1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Матеја Матевски

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од pupi.girl, 26 декември 2011.

  1. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски
    Матеја Матевски (роден на 13 март 1929 година во Истанбул) е поет, литературен и театарски критичар, есеист, преведувач. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел во Македонската радиотелевизија како новинар, уредник на културните и литературните програми, потоа како главен уредник и директор на Телевизија и генерален директор на Радиотелевизија Скопје. Ја вршел функцијата претседател на Републичката комисија за културни врски со странство и член на Претседателството на СР Македонија. Бил уредник во книгоиздателството „Кочо Рацин“. Предавал Историја на светската драма и театар на факултетот за драмска уметност во Скопје. Бил уредник на литературните списанија Млада литература и Разгледи. Од 1956 година е член на Друштвото на писателите на Македонија и одреден период ја вршел функцијата негов претседател. Бил претседател и на Советот на СВП, на Рациновите средби и на Македонската книжевна фондација, како и почесен потпретседател на Македонскиот ПЕН центар. Дописен член е на северноамериканска Академија на шпански јазик.
    Матевски е член на МАНУ и беше негов претседател во периодот 2001 - 2004 година.


    Делата на Матеја Матевски
    година жанр име на делото
    1956 Поезија “Дождови”
    1963 Поезија “Рамноденица”
    1976 Поезија “Перуника”
    1977 Поезија “Круг”
    1980 Поезија “Липа”
    1985 Поезија “Раѓање на трагедијата”
    1987 критика и есеистика “Од традицијата кон иднината” 1987 театарска критика и есеистика “Драма и театар” 1990 поезија “Оддалечување”
    1992 поезија “Црна кула”
    1996 поезија “Завевање”
    / критика и есеистика “Светлината на зборот”
    1999 поезија “Мртвица”
    2000 поезија “Внатрешен предел”


    Дали може некој/а да ми погодне во анализата на Ѕвона




    Ѕвона


    Некаде ѕвони. Некаде далеку ѕвони.
    Звуците се бранови на ветерот
    низ тревите подгонети.

    Некаде ѕвони. Продолжително остро и нежно.
    Глуво е сè. Сал ритамот
    плиска по брегот на железото.

    Некаде ѕвони. Шибни ме високо и бездно.
    Бегајте низ кавезот звучен
    глуво и безнадежно.

    Некаде ѕвони. Малечок ѕвонам и врискам.
    Сè е затворено. Опчинет
    за звуците сум виснал.

    Некаде ѕвони. Удри ме. Колку сум храбар а питом.
    Време, удри и ти по споменот
    грубо и незаситно.

    Некаде ѕвони. Премногу дамна и сега.
    Сè боли, небо. По тревата
    на звуците познати легни ме.

    Ако има некој таков слободно нека напише анализа која ќе биде од корист и за останатите членови ако им притреба некогаш :) :) :) :)
     
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Во книгата за матура го имаш типов. Овој беше тој со зрната, или не? :?:

    Инаку песнава се сеќавам беше за неговиот роден крај, па сега ти продолжи си понатаму. :D
     
  3. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    ^Мислам дека, ама не сум сигурна. :D

    Езеро

    По години и сништа многу
    повторно се вратив
    на езерово
    со слатки води
    залутано во скутот на ридовите

    Дијамантот на сонцето
    уште длаби

    Не камен на неговото дно
    ни трева грло што си крие
    под брановите
    ни птица грабеж див што носи

    Око сум само око на сонцето
    што му ги ниша водите
    стари

    О оставете ме крај ова езеро
    оставете ме крај езерово
    крај горчливово
    оставете ме мртов

    Јас сум фасцинирана од Езеро и се нервирам што не бев испрашана за неа. Немаше да има потреба за друго да зборувам.
    Сепак, во глобала владееше мислење дека на кој му се падне за испрашување ќе биде: седи, единица. :D
    Како ја обработивме, ја истумачивме..
    Не секој збор, туку секоја буква од зборот ја обработувавме. Убаво за на час, многу корисно и интересно, ама иди памти да те видам кога ќе станеш за оценка, а ни малку не ти е до тоа. :D

    Мојата генерација ја имаше честа да биде дел од публиката на теарска претстава каде се обработуваат дел од песните.
    Никој од нас не очекуваше нешто такво. Останавме сите збунети и со подзинати усти, а кога не мавна по глава фактот дека тоа истото, следно полугодие ќе го обработуваме, на сите ни се сврте во памет. :wasntme:
    Благодарение на режисерот (исклучитено паметно човече) ни се разјаснија многу работи. Дел од кредитите што одвај чекав да го работиме Матеја Матевски му припаѓаат сигурно нему.
     
  4. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Мислам дека песната Ѕвона беше за неговото детство и неговиот роден крај.. :?:
     
  5. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Залез

    Румено Румено Румено

    Како занесена песна
    во синото море
    на горите
    тоне
    залезот.

    Од тревите до кавалот
    од стадото до облакот
    сè е бујно
    запалено.

    Од градите до песната
    од чекорот до чешмата
    сè е чудно
    разгалено.

    Стадо в кавал заљубено
    ѕвоно в песна изгубено
    око в божур залудено

    Румено Румено Румено.

    Да, мирот и спокојството се во природата. Само под сонцето, крај зеленилото и прекрасните води ќе се осознаеме себеси и ќе се помириме со нашата минливост како дел од вечноста. Матевски се соживува со природата, тој е воодушевен набљудувач кој станува дел од неа. На крајот, посакува, слично како Миладинов, својот мир, своето вечно почивалиште по сите животни перипетии и искуства да ги заврши дома - дома крај езерото, дома во природата.
     
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.065
    Допаѓања:
    11.214
    Еден од најдобрите наши поети.