Па еве викаат дека ако се чека пред договорот за купопродажба на стан од банка, а купувачот има во кеш одма да го исплати станот, дека се плаќало по пола, и јас знам дека тој што купува си плаќа, пред 5 год. кога купував беше така, ама ете демек некоја измена поради ова сега.
Не знам што има врска тоа ама и не сум купувала стан во кеш. Мислам дека е ствар на договор и интерно, па нека се договорат дали им одговара по пола или не. Ако купувачот има пари во кеш да го исплати станот, нема да му се проблем и тие 2-3 илјади за преддоговорот.
нема правило, ствар на договор е, секогаш индивидуално, но, јас работам како адвокат, речиси секогаш сите трошоци ги сноси купувачот и адвокатските и нотарските
За тие што скоро сте купувале стан, откако ви побараа слики проценителите за колку време ви се јавија дали ви е одобрен/не одобрен?
Еве 40 квадрати, не е гарсоњера, може да извадиш една спална, имаш во сите населби. Е сега дали ти се дава 2000 евра од квадрат...
Не знам дали за Скопје прашуваш, ама за таа цена многу тешко и скоро невозможно. Последно кога гледав, 1400-1500 беа кај ФОН и во Александрија. 1300, единствено стар стан па да го реновираш, или некаде Ѓорче 2, Драчево и сл.
Не верувам да најдеш стан за таа цена моментално, ни гарсоњера не се наоѓа ниту пак стар стан да го реновираш по таа цена, ако прашуваш за во Скопје. Моментално цените се 1900 и нагоре и нема на повидок спуштање на цените за жал
Едни познаници купија стан некаде кон хиподром, околу 1000 еу квадрат во новоградба, тогаш се градеа, кажуваа дека огромни биле зградите, мислам дека зградата беше на двајца браќа градители, така нешто се викаа. Да провериш дали уште има преостанато станови.
ова ми искочи вчера, убава локација е, а за таа цена имаш и новоградби во околина на Скопје, или евентуално стар па да го реновираш. јас го земав 85.000 евра 59м2 во Карпош, ама стар.