маскарата од авон што вибрира ќе ја има во кампања1 во 2011 година значи одма после нова година,а сега во кампања17 ја има како демо производ и чини околу 370 денари можат само претставници да ја порачат и тоа само 1-на количина, оние кои што се претставници ќе ме разберат, мислам?? а во кампања 1 ќе биде околу 460 до 500 денари
Вчера ја купив оваа маскара, рековте дека на Мис спорти биле убави, 150 денари, и да ви кажам немам зборови. Навистина е многу убава, ги издолжува трепките, убаво ги витка, се нанесува перфектно ради четчето. Ете, ефтино, и убаво, нема што
Кате од кај ја зема? Зашо страв ми е да не земам од негде кај што стоеле цело време па да ми биде исушена
Се извинувам, се ми е розево мене , оваа е точно, изгледа тоа им е ново пакување, ова со посветло и потемно им е постаро и го нема на нивната страна веќе. А сепак изгледа се работи за промена на амбалажата, пошто исто пишува. Jaс си ја зедов од Дива, Прилеп, на декларацијата пишува датум на производство 07.2010 ја ставив точно која е, значи барај ваква нема шанси да е стара, па убава е, влажна и навистина убаво прави, маана си нема.
јас да ви кажам си купив мис спорти и воопшто не без задоволна. Ми стоеше старата од Мејбилајн и на едното око си ставив од неа, на другото од Мис Спорти и имаше неверојатна разлика. Спорти само ми ги истакна трепките, а Мејбилајн им даде густина волумен, ги направи неколку пати поголеми. Па сега вие видете. Како што кажав и претходно во темава, за мене кралици на маскарите се Мејбилајн и Лореал
A бе фала Богу Сеси, кога се со цените голема разлика, ама мене ми се трошат брзо маскарите, секој ден ставам, па зошто да немам една поефтинка, пообична, инаку од Севентин користам еве редовно за излегување во викенд, оваа секојдневно. Да од Голден роуз, да оваа, мене ми се исти. И плус ако не пробам нема да знам
Од севентин маскарите се ужас, не вредат за парите воопшто. А и јас ставам секој ден, ама големи се маскарите по 12мл, така да кога ќе видиш пак исто ти доаѓа дали ќе купиш маскара од 7мл за 150ден или од 12мл за 320ден
Сеси, не може исто на сите се да му биде. Јас ја користам долго време оваа маскара и ми е добра, витка, издолжува, дава волумен, плус е водооотпорна, од сите досега сум најзадоволна. Е сега, можда Мејбилајн се подобри, ама ете, мене и оваа ми е прва лига Секој има разни трепки ете
^^ Баш таа ја имав, и зажалив од првиот момент што сум ја купила, а околу 300 ден беше. Што да кажам за маскарите од Авон, многу се добри, посебно супер шок- ама за севентин и други го делат моето мислење. Како и да е, немам намера да убедувам, како што кажа ти си задоволна, само пробај некогаш маскара од мејбилајн и ќе зборуваме
Ja користев маскарата на мис спорти една розева со сино капаче. Многу убави ги правеше трепките ама работата е: лесно е да кажеш, ај извади ја-да те видам
Користев на лореал до пред месец дена, ама мене лично не ми одговараше, сега си купив менхетен и супер е, многу сум задоволна и не верувам дека ќе ја сменам во брзо време
False Lash Effect i 2000 calorie на Макс Фактор- првата кошта околу 800, а втората 450 денари. Феноменални се и вредат за секој денар!
да да и јас сум презадоволна од неа ми ја дадоа како подарок со маскара од max faktor ама испадна дека подарокот повеќе ми се погоди хахахахха
Ги имам испробано скоро сите маскари од најскапа до најевтина...авон и орифлејм ми се катстрофа...од орифлејм маскара ми се затвори окото Нејќам да ги смислам а не да ги ставам на очи.. Од авон ми ја препоручија супер шок поодамна...ама кај мене воопшто немаше никаков ефект... Имам нормални трепки не многу долги а густи...значи никаков проблем немам! Со задоволоство ви ја препорачувам мејбилајн ( подобра маскара амин )...Ги црни ептен...ги издолжува...ги витка...just perfect...I love Maybeline!! ( значи реклама направив )
Користам маскара Golden Rose Ultra Volume x4 Еднаш си купив две маскари од Авон, задоволна бев и брзо ги потрошив. Сега си ги чувам и ги користам четкичките од нив само со маскарата Golden Rose. Оваа е за поголем волумен и густина на трепките, а оваа за издолжување и виткање на трепките. Супер комбинација