и мене воопшто не ми се допагаат маскарите од авон ни орифлајме,катастрофа се па мајка ми само ги куфа и за џабе...пагаат клепките катастофа а па ако те зачеша окото толку од маскарата Единствена маскара шо ја сакам е Максфактор Нема подобра дури не можеш со тоник да ја извадиш од што е трајна и јака
оваа е многу убава ,јас ја имам ,ја купив окулу 8 евра ,инаку ја има и во Македонија а јас ја купив кога бев кај тетка ми во Австралија
Јас ја имам користено лично мене не ми се допаѓа.. Имам нарачано многу маскари од Авон со светки, за волумен за ова за она и ни една ми се нема погодено, нема врска со тоа што е напишано таму
^Од маскарава страшно ме печат очите и ми поцрвенуваат понекогаш, а и многу ми е воденаста, ич не сум задоволна од ефектот.
Овие две на голден роуз што ги фалите, не сум задоволна од нив, а очекував да бидат добри. А сега користам една на Maybelline, не од овие што ги постирате, друго беше, подарок. И од таа сум задоволна, сега за сега, ама сепак ќе си пробам други додека нема да имам потреба за замена.
Juicy дали ја имаш пробано Colossal Volum (жолтата) од Maybelline? Маскарава ми ги издолжува трепките повеке од некои други што се за таа намена. Од ниту една друга маскара ми се нема случено трепките да ми удираат во капакот.....
Манијак сум за маскари, колку само можат да го изменат изразот на лицето, очите... Ова ми е најновата и сум презадоволна, неверојатно е тоа како задржува кога ке ги навиткам трепките со навиткувач. Дефинитивно на прво место е од сите кои сум ги употребувала до сега (а сум употребувала многу, од авон, орифлејм, голден роуз, мејбелајн, лореал... )
MAC до сега немаше во МК. Почна некој да увезува или од странство ти е? Знам дека во Солун има МАС продавници...
Не е оригинал оваа што ја имам јас, бидејки е купена за само 3 евра. Фалш или не, мене маскарата многу ми се допага.
СЕкоја маскара ми одговара, но не одма од кога е купена. Не ги сакам така течни. Кога е посува поубави ми ги прави трепките. Сега користам од Авон и добра ми е.