1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лош татко

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Danira, 16 ноември 2014.

  1. Danira

    Danira Активен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    4
    Не знаев каде да ја сместам теамава, а ова ми изгледаше како најприкладно место.
    Како што и самиот наслов кажува, имам проблеми од семејна природа поточно со мојот татко. Веќе сум возрасна и слободно можам да кажам дека ништо добро не видовме од него. Многу е чуден, неодлучен, користи погани зборови не вреѓа сите дома кога нешто не му е по ќејф.
    Он е у состојба да ме доведе до граница на лудило за некоја нај банална работа само за да си го истера ќејфот и да си извлече сопствена корист, и притоа ич да не му е гајле за мене и моите потреби.
    Ниту придонесува дома финансиски, ниту пак се грижел некогаш и ме прашал како сум и дали ми е нешто потребно. Ги изгубив сите пријатели во последно време токму од таа причина. Истите се забавуваат по локали со коктели и чуда а јас тоа не можам да си го приуштам пошто немам пари и можам само да сонувам. Летово правевме муабет за работа, да ми помогне некаде да се вработам, бар да ми биде морална поддршка, ама не сакаше. Јас, не барам он мене преку врски да ме бутне на којзнае какво работно место, туку за некоја минимална плата од 8-12 илјади а за таму врски не требаат. Сакав самоиницијативно да побарам ама ниту знам каде а ниту како да барам. Всушност преку постов барам и совет плус од вас драги феминки. Само не ми предлагајте маркети или места каде се доаѓа во директно посредство со пари затоа што не сум умешна тука и ме фаќа паника. Мислев нешто у стил као чување деца, редење роба некаде, чистење или што и да е само да не биде без ич. Иначе сум барала начини да разговарам со него и сум му објаснувала и покрај несогласностите ама после разговорот се продолжувало по старо и ништо не се менува.
    По цели денови лежи, оди на една работа и таму скршен денар нема и не се труди нешто друго приватно да поработи со изговор дека му е понижење зошто имал петти степен (јака муда) да ми простите на израз. Мајка ми се кине од работа за да обезбеди нешто да принесе дома а овој уво не го боли и веќе со години е вака, јас неможам веќе да издржам.
    Давајте предлози каде да барам работа, ми доаѓа и факултет и се да баталам ради вакви проблеми. Језда ми останаа уште три години на факс ама џабе со вакви нервози тешко дека ќе го завршам. Особено не што чекам пари за скрипти секој почеток на година и се нервирам.
    Ве молам помагајте...
     
  2. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.749
    Допаѓања:
    60.967
    Danira сигурно знаеш, но пријателите ги бираме сами, а родителите неможеме да ги избереме!!! Тие се такви какви што се!!! Бидејки имаш татко чудак кој со ништо не ти помага во животот сврти се и погледни ја мајка ти!!! Ако тебе ти е тешко верувај неа и е десет пати потешко!!! Таа е првата на која што татко ти ќе и се изнавика кога е нерасположен!!! Ти и твоите брат/сестра, ако ги имаш треба да и бидете потпора во животот - сигурно го „трпи“ животот со татко ти само поради Вас - децата!!! Татко ти нема да го промени никој, таков ке остане до крајот на животот, но ти труди се да и се најдеш во секој момент на мајка ти, учи за навреме да го завршиш факултетот и така побрзо да се осамостоиш!!! И многу срека во барањето работа!!!
     
    На Danira му/ѝ се допаѓа ова.