1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Марш за правата на лица со попреченост 9.8.2021

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од WildMk, 3 август 2021.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    БИДИ ХЕРОЈ, ИЗЛЕЗИ И ИЗБОРИ СЕ ЗА ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ

    МАРШ
    Време: 19 часот
    Дата: 09 08 2021, пред Влада на
    Македонија, маршираме до
    Собранието на Македонија под мотото; БИДИ ХЕРОЈ, ИЗЛЕЗИ И ИЗБОРИ СЕ ЗА ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ

    Почитувани,
    Со овој настан под мотото, БИДИ ХЕРОЈ, ИЗЛЕЗИ И ИЗБОРИ СЕ ЗА ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ,
    бараме поддршка од вас за остварување на правата на еднаквост, достоинствен живот и активно вклучување во целокупниот економски, културен, општествен живот на лицата со попреченост. Нам овие права ни се гарантирани согласно сите меѓународни конвенции и Уставот, меѓутоа поради невидливост во системот, остварувањето на овие права не е прилагодено на нашите потреби и можности, како лица со попреченост.
    Се надеваме на поголема инволвираност од Ваша страна како систем, бидејки според сите Конвенции, ЕКЧП, прашањето на попреченоста е и политичко прашање.
    Исто така напоменуваме после одржаната средба во Владата, претставниците од Владата по одржаната средба побараа да издвоиме три приоритетни барања.
    1 БАРАЊЕ
    Покачување на додаток на попреченост од 7.100 на 12.000 денари.
    1.1 Посебниот детски додаток да се покачи од 5.100 на 10.000 денари.
    1.2 Додатоците да се изедначат со минималната плата во Државата во следниве 2(две) Години.
    2 БАРАЊЕ
    Симнување на границата од 26 на 18 Години.
    3 БАРАЊЕ
    Регистар за лица со попреченост, дневни центри и центри за рехабилитација.
    ЦЕНИМЕ, СЕГА И ВЕДНАШ!!!
    Македонија ја има ратификувана конвенцијата на правата на лицата со попреченост на ОН во 2011 година, по што е должна да ги оствари преземените обврски за гарантирање на правата на лицата со попреченост
    1-Гарантирање на соодветен стандард на живот за лицата со попреченост
    Комитетот при ООН за правата на лицата со хендикеп по основ на имплементација на член 28, став 45 посочува со цел да се гарантира соодветен животен стандард на лицата со попреченост, преку компензации во форма на паричен додаток кој би овозможил лицата со попреченост да можат да ги покријат трошоците поврзани со попреченоста: државата да ги укине одредбите за лицата со попреченост кои според возраста ги квалификува да пристапат до социјални бенефиции, да алоцира одредени парични додатоци и надоместоци за децата со попреченост: да обезбеди итна материјална помош за биолошките и згрижувачките семејства, како и препораките од член 19 став 32, да усвои мерки преку кои ќе се осигура дека лицата со попреченост имаат законско право на доволен личен буџет за независно живеење, да ги земе во предвид дополнителните трошоци кои се однесуваат на попреченоста...Од овие причини, бараме зголемување на износот на СИТЕ ДОДАТОЦИ ПО ОСНОВ НА ПОПРЕЧЕНОСТ КАКО И ПОСЕБНИОТ ДЕТСКИ ДОДАТОК. Истовремено, да им се овозможи можност да ги покријат трошоците кои се поврзани со попреченоста (вклучувајќи и не ограничувајки се на лекови, суплементи, физикална терапија, сензорни соби, помошни помагала и слично, соодветно на состојбата и возраста на лицето), а и да можат активно да бидат вклучени во целокупниот општествен живот (што вклучува транспорт, влезници/котизации, финансиска можност за негување на интереси и хобија).
    ВРЕМЕ Е...
    БИДИ ХЕРОЈ, ИЗЛЕЗИ И ИЗБОРИ СЕ ЗА ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ
    Со почит
    Коалиција Менуваме

    д.jpg
     
    На Milobebence и venus♡ им се допаѓа ова.