искрено звучи како многу работа јас сум решена да пробам, слушнав многу поделени мислења и различни искуства. во секој случај фала ви се препораката у советите
Здраво девојки Што мислите за дрвените панели на ѕид наместо плочки, колку е издржливо и отпорно а и практично . Доколку имате вие или некој близок ме интересира дали сте задоволни.
@macka91 , @Feniksgirl имам амгажирано архитектка која што ме советува да одиме со потемна комбинација, нешто налик првата, маж ми сака светли бои, он сака како втората, јас веќе од толку гледање пинтерес не знам што сакам слатки маки
Истиве во живо ги имам видено кај две другарки, белата 100 пати поубаво стои, ја отвара кујната, ама секако многу значи и останатиот дел од станот.
Еве пресно инфо може ке му се најде на некој Еко дизајн струмица 800е за метар должен кујна медијапан пластифициран
Ако може да ми препорачате некои што изработуваат кујни по мерка и да не се екстремно скапи за во Скопје.
Има некој искуство со Порта ентериери ? Од куманово ги форсираат ептен а мислам не се евтини ич .. у споредба со другиве како се ?
Најдовме и мерки зема и материјал одбравме и цена ми даде. И во вторникот не откачи фамилијарни работи некои му излегле немало да можи цело лето. И еве повторно барам
Ние ќе ги ангажираме делфина мебел, така се на инстаграм потпишани. На дечко ми неговите кујната и скоро цело вц они им го имаат правено, исто и кај баба му и дедо му и се прилично задоволни. Од Тетово се дечките ама си доаѓаат си зимаат мерки се' што треба и си прават. Не се екстремно скапи затоа што не се од Скопје, ако ви одговара такво нешто побарајте ги.