(KIKO)Моментално оваа ја користам и ептен убави ми ги прави трепките а беше само 4 евра... Имам ретки трепки и не толку долги, така да ретко ептен ми се погаѓа некоја маскара
Дали некој знае некоја подобра маскара за подолги трепки,сите велат дека макс фактор се најдобри, ме интересира дали повеќе време траат, бидејки јас на 1 месец купувам и многу ми е 800 денари за еден месец за маскара бидејки секој ден ставам маскара
На Maybelline се добри а се доста евтини 350-500 така нешто отприлика зависи кој вид од нив И јас ставам често маскара користам на MaxFactor 2000 calories па ми трае 4-5 месеци,иако е познато дека брзо се сушат.
Дали некој ја има користено маскарава на Maybelline? Според четкичката ми изгледа одлична Ми треба нова маскара во скоро време,па се интересирам за оваа сега Некој?
Маскарава од AVON 2 години сигурно ја користам, и навистина ми ги згуснува и убаво истакнува трепките, не би ја менувала барем сега за сега.
јас ја имам моментално.мене ми е преубава како и сите од maybelline.ја имам негде 3 месеци и воопшто не е засушена
И јас ја користам оваа ама жолтата маскара од maybelline ми е поубава бидејќи е погуста и подолго време се задржува на трепките . Оваа поретка е за разлика од нејзе .
На Maybelline се добри а се доста евтини 350-500 така нешто отприлика зависи кој вид од нив И јас ставам често маскара користам на MaxFactor 2000 calories па ми трае 4-5 месеци,иако е познато дека брзо се сушат.[/ Благодарам. А колку чини таа маскара и колку време би се користела, бидејки ставам секој ден
И јас сум презадоволна од маскарава.....за таа цена (150 ден) е преубава....сега за сега не би ја менувала!!!
Пред некој ден спомнав дома дека немам маскара и дека сакам да купам една на Голден Роуз да ги пробам. Сабајлево станувам и оп сапраис маскарава ме чека на маса Вагда е добра пошто приметив дека баш оваа ја изнафалифте.
На Мис Спорти се океј маскарите, мада мене малку ме зачешуваат очите понекогаш. И ако имаш трепки што се прави, нема баш да ти ги извиткаат. Ефтини се за тие пари, ама земи си на Голден Роуз поубаво.