Не, баш заради тоа ја земав водоотпорната верзија и не ми се размачкува воопшто. Мене тоа со Sky High ми се случуваше само па ја баталив. Пред да ја купам lash sensational ја користев L’Oreal Panorama, пробај ја таа не се размачкува.
Здраво фемининки, планирам за свадба да носам леќи но не знам дали шминкерката воопшто да ми става маскара? Што советувате да правам?
Јас носам леќи 20 год речиси. Маскара, сенки, тушеви се ставам и вештачки трепки за пригоди. Никогаш до сега не сум имала проблем за ништо.
Ја пробала некоја оваа? Maybelline Colossal Bubble Дали се пресликува? Вака ефектот ко што гледам по слики и видеа, баш ми се допаѓа.
Морав да го пофалам малово чудо секакви маскари пробував и никако да ми се погоди една да не ми ги лепи трепките и да ми даде саглам волумен и еве ја зедов оваа скроз случајно без големи очекувања а цена беше скроз смешна а ефектот е топ... Препорака од мене,месец дена ја користам и ми е супер
Ја купив маскарава и не ми се допаѓа. Четката е убава, ми се допаѓа како ги издолжува трепките. Дава сличен ефект како Лореал Телескопик маскарата, ако ја помните од времето. Не остава многу build up на трепките дури и после втор слој, ефектот е нежен и навистина повеќе ги издолжува и раздвојува трепките. Не дава некој екстра гига мега волумен, туку онака суптилно се добива некаков волумен со самото тоа што ги раздвојува трепките. Се пресликува многу, мислам дека два пати да трепнам, ќе личам на панда. И доста тешко се чисти, дури и со маслен чистач. Остава некоја трага, одвај ја дочистувам. Не знам дали би ја купила пак, сепак Falsies што ја пофалив пред некое време повеќе ми се допаѓа. Следна би ја купила онаа на Лореал, во розова металик тубичка. Па да видиме дали ќе ја биде или не.
Ја купив на Макс Фактор 2000 калори, се покајав толку пари за сува маскара,не ги издолжува трепките ниту се приметливи.
Предлог за водоотпорна маскара, убаво да ги прави трепките? Обичните на Есенс сите ми се супер, ама водоотпорните воопшто не ми се допадна ниту една. На Лореал и Макс Ф. има некоја конкретно?
Не знам за лореал и макс фактор, ама јас сум задоволна од maybelline lash sensational - waterproof. И класичната верзија од оваа маскара е топ.
Пробај ја плавата на катрис, ја имам и таа користено, солидна е. Исто и на голден роуз златната би ти ја препорачала, не е водоотпорна ама многу убаво изгледа на трепките. Другарка ја користи моментално и презадоволна е, она нема густи трепки воопшто а со маскарава доста волумен добива, дури еднаш ја прашав дали има залепено вештачки хаха Мада мислам дека има и водоотпорна верзија, ама не сум сигурна.