Oмилена сцена како ја гледа Многу ми е мака што има толку малце епизоди , некако дали дека ја изгледав цела у еден викенд па сеа ми е празно ама што знам 13 епизоди.... Сакам многу повеке од Луци и серијава.
Најомилена серија. Плус ми се погоди со предмет што го учев,така да одеше ко песна како едното,така и другото.
Не е вистинско промо, fan-made видео е, со сцени од други серии/филмови и oд првата сезона. Ама сепак е јако.
Промо видео за втората сезона, официјално прикажано на San Diego Comic Con пред некој ден (сцените од втората сезона почнуваат од 1:30 минута).
Ја изгледав сезоната во еден здив. Што ли ќе правам со животов до 19 Септември? Луцифер ми е срце многу ги сакам со Клои Баш сакам барем еднаш да го видам Луци со неговите крилја, сигурно би бил боженствен Едвај ја чекам втора сезона
Ептен сум пријатно изненадена од серијава почекав да тргне втора дезона па да почнам да ја гледам првата и ми се допадна
Зараза е... Едвај ја чекав втора сезона. Инаку глумец како Tom Ellis ретко се наоѓа до толку да се уклопува во својата улога, Башка е секси, шармантен и ѓаволест. Одамна вака добра серија не сум гледала.
Мислам дека и до глумецот е помалку што ми остави јак впечаток серинава А баш ми се осиромаши изборот периодов,сега пак ќе имам занимација таман уште месецов дури стигне бебуш
Јас сум нестрплив чоек. Никако неможам да чекам следната епизода. Како прва епизода од втората сезона, супер беше, предобра дури. Омилен дел: Спојлер Lucifer: Why are you afraid to test my blood detective? Chloe: I am afraid of all the STDs I am going to find. Не е цитирано има мали промени во оргиналот
Па, ја загледа некој втора сезона? Мислев да се стрпам дури не излезе цела, па сите епизоди одеднаш да ги изгледам, како што направив со првата сезона, ама мајка ми излезе понетрпелива од мене, па ме натера пред некој ден да ги симнам двете веќеизлезени епизоди, па ги изгледавме. Една од ретко добрите, несекојдневни серии ми е, и баш ме интересира каде ќе одат со Спојлер мајка му заробена во тоа тело, и со тоа што му се случува на брат му што крилјата му се распаѓаат. А самиот Луцифер, како и досега, незаменлив: крајно шармантен и со ѓаволски добра смисла за хумор.
Песнава ми е асоцијација за оваа серија. Си чистам утрово и непланирано си запеав. Дури после извесно време ми текна дека е од Луцифер. На темава - со епизодите сум негде при крај на прва сезона и ужасно се надевам дека ќе успеам да ги завршам сите до крајов на месецов. Потоа ќе можам поактивно д се вклучам во дискусијата, инаку признавам - си читам сосе спојлери, со сè по список.
Јас сум ненормална во два дена ги изгледав двете сезони,имам подочњаци до уста хахах Иначее несакав да ја гледам зтоа што нели Луцифер и одма ме асоцираше на надприродни работи а не гледам такви серии, меѓутоа татко ми присилно ме седна да гледам една епп и сега ми се плаче, неможам да дочекам утре новата да ја гледам, феноменално сценаио, одлична глума на актерите, Луцифер еден и единствен амаа сега за сега фејв ми е МЕЈЗ
Оваа мајкава веќе на нерви почна да ми иде. И мислам дека има некој план, дефинитивно мати нешто и нема да ме чуди ако она стои зад се. Многу ми беше смешна епизодава, посебно со Линда, како она да е пациентот, а Луцифер психијатаротИ многу ми се смешни со Ела, па Клои уште љубоморна И врвот ми беше со тој осомничениот во станица
@Tiki-lolipop јас мислам вистина е она за мајката шо рече Јуриел, дека сака да оди дома и да го придобие татко му и дека то би било лесно или шо знам ти како, зошто реално има шарм и за да го постигни то лично мислам дека се шо можи ќе искористи да му го привлечи вниманието. Ама нели, само претпоставка, неможам да ја замислам со подлабока мисија. Јас претходната недела дали во пмс бев или развив подлабока врска со Клои, ама ја скапав плачење за татко ѝ, а обично епизодите од оваа серија ги чувам за на крај да ме релаксират.