дечиња . Од сите имаме добиено подароци . Се купува на кумовите
Обично во црква ,кога кумот ќе ти го "предаде" детето веќе христијанче , "треба " да го даруваш со нешто . И тоа мајката дарува . Е сега повеќето веќе надвор од црква го прават тоа . Дека веќе подароците се цели бовчи , или нешто гломазно. А треба да е симболично . Адети
Јас си купив уште една комбинација (една дотеруванка за пред да го крстат и другата за после). Они го облекоа во црква а он утепан за спиење одма заспа. Одма штом се разбуди отидов во кола да цица и да го пресоблечам дека “испотен”. Така сите среќни и задоволни
Нечу на слики да не ја бендисувам. Ептен сме различни во стил. @Bubce38 од оние малите од џамбо имам по дома, може и да не купувам
Те разбирам Ние се сликавме пред да влеземе, внатре пак долго време беше облечен и така го сликаа. При крај нели ги бањаат и после тоа има можеби десетина слики во алиштата од кумот. Е сега може и така се погоди на мојов да му се спие толку (плачеше многу) и јас со трчање отидов во кола да го сместам за спиење па немаше услови за сликање. Одма после будење значи без да го вадам од количка си го преоблеков и сликањето можеше да продолжи. Е сега ако можеш да им речеш дека ти ќе си го облечеш без да се навредат ок. Во друг случај ете ти опција, не е страшно, бришеш неколку слики и готово
Јас дома им ги давов пред одење во црква ќе требаше во хотел да ги носам па на крај да им давам вака со време ми се тргна ние дека и венчавка и на деверот и старосватот им дадов поклон во плик сите среќни и задоволни
Јас воопшто не се сомневам дека кумовите ќе го дотераат убаво, им го знам вкусот, гледам што му носат, па знам дека ќе нема утка @elcezelce фала за инфо за фотостудио и јас ги резервирав Најдов и од каде ќе јадеме, ќе дојдат со чаршафи, прибор, јадење, ќе наместат, ќе служат и на крај се ќе зберат. Чиста сметка долга љубов, ај може и ќе изџогираат Уште за фризура и шминка да резервирам, ама тоа од понеделник, бебе ми се успа