1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонски имиња и грчки еквиваленти

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Miro91, 23 јули 2018.

  1. Miro91

    Miro91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    54
    Здраво до сите!

    Мојата прабаба е родена во Грција исто како и дедо ми, кои заедно пребегаа во војната '48 во Скопје. Мојата прабаба се викаше Звезда. Сега, поради превод на изводи од македонски на грчки, кои ми се потребни за некои службени постапки во Грција, не знам како да го преведам името на грчки, односно како би било грчкото име. Мојата прабаба е родена некаде 1800 и некоја година, дедо ми 1896, и тогаш веројатно и немаше грчки документи за наши луѓе во Грција, тогаш уште беше Турско време. На грчки буквалниот превод на зборот ѕвезда е αστέρι (астери) па оттука се издвојуваат женските имиња Αστέρω (Астеро), Αστρούλα (Аструла) итн. Има, во поново време и Στέλλα (Стела; од латинскиот збор за ѕвезда stella) ама тоа ми звучи премногу модерно за една баба односно прабаба да има такво модерно име. Македонските имиња да ги преведам со грчки букви нема да има смисла затоа што луѓето беа родени во Грција и Грција смета дека тие се Грци и очекува да се пишат со грчки имиња во документи преведени на грчки бидејќи местото на раѓање е Грција. Ако некој има некоја идеја или сознание во врска со ова, нека ми пише во коментари. Благодарам однапред!