Многу убаво ми изгледаат како стојат, баш ми се интересни комбинациите со нив, но јас не би носела зашто најпрвин гледам тоа што ќе го носам да ми биде удобно а не’ на +30 степени да ми се поти ногата в чизма.
Мене ми се допаѓаат на изглед,и мислам дека со нив може да се направат премногу интересни комбинации,но воопшто не ми се "носливи". Да ти се сварат нозете Не би носела.
Многу ми е де-моде. Значи воопшто не ги сакам летните чизми и мислам дека нема потреба од нив, постои балетанки,сандалчиња, полни пети, штикли и тн. Уште што нема да се измисли епа леле.
Воопшто не ми се допаѓаат. Се знае дека чизмите се за зима, жива глупост е да се носат на лето. Тоа е како да почнат да се носат зимски сандали -,-
Воопшто не ми се допаѓаат и не би ги облекла и најнова мода во светот да е, јас ке бидам исклучок и нема да носам. Се знае, чизми се за во зимо, а не во лето да се сварам
Мене напротив многу ми се допаѓаат и многу стилски комбинации правам со нив, а најчесто ги носам кон крајот на пролетта. А во врска со потењето, зарем во патики не ви се потат нозете? Па ист е случајот и со летните чизми кои нормално се изработени од доста тенок материјал и најчесто со дупчиња за да може ногата да "дише". А и за по дождливи летни денови ми се совршени и епен стајлиш.