1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лосиони и креми за самопотемнување

Дискусија во 'Тело' започната од tulip, 11 мај 2010.

  1. Belen

    Belen Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    И јас како и teddybear ја имам користено Nivea кремата за самопотемнување, и тоа беше единствениот пат кога се одлучив на тоа. Бојата што ја добиваш е вештачка, од далеку се гледа дека не е вистинска... грозно... а и ако не ја намачкаш рамномерно (што е многу тешко и проблематично) штетата е уште поголема. :!:
     
  2. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    Леле ги избегнувам лосионите за самопотемнување. Еднаш со еден се направив цела шарена. Си се намачкав јас вечерта се фино,почекав да се впие и си легнав. Сабајлето си ја гледам раката и гледам кафеави линии на мене,нешто како рѓа. Си викам што е ова?? После ми текна и одма паника дигнав како ќе го извадам. Ме посоветуваа со лимон да се тријам и стварно испадна бојата. Од тогаш самопотемнување? Не,благодарам. :)
     
  3. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Не сум користела нити пак сакам. Ден два се убави после се страшни. Една професорка во училиште ја гледам исончана до 100 (си велам кој ти знае каде била на одмор). По два три дена ја гледам целата укакана :puke: . А бе грознооооо
     
  4. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.015
    Допаѓања:
    5.919
    и јас сакав да одам на солариум дури и термин закажав , кога сите почнаа да ми кажуваат дека не ги менувале неонките (светилките) од солариумот и дека било многу штетно , ќе ми се исушела кожата ..така ме премислија .. :wasntme:
     
  5. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    јас го земав лосионот што е на jonson си ставив еднач и никогаш повеќе целата бев флеќи едвај се исчистив од него па и не излегува значи повеке ми се исплака да легнам да се посунчам на терасата одколку да ставам вакви работи кои според мене се чиста глупост а за солариум не ни помислувам
     
  6. ivabutterfly

    ivabutterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    zdravo :) Od toa sto go procitav, zakluchiv deka tie sto koristele Nivea ne se zalat mn :D
    [mod-kirilica:27v7bl0l][/mod-kirilica:27v7bl0l]
     
  7. Kristinche23

    Kristinche23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    4
    Протииииииииииив во никој случај да не си проала бидејки после 2 ндели почнува да се лупи кожаата и стануваш заникаде поубавоо солариум ништо нема да ти бибде од 5 6 7 пати hhh <3
     
  8. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Имам користено на Нивеа, и убаво е, АМА АКО ЗНАЕШ ДА СЕ НАМАЧКАШ УБАВО :!:
    А од Авон,другарка ми зема,и буквално зелена беше,а не потемнета...Т.е,зелено потемнета :D И што е најлошо,не се вади ич..
     
  9. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.015
    Допаѓања:
    5.919
    Од тоа кремовите за самопотемнување ич не сум задоволна ..незнам зошто никој не ме предупреди па дури ни продавачката за примената ( нанесувањето ) ...јас тогаш незнаев како треба ( ланското лето ) и фино си се направив како со обичен лосион ..одназад на грбот како што сум се направила без цела со прсти со стапчиња па морав да носам тенка блуза на куси ракави цело лето ..дури во август ми исчезнаа ..
    Одтогаш имам фобија од ваквите лосиони и одам во солариум еден третпан ми е доволен за да ја добијам потребната нијаснса па не е ни толку штетен солариумот ако е со мерка нели :) ..
     
  10. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Тешко дека некој ќе успее да се намачка од лосионот рамномерно, а уште потешко дека рамномерно ќе излегува бојата! така да 100% ќе се јави проблемот-шаренило на кожата! Друго што не ми се допаѓа е тоа што таквите лосиони ја валкаат и облеката, една моја другарка се беше мачкала и знам дека постојано белите (и сите други светли) маички и беа изгнасени! Тоа изгледа многу не убаво!
    Можеби постојат некои поквалитетни фирми кои имаат убави лосиони и креми за самопотемнување но сепак јас не би употребила такво средство! Подобра опција е солариумот отколку тие неефикасни лосион!
     
  11. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Еднаш пробав и никогаш повеќе :!:
    земав DOVE ,не дека е грозен,напроѕив убаво светкаше, туку ај размачкај го :lol: не иде,а имам бел тен,кога ќе видам некоја неразмачкана ко шо треба циркус ми е :rofl:
     
  12. LadyN

    LadyN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    124
    Јас па сум многу задоволна од dove кремата за самопотемнување...само треба да знаеш како правилно се нанесува. Прво треба убаво да си направиш пилинг на телото и кожата да биде добро хидратирана, потоа се нанесува лосионот со масирање и чекаш убаво да се впие, што значи не се облекуваш веднаш! Убаво си пишува на упатството на самиот производ. Кожата никогаш не ми била по мека и поубава, сите ме прашуваа каде така сум се исончала :)... само сега го барам исто на дове и неможам да најдам, па се мислам да земам на нивеа... и уште нешто, мислам дека има две нијанси, па посветла и потемна кожа, внимавајте на тоа...
     
    На chiccookie му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Garnier, Nivea, L'Oreal - креми за самопотемнување со кои имам навистина добро искуство. Го имав едно време и спрејот на Лореал, ама бре смотана сум јас за тоа, а и не знаев да го нанесам рамномерно па бев во хип хоп издание - графити на нозеве, што да ви кажувам. Да ме ставеа директно во Бруклин ќе се совпаднев со амбиентот :tmi:

    Секако дека треба да внимавате прво на тоа да правите правилно пилинг на кожата, инаку нема да имаат ефект кремиве, потоа да внимавате убаво да ги размачкате - и за крај - да си ги измиете рацете убаво, да не биде утредента работава, копав низ градина, затоа ми се вакви жолти рацете ;)

    И се би требало да е во ред.
     
  14. chiccookie

    chiccookie Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    7
    пред две години користев една од Авон и баш бев задоволна,но сега кога сакав пак да си ја земам ја немаше во последниве брошури па затоа ја купив на Dove..
    се мачкам по многу малку,секако по целото тело.. не забележувам дамки или нешто слично и задоволна сум :)
     
  15. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    За матура решив место да одам на солариум да си купам нешто за потемнување и го одбрав Dove.
    И се си беше добро се до дента на матурата кога си се избањав и незнам како успеав цела со флеки да се направам,а претходно дур си се бањав се си беше нормално.
    Срам ми беше да се појавам на матурата дотерана и со флеки по рацете и нозете,ама добро е што не се приметуваше нешто многу и од тогаш немам ништо ставано,си реков ако треба ќе се печам на сонце ама млеко никогаш веќе нема да ставам на мене а уште помалце па солариум :|
     
  16. fierce

    fierce Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    179
    За матура ја користев кремата за самопотемнување на Garnier и сите ме прашуваа дали сум била на солариум :D

    Презадоволна бев од резултатот, многу природен а сепак забележителен :) Само нормално, како што кажаа и другите, треба правилно да се нанесе и обавезно пред тоа пилинг!

    Ме нервира само фазата кога почнува да се брише бојата :worried: може многу гадно да изгледа ама не е ништо што еден пилинг не може да среди ;)

    Само не ми е јасно зошто нема повеќе од Garnier-ot?? А и Dove имам приметено дека нема? Само Nivea среќавам по маркетите :?:
     
  17. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    И јас имам користено од Garnier, промаршај на векот. и со пилонг пред тоа, и со нараквици секаде рамномерно нанесов, и по некој ден флеки како валкани ауууу, погадно нешто мислам дека нема. Викаат дека единствено од Carroten било ептен добро, и кај никој немало флека оставено, и планирав годинава да го пробам.
     
  18. chiccookie

    chiccookie Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    7
    во право си, јас овој на Dove едвај го најдов во една парфимерија а по маркетите го немаше..
     
  19. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Летово купив спреј од Нивеа. Веќе станувам досадна со нив, но again ич не сум задоволна. -.-
    Додуша јас мислев дека е бронзер, бидејќи во лето уживам да си се фрцкам со нозете, многу сум си горда на нив, али тоа да ти било спреј за самопотемнување и се зезнав самата себе. Битно парите отидоа, и се вратив пак на старата рутина за како да ми се по sexy да речам. :D
     
  20. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Ова чудо не користам и нема никогаш да користам. Одкако една моја другарка се здоби со некави чудни осипи по тело па мака виде да се излечи.
    Тоа ми е некако вештачки и помодарски и не ми се допаѓа.