1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Легализација на проституцијата - Да или не?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од UnknownLadyDi, 15 јануари 2013.

?

Дали проституцијата треба да се легализира?

  1. Да

    100 глас(а)
    35,7%
  2. Не

    180 глас(а)
    64,3%
  1. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    Некои викаат да,а некои не.. вашето мислење и образложение ? :)
     
  2. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    Дали мислите дека проституцијата треба да се легализира

    Не :) Жените се создадени за восхит,убавина,ПОЧИТУВАЊЕ..нема таква сума со која би можело да се купи телото на една жена,без оглед на се.Доколку некои заборавиле на ова заслужуваат да се справуваат и со законите во државата.
     
    На Mini90, One.Day.One.Girl, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Дали мислите дека проституцијата треба да се легализира

    Да таа постоела,постои и ќе постои.
    Почитта е за дамите,а оние кои веќе не влегуваат тука треба барем да се заштитат од болести и инфекции,а пред се да не се мешаат со дамите.Така ќе си ја вршат својата работа без маска,со што ќе се намали лицемерието кое и онака одповеќе го има.
     
  4. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Дали мислите дека проституцијата треба да се легализира

    Јас размислувам вака:

    Има девојки и жени, кои од Х причини влегуваат во тој бизнис. Но важен момент е дека тие тоа не го прават со присила и терање. Има навистина има многу приказни каде што деојчиња уште од мали почнуваат со тоа. За овие кои тоа го прават доброволно би требало, барем да не му ја мислат за полиција
    но :!: (секогаш го има тоа но)
    има и девојки кои се киднапирани, измамени, по бордели, клубови, мафишаи, криминалци, кои сосема случајно влегуваат во најлошите кругови на луѓе. Е како сега за нив да биде легализирано, кога ги тепаат, мачат и згора на се и сексуално ги малтретираат, затоа да сумирам мојот одговор е НЕ, не треба да се легализира, затоа што повеќето од нас сме целосно опремени со раце, нозе и ум за да најправиме нешто во животот, без разлика на условите, ќе мора некако да се бориме сите ние.

    А згора на се, воопшто несакам да ја почнам темата за женската гордост, ја почитта која треба да се има према една жена. Затоа што безразлика на типот на живеење, сите ние девојчиња, девојки, жени и баби, сите ние од женскиот пол се раѓаме како дами, дали тоа ќе го задржиме е сосема друго прашање.
     
  5. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Дали мислите дека проституцијата треба да се легализира

    Фискални сметки да издаваат , и придонеси и даноци да плаќаат :D :D :lol:

    Секогаш постоела и ќе постои , ама како бизис или легална дејност не треба да постои . Каква порака се испраќа до општеството ако се легализира ? Дека е нешто нормално ? И дека е бизнс како секој друг ?
    Многу погрешно :puke: Тешко дека ќе можеме да се справиме со неа , ама законски да се даде зелено светло на вакви одвратни појави е според мене многу погрешно .
     
    На ariela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Дали мислите дека проституцијата треба да се легализира

    Проституцијата постоела и ќе постои. Токму поради тоа сметам дека треба да се легализира.
    Зошто мислам така?
    - Бидејќи на тој начин секоја проститутка ќе биде обврзана да оди на редовни здравствени/гинеколошки контроли.
    Кога веќе одлучила на таков начин да заработува, ем ќе профитира - ем ќе биде здрава.
    Така безбедни ќе бидат и оние кои ќе ги користат нивните услуги.
    Ова е единствената причина поради која сметам дека проституцијата треба да биде легална.

    Постои можност повторно да има нелегални проститутки, но истите и натаму ќе бидат прогонувани од државата и соодветно санкционирани.
    Така и треба да биде, бидејќи истите го загрозуваат сопственото а и здравјето на оние кои ги користат нивните услуги.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Дали мислите дека проституцијата треба да се легализира

    A ако оди на контроли , се гарантира ли здравје :?: Сексуално преносливи болести постојат не само кај проститутките туку и кај обичните луѓе , ако е заболена од некоја болест контролата не и прави некоја услуга , ризична група се . Се знае како може да се спречат , ама зар ќе ги проверуваат дали со клиентите користат заштита .
    Може дозволата за работа да и ја земат ако е заболена :D Ама пак ќе си работи . Вака сите нека ги гонат
    И кога на децата ќе им се кажува какви професии има учителка, докторка , правник итн и проститутка а :o Во многу погрешен правец би одел општествениот морал.
     
    На hermosa и irena.1 им се допаѓа ова.
  8. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Дали мислите дека проституцијата треба да се легализира

    Не сум за тоа да постои проституцијата, но кога веќе сум сигурна дека постоела и ќе постои, барем нека биде легална.
    На детето можеш да му кажеш дека постои проституцијата како професија, но и дека истата не е добра професија. Многу лесно можеш да му ги објасниш и причините поради кои е легализирана истата.:)
    Точно е дека и кај нас обичните луѓе постојат полово-преносливи болести, но ние не сме толку загрозени колку што се проститутките поради честото менување партнери.
    Ако ние правиме контроли еднаш годишно, тие ќе прават еднаш месечно.
    Сигурна сум и дека ќе се води сметка дали и каква заштита ќе користат, ако не задоволуваат одредени критериуми и тие ќе бидат санкционирани.
    Помисли во какви услови денеска клиентите ги добиваат овие услуги?
    На заштитата која ја користат, ако ја користат?
    Колку проститутки се малтретирани од своите клиенти? Некој води сметка за тоа? Се грижи за нивната безбедност?
    Се ова со легализацијата би се регулирало и корегирало.
    Тоа е моето размислување.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Aneta97

    Aneta97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    13
    Дали мислите дека проституцијата треба да се легализира

    Зависи каде во оваа нашава македонијава посебно никако. :tmi:
     
  10. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Дали мислите дека проституцијата треба да се легализира

    Јас ќе се изјаснам против легализација на проституцијата. Да, постои како појава, но како појава постои користење на тешки дроги и педофилија, па ајде да ги легализираме ако така размислуваме.
    Мислам дека со легализација на проституција на младите луѓе им се дава порака дека е општествено прифатена и дека може да се користи или работи.
    Ако речам дека проституцијата е легална, тогаш треба да прифатам дека моето дете утре може да го работи тоа, мојата ќерка или мојот син да користи услуги како да е тоа најнормална работа и нешто што е општествени прифатливо и секојдневно. Знам одам во екстремност, ама секоаш за проблемите размислувам од појдовна точка како би ми било да ги почувствувам на своја кожа и тогаш каков став би имала, а не таму некој друг тоа го прави.
     
  11. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Дали мислите дека проституцијата треба да се легализира

    Кога такво нешто се признава како нормален легален бизнис , со време ќе стане прифатена норма и нема да се гледа како нешто страшно . А страшно е !
    Како ќе се води сметка дали користат заштита ? Тоа не може да се докаже нема да им прават контрола на сред секс :D
    Во какви услови клиентите добиваат услуги ? Па ич не ги жалам за условите искрено , а конкретно за заштита мислам дека клиентите се тие кои инсистираат за без заштита . Може и грешам . Кога некој толку запнал да оди по проститутки може да си купи заштита .
    Ако некоја е малтретирана може и да се откаже од проституција.
    Сметам дека треба да си остане нелегална и да зачестат рациите и полициската контрола, бидејки има многу кои се присилно воведени а и малолетни .За да се стави ред .
     
    На Evdoxia и irena.1 им се допаѓа ова.
  12. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Дали мислите дека проституцијата треба да се легализира

    И јас сум за тоа да се стави ред еднаш засекогаш во однос на оваа тема.
    Моето размислување е такво какво што е, колку е исправно не знам.
    Здравјето на проститутките и клиентите, како и безбедноста на проститутките од злоупотреба во секаква смисла се застрашувачки.
    Мислам дека токму тоа би се променило, а проституцијата дека ќе ја снема еднаш - засекогаш, искрено не верувам.
    Тоа е најдобра солуција, но..
     
  13. Evdoxia

    Evdoxia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2012
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Дали мислите дека проституцијата треба да се легализира

    Господеее.....па зарем ПРОСТИТУЦИЈА да се легализира!?!?! :fubar: :fubar:
    Во никој случај не сум за таа (болна работа).......постојат милион професии така да проституцијата во ниту еден случај не претставува решение за опстанок на индивидуата. !!!

    А за тоа што прочитав претходно дека на вашите деца би му кажале дека тоа не е добра работа.....ахахахх па је*ига кога тоа е легализирано.
     
  14. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Дали мислите дека проституцијата треба да се легализира

    Проститутки има и ќе има.
    Ако веќе решиле да бидат проститутки, и ако знаеме дека имаат редовни клиенти, тогаш мислам дека е подобро да биде легално, за да има барем подобри услови од тие сега. Барем нема да мораат да се кријат и ќе имаат редовни прегледи, ќе се намали бројот на зарази меѓу нив.

    Наместо да се загрижувате дека децата ќе ви одат кај проститутки и ќе гледаат на незаштитен секс со проститутка како најнормална работа, воспитајте ги, и погрижете се да не размислуваат така.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  15. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    122
    Дали мислите дека проституцијата треба да се легализира

    Дефинитивно да се легализира.Во светот постојат многу земји каде е легална и одлично функционира како таква.Девојките заштитени,ќе бидат добро платени,државата данок сите задоволни.Толку
     
  16. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Дали мислите дека проституцијата треба да се легализира

    Во општеството се легализира она што е правилно ( како да се изразам :D ) многу лош сигнал се испраќа кога проституцијата се легализира . Пример во Амстердам кога ги гледав проститутиките на излози колку ми беше морничаво :puke: :puke: Замислете децата кои живеат таму , на што личи тоа , секојдневно го гледаат по улици , па оди воспитувај ти дека е погрешно тоа .
    Што е следно легализација на дрога . И наркомани има , па ајде нека се легализира ,одиш во аптека си земаш културно што ти е кеф и се шеташ хај низ центар :D
    Мора да има колку толку општествени норми и морал .
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Дали мислите дека проституцијата треба да се легализира

    Нека бре.
    Ваљда оние поштените ќе престанат да се кријат, и конечно ќе можат да се закитат јавно со професијата проститутка. Па и тие треба да живеат од нешто.
    Се надевам и данок ќе плаќаат, уште една бенефиција за Буџетот. Да не завршат ко А1.


    Наковалната ќе посредува како макро. 8)
    Унапредувањето од проститутка ќе биде старлета, со хоби `манекенка`.
     
  18. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Не знам. Не е убаво тоа да се прави. Сепак постојат и чесни начини да се заработат пари. Но, од друга страна секој има слободна волја да прави што сака.
     
  19. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Гласам ЗА легализација со цел ставање под каква-таква контрола на оваа појава, ако не може веќе целосно. Прашање до сите оние кои се против легализација на проституцијата:
    А кое е вашето решение на овој проблем кој постои со милениуми?
    :?:

    Со легализирање жените и мажите кои се бават со таа дејност поголема веројатност е дека ќе одат на задолжителни лекарски прегледи и превентивна едукација, поверојатно е дека ќе користат кондоми, ако има закон ќе може да се забрани проституирање во близина на училишта, градинки и факултети, ќе плаќаат данок а од тие пари можат да се направат многу позитивни работи. Некаде прочитав идеја данокот од младите проститутки во САД (таму е легално само во државатав Невада) да се уплаќа во здравство и образование па оние проститутки кои подоцна би сакале да направат нешто од својот живот, да можат бесплатно да завршат факултет и сл. а преку тоа полесно ќе можат да сменат дејност.

    Тоа е неспоредливо! Дрогите го уништуваат телото и психата на луѓето, а педофилите користат манипулација на мали деца за да ги наведат на сексуална активност на која децата природно не се подготвени ниту психички ниту физички. Додека проституцијата освен присилно, може да се прави и доброволно и може да се користи заштита (кондоми при сите видови на секс).
    А ако кажеме дека е нелегална тогаш тоа дава ли гаранција дека детето нема да се бави со проституција?
    Појдовната точка би требала да биде како се чувствуваат девојките, жените, мажите кои се бават со тоа! Тие се изложени, помалце или повеќе, од случај до случај на психичко и физичко малтретирање од макроа или дел од клиентите, несигурни примања (со стареење се намалува побарувачката а нема пензија на пр.), јавна осуда и тн. Ставете се во нивна кожа. И како им е на жените и мажите кои сексуално не можат да се реализираат/изживеат па некои посегнуваат кон алкохол, други кон дроги, трети кон силување, четврти кон педофилија...
     
  20. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    Ајде и јас како основач на темава да ги изнесам моите аргументи..
    Замислете кога би се легализирала, ќе се води некој вид евиденција и така тие девојки би биле приморани да одат на редовни лекарски прегледи, со што ќе се намали бројот на спб, иако од друга страна пак ќе бидат етикетирани од нашето заостанато и неиживеано општество.Јас искрено им се восхитувам зошто пред се да ја работиш таа работа треба да бидеш психички зрела личност.Таа го продава своето тело, но никогаш не ги вклучува чувствата, а и + треба да биде добар и толерантен глумец.Мора да внимава на себе, за да биде привлечна, воедно тоа ке и донесе и висока цена.Треба да имаш храброст и срце, да се родиш таков, но немаштијата е голем фактор и придонесува проституцијата да зема се поголем замав во одност на образованието.Сепак можеби и не е толку лесен начин да допреш до пари, како што изгледа.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.