1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонска берза АД Скопје

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mrs.Brain, 2 мај 2017.

  1. Mrs.Brain

    Mrs.Brain Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2017
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    3.622
    Пол:
    Женски
    Прилично долг период се мислев дали да ја отворам темава или не и каде да ја сместам. Конечно собрав храброст и решив.

    Колкумина од вас се заинтересирани за тргување со акции?
    Дали тоа го гледате како начин на заработка?
    Дали би се осудиле да почнете со тргување на хартии од вредност т.с. акции?
    Што мислите за нашата берза и нашиот пазар?
    И дали вие би сакале да станете брокер и зошто?

    Јас би сакала да тргувам со акции и кога би имала пари веднаш би купила акции. Најсигурни ми се акциите на Алкалоид, но за тоа треба новчаникот добро да ми тежи. Мене ми е интересно сето тоа постои голем процент за ризик знам и не ми изгледа некако досадно.
    И јас да, би сакала да станам брокер ако не направам ништо со акциите но не знам дали има работа и колку се платени.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Anacid

    Anacid Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    2.429
    Пол:
    Женски
    да и ја би сакала да знам малку повеќе за овие работи но за жал нема кој да ни коментира ...
     
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Македонската берза стои.
    Не се исплати да затвараш пари.
    Па и брокерите се неискусни и шкрти на совети каде да ги пласираш парите.
     
  4. Mrs.Brain

    Mrs.Brain Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2017
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    3.622
    Пол:
    Женски
    Во минатото цените на нашите акции биле многу повисоки за разлика од сега.
    Кога сакаш да си купиш некој акција пример сакам од Стопанска банка и јас одам во банката и им велиш ми треба брокер, тие те контактираат со нивниот брокер и ти преку него договараш да купиш акции колку акции сакаш и по која цена . Брокерот си зема и провизија за тоа.

    Во годината фирмата објавува три извештаја за напредувањето на претпријатието, според тоа ти гледаш дали ќе ги продадеш акциите или ќе чекаш нивната цена да порасне.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Јас немам такво искуство.
    Склучив договор со брокерска куќа,им кажав идеа од чии акции би сакала да купам и за два -три дена ми се јавија да ме прашаат дали ја прифаќам одредената цена.
    Провизија земаат.И од купено и од продадено.

    Ако продадеш акции,без разлика дали си оатварил добивка,мора да пријавиш во У јП..ради данок.
     
    На Anacid, cresa-jagoda и Mrs.Brain им се допаѓа ова.
  6. Mrs.Brain

    Mrs.Brain Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2017
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    3.622
    Пол:
    Женски
    Моментално поседуваш акции?
     
  7. CarrieBradshow

    CarrieBradshow Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2020
    Пораки:
    401
    Допаѓања:
    271
    Пол:
    Женски
    2021 веќе.. Дали сега има повеќе детали околу оваа тема? Ептен ме интересира, а незнам од кај да дознаам повеќе информации..
     
  8. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Не е точно ова. Данок се плаќа единствено за дивиденда, а тоа ти го средува самата компанија. Данок на капитална добивка нема.
     
    На Lemon му/ѝ се допаѓа ова.
  9. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    1.724
    Пол:
    Женски
    https://www.mse.mk/
    работите не се нешто многу сменети
     
    На CarrieBradshow му/ѝ се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Ти во ПДДГП мораш да ги пишеш.
    А дали ќе те оданочат , нивна проценка е.
     
  11. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    1.889
    Не сум тргувала ама ми нема никаква логика да се плаќа данок. За персонален збориме, 10% ? Па ако е така скоро сите што тргуваат ке се во минус, 10% во добивка не се оди така лесно на наша берза, а секако за да си после данок во добивка треба продажната цена ти е повисока со повеке од 10% од куповната. А и плус провизии за брокери...
     
  12. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Неточно. Имаш тргувано? Може да ми посочиш закон, правилник, договор за берзанско со банка, каде го има ова? На што го базираш тврдењето?
     
  13. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Тоа што наводно го зборува референтката е данок на капитална добивка и тој се пресметува само на позитивна разлика меѓу куповна и продажна цена. Ако имаш 5% разлика, ќе платиш процент само на тие 5%. Кај нас данок на капитална нема, исто како што нема данок за штедна камата. По Европа има. Данок за дивиденда оди под персоналец, сосем различни категории се.
     
    На Lemon и ForeverYoung им се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Да.
    Имав акции во Топлификација и ги продадов преку брокер.
    Од таму знам дека треба да се пријави добивка;)

    Секоја одтварена добивка во текот на фискалната година треба да ја пријавиш...освен личниот доход за кој кој плаќаш даноци:).

    Со години работам со даноци.

    А ти си тргувала со акции?
     
  15. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    И колку данок ти наплатија?
     
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Не ми наплатија, затоа што акциите ги купив по 1400 а ги ородадов во зорт кога купував стан за 1250.

    Кажи една држава каде не се оданочува добивка
     
  17. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Македонија до 2023. Буквално на страната на УЈП ти пишува дека нема капитален данок до 2023, кога пак ќе биде разгледана можноста за продолжување на праксата.

    Капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд не се оданочуваат со данокот на доход до 31 декември 2022 година.

    http://www.ujp.gov.mk/mk/fizicki_lica/category/123
     
    На Lemon му/ѝ се допаѓа ова.
  18. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Твое си е да мислиш како сакаш.

    И разликувај данок на дохпд од други даноци ..ако веќе си економист
     
  19. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Добро ајде сподели закон, сподели линк од УЈП, линк од банка, каде е назначено дека се плаќа данок на капитална? Велиш дека се занимаваш со даноци, срамота е да се бламираш вака.
     
  20. CarrieBradshow

    CarrieBradshow Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2020
    Пораки:
    401
    Допаѓања:
    271
    Пол:
    Женски
    Жално