Имам цел куп лабела кои си ги менувам секкојдневно... И уште не ми се доста,офф леле... Ова е добро,остава малку сјај и црвенило. Супер е. :up: И оваа е супер,и ова ги црвенува усните. :up: И да,сакав да кажам претходниот месец си нарачав еден сјај од Орифлајм,и не сум баш нај задоволна,го нарачав за посјааен ама тој е многу светол,дури и не се познава,но ете нема врска.
Јас се изненадив колку е добар од Авон балсамот од avon naturals колекцијата од мед. Значи балсам/лабело треба да помага не само да дава сјај,да хидратира... Го земав и на Балеа лабелото ама мене лично не ми помага ама баш ич. Убаво мириса ама 0 хидратанстност. ( барем на мене )
Па некаде 200 ден.Незнам точно,не ми е скоро купено,па незнам дали грешам или не,ама беше 100и нешто или 200.
Moментално го користам ова ,си го купив за да не купувам и лабело и кармин ,ама на крај и за кармин се штракнав. Многу убаво ми мириса и остава нежно црвенкаста боја.Ми доаѓа да го изедам!
Го има некој користено Тандр Кер, карамела од Орифлејм? Ефикасно е? Пишува дека е за испукани делови, па ваљда можи да се користи и како лабело
Јас го добив како подарок за Нова Година ама не е од карамела овие се со нови вкусови сега моето е мед и млеко и е преубаво.. За трајност, мене ми трае околу 2ипол часа. Ефикасно е и се користи како лабело а може да се користи и за заздравување на рани, омекнување на кожата на рацете и ноктите. Нема да згрешиш ако го порачаш а и не се троши многу брзо еве јас редовно го користам а имам уште половина Така да не му ја мисли Само мислам дека поубаво ќе биде да си го порачаш розевото што е со мед и млеко бидејќи на тестер го пробав од карамела и не ми се допадна баш..
Ефикасно е,убаво мириса и ја омекнува uстата јас имам чоколадно вакво,споро се троши така да ќе ти се исплатат тие 150 ден што ќе ги дадеш еве слика од моето а би ти го препорачала и ова само незнам дали го има во тековниов каталог
Тие од Орифлејм ги имам сите, освен тоа најновото од бадем што е. Убави се за парите. Инаку последно лабело што купив на Росал - Hydro Care. Многу ми се поубави од тие на Нивеа, зашто се помрсни.
Вечен фанатик сум на Росал лабелата ги имам скоро сите испробано и досега ме немаат изневерно. Иначе од Тендр Кер од Орифлејм го имам тоа од вишна но не сум нешто посебно воодушевена.