Кажете некоја маскара за моите големи и густи трепки(од авон и орифл.никако)зошто кога и да ставам тие место да се подвиткаат на нагоре или пак да си стојат како што ми стојат свиткани до веги,тие ми пагаат надолу некако како право да стојат .
Кој и да го купиш од Max Factor ќе бидеш задоволна ,за мене тие се најдобрите маскари.....(и продолжување на трепките и одличен волумен) И на Maybelline жолтиот не е лош тоа ти е поевтина варијанта
Линн баш сега погледнав, во овој број ја нема посебно да ја купиш, понудена е како комплет со лак за нокти и дијамнтско моливче за очи (по мене доста добра понуда) за 400 денари. А вообичаено мислам е негде накај 300 денари, не ме фаќај за збор.
Да, сега прочепкав и видов. Многу добра понуда. Можеби ќе ја земам. Туку сакав да прашам, маскарата за густина на трепките е или за издолжување? Јас имам долги трепки но ми треба густина.
Super Shock Mascara од Avon. Многу е добра, накај 300-400 ден. а баш сега е на попуст 400 ден. таа маскара, лак и креон. Не ја пропуштај понудата, јас си порачав
прифатлива цена, а супер квалитет, дури и ефтини се(350-400 мислам се) за резултатот кој се постигнува - мејбилајн маскарите дефинитивно!
Имам два пати купено, додека чекав да ми стигне маскара од Авон. 100 денари е, а ми се допаѓа ептен, посебно четкичката. Моментално користам:
Лореал !!! Најдобра е! Околу 1000 денари е можеби и поефтина да е 800-900ден ... А за нешто поефтино Super Shock - Avon И јас баш ја имам пробано!! Стварно е добра!!!! Трепките ти ги прави фантастични!
Mенди, пофалби/поплаки за маскарава ? Гледам си пишала дека ја користиш, а јас ја меркав, ме привлече тоа четкичето.
Мене ми е многу грда оваа, мислам дека за ништо не ја бива. Голден роуз имаат убави маскари и баш им се приступачни. Онаа црвената е убава маскара. Јас и сестра ми таа ја користиме.
Јас користам маскара од Golden Rose и сум презадоволна, за 80 денари е повеќе од одлична. А маскарате од Авон ич не ми се свиѓаат. Ги имам користено Shock и катастрофа беше, после тоа си порачав Super Curlicious, и таа ок ми е, само за тие пари можам да најдам каде-каде подобра маскара.